проработе финтава , но на саат време се буди заради болки и проблеми со столицата, па повторно морам да го успивам , но важно ова со часовникот, водава, работи...
а што се однесува со глистите не гледам да ги исфрла и денес нагло му се наду стомакот сега приметувам
утре ке се јавам на ветеринар, ако може некој да ми го даде бројот од ветеринарот од капиштец што сите го фалат, Диме мислам се викаше...
Ти реков дека финтата со часовникот ќе даде резултат
Инаку во врска со глистите би ти препорачала да се консултираш со ветеринар.
Диме е одличен ветеринар, најдобар во Скопје, и ти препорачувам утре со кученцето да одиш кај Диме за да го прегледа и да ти даде точно упатство во врска со прочистувањето од глистите.
Фиксниот телефон од Диме е тој што го напиша Ивана погоре, а еве ти и негов мобилен 070/234-323
E да, оваа финта тие 100% ефикасна (за часовникот мислам, кој во комбинација со шише со вода е супер), не знам зашо не ми текна да ти ја напишам, знам татко ми ја има користено истата метода, али за тоа со плишана играчка не мислам дека е во ред... ќе почне да ја гриза и све тоа, а животињата нема да му враќа, така да мислам за почеток дека метод со плишана играчка баш и не е најдобар, посебно не за малечок пит бул.
Па кученцето било старо 35 дена, нема којзнае колкави заби а уште помалку сила за да ја гризе играчката.
Баш во првите неколку дена се препорачува да има некаква играчка кога спие кученцето за да си мисли дека има друштво и да не се осеќа осамено
Кучето е 2 месечна сибирска хаска.
Дневно давај му 4 до 5 оброци од по 10 грама кучешка храна.
Ако му е тврда кучешката храна, натопувај му ја со супа или јогурт и прави му ја како кашичка.
Здраво на сите!
Нов сум на форумов, и не ми замерувајте ако на следниов мој пост не му е местото овде.
И како што знаете сега е зима, но набрзо ке дојде и пролетта која ке ни донесе болви и крлежи. Моето прашање е како превентивно да го заштитам кучето од болви и крлежи? Дали ремчињата против болви помагаат? Исто така знам дека има и ампули што се капнуваат на крзното и го штителе кучето од болви, но не сум сигурен дали се штетни за кучето?
Однапред ви благодарам
Огрлиците против болви и крлежи не се многу ефикасни.
Ампулите не се штетни за кучето, кога би биле штетни нема ни да се произведуваат.
Ампулите се најефикасни и јас ти препорачувам да си користиш ампула.
Фронтлајн и
Протектор се најдобри и најефикасни ампули.
Ампулата се нанесува одозгора на вратот и несмееш кучето да го мокриш 48 часа ПРЕД и ПО нанесувањето на ампулата за да не се уништи дејството на ампулата.
Ампулата се дозира според килажата на кучето.