Колку многу е непослушно?
Стои на прст барем?
Ако не стои ни на прст, пробај со тоа да му ја тргаш храната од кафез и ти со рака давај му да јаде. Тоа е за да го привикнеш да не се плаши од раката. Во сите пет шопови имаш различни стапчиња со храна, прво со нив пробувај. Нема да сака, има да ти падне раката држејќи ама мораш. Од кога ќе се привикне на тоа, почни да ставаш во рака па да ти се качува на рака и да ти јаде, исто пробувај со прстот да го погалиш. Па полека почнувај за ноџињата да го фаќаш, да го креваш на прсте и слично.
Обавезно посветувај му го целото внимание и обраќај му се, збори му.
Прво пробај со ова, па ќе видиме понатака, бидејќи има некои не се припитомуваат.
Заборавив да те прашам, колку е старо ?