Кунг Фу vs Аикидо

  • Креатор на темата Креатор на темата Slayer123
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
8 декември 2010
Мислења
84
Поени од реакции
16
Ае да видам неколку мислења....кое според вас е подобро и зашто?
 
Јас сум тотален лаик по ова прашање, ама мислам дека кунг фу е поагресивна боречка вештина, а аикидото е повеќе за одбрана.
 
Имаше тема за Повреди во Бокс и Клубови за Бокс толку...во темата Повреди за Бокс сакав да дознаам дали во почетокот може да добијам големи повреди и др...а во Клубови за Бокс сакав да дознаам каде има некој Бокс клуб во Скопје...во темиве не гледам ништо лошо само прашувам и барам одговори ако немаш одговор те молам не пишувај...
 
Зависи...

Да се земе пример ако човек што знае кунг фу се тепа со човек што знае ТРАДИЦИОНАЛНО аикидо тогаш гарантирам дека за рок од 1 минута аикидистот лежи на земја и плаче од болки.

За разлика од ова... Ако се млати со тип што знае РЕАЛЕН аикидо тогаш тешко е да се знае кој е боље.
 
Зависи...

Да се земе пример ако човек што знае кунг фу се тепа со човек што знае ТРАДИЦИОНАЛНО аикидо тогаш гарантирам дека за рок од 1 минута аикидистот лежи на земја и плаче од болки.

За разлика од ова... Ако се млати со тип што знае РЕАЛЕН аикидо тогаш тешко е да се знае кој е боље.

Ако може ми објасниш ако знаеш која е разликата во РЕАЛЕН аикидо и ТРАДИЦИОНАЛНО...
 
Традиционален, моја грешка...
Разликата е што во традиционален аикидо нема толку напор колку што има во реалниот. Повеќе глума е.
 
Кунг Фу е генерички назив за сите кинески борбени стилови и не значи ама баш ништо, ко да си прашал што е подобро Мерцедес или кола, бесмислено прашање. Кинески стилови има најмалку неколку стотини па до илјада не се ни знаат сите.

Ниту е одредено за какво кунг фу се работи ниту се по концепција исти или слични со аикидото.
 
Епа еве гледам дека повеќе знаеш за ова...еве кажи ми ти викаш - Ниту е одредено за какво Кунг Фу еве какви Кунг Фу има кажи....еве тоа што знаеш кажи да дознаам повеќе и другите што ги интересира :D
 
Гледај го филмот Fearless и ќе сфатиш она што сака да ти каже Кајзер е вистина.
Во филмот секоја фамилија има посебно кунг фу како пример петроски-кунг фу,станкоски-кунг фу ,итн.Во овој филм ако не се лажам кунг фу -то е Wing Chun.
Е сега како денес се групирани и кои се достапни кај нас и јас сум лаик тоа некој друг може да те просветли.
 
Мала тајна е што сите тие азиски борбени вештини се изветреани и разводнети низ вековите што за да го добиеш вистинското знаење ќе треба да имаш среќа да најдеш мастер од фамилија со традиција во таа вештина а не од Петко-сенсеи. Вештините што се пренесуваат денес се повеќе насочени кон спортси натпревари и како дел од животна филозофија, а не како техника за преживување.

Ти очигледно сакаш нешто чим отвори толку теми со проста основа како да станам мадафака тепач.
И на неколку пати ти дадоа одговори, ама ти сакаш да бидеш тепач без да те тепаат.

Вештини кои денес се порелевантни: Бокс, кик бокс, ММА, борење, муај таи, крав мага, USMC close quarters combat итн. Значи вештини кои се користат или во фул конакт спорт или вештини за самоодбрана во борбени услови.

На крај краева ако толку сакаш со тепање да си ги средиш маките, тогаш ти имаш поголем проблем.
e05ddf60574606562061562fec498be1.png
 
Зависи...

Да се земе пример ако човек што знае кунг фу се тепа со човек што знае ТРАДИЦИОНАЛНО аикидо тогаш гарантирам дека за рок од 1 минута аикидистот лежи на земја и плаче од болки.

За разлика од ова... Ако се млати со тип што знае РЕАЛЕН аикидо тогаш тешко е да се знае кој е боље.

Па да , во реално аикидо додека тренирате противникот дреме , а додека во традиционалното аикидо противникот (укето) се движи и задава удари. Во Реално , противникот демек е во став и ти ми правиш што сакаш...и после мислиш дека сето тоа ќе го искористиш...нормално ќе го искористиш ако се степаш со некоја пензионерка од 80 години.

Оди степај се со некој мајстор по традиционално аикидо и ќе видиш дали е глума...
 
Ае да видам неколку мислења....кое според вас е подобро и зашто?
Подобро за што? За тепачка, за во ринг, за правење палачинки?
П.С.
Кунг фу значи вештина(во најопшта смисла на зборот)
 
Не би се сложил со повеќето од вас!А и не би можело така да се класифицираат вештините.
Можеби најдобар одговор на тоа прашање која вештина е подобра е да се анализираат клубовите и мајсторите кои ги имаме.

Аикидо немам тренирано никогаш,но еднаш имав чест да гледам еден наш мајстор.Човекот е стварно уникат кај нас.
За кунг фу-то на кое потрошив 4 години од мојот живот можам да кажам дека е добра вештина,но во Македонија барем пред 4-5 години немавме саглам мајстори.Повеќе беа фалбаџии отколку некакви мајстори.
Шират и една голема лага,а таа е дека се вежба т.е тренира традиционален винг-чун.Тоа е голема лага.Напротив таа вештина што се вежба кај нас и во светот е модифицирана,а традиционалното кунг фу се вежба во кинеските манастири,каде луѓето кои ја изучуваат таа вештина престојуваат и по 40 години таму.Тие се под посебен режим на исхрана,без телевизија,без телефони,а за интернет и да не правиме муабет.

Ете тоа е тоа вистинско кунг фу.
Инаку како што разбрав ако си за тепаџија,одбери си кунг фу.Не за друго туку повеќето тренери кај нас беа фраери(барем оние што ги знам)и со таа визија најубаво ќе поминеш.
За аикидото малку потешко,бидејќи тие бараат смирени личности кои ќе живеаат со вештината.
Се разбира сепак има исклучоци
 
Епа еве гледам дека повеќе знаеш за ова...еве кажи ми ти викаш - Ниту е одредено за какво Кунг Фу еве какви Кунг Фу има кажи....еве тоа што знаеш кажи да дознаам повеќе и другите што ги интересира :D

Вакви теми сме дискутирале едно милион пати и без лутење ама исклучиво лаици ги поставуваат дали е вештината А подобра од вештината Б и на нас што тренираме ни е веќе смачено да повторуваме дека најдобра вештина НЕМА и дека вештина се бира по сопствен афинитет и конституција, соодветен и квалитетен тренер и услови за тренинг, сѐ друго е помалку битно.

Кунг Фу стилови има како што реков околу 300 познати и барем уште дупло помалку познати и тоа без да ги земеме во предвид и другите земји туку само Кина.

Самиот Кунг Фу или како некои што сега го викаат Вушу се дели на интерни е екстерни системи. Од интерните (внатрешни) најпознати се Taijíquan, Baguazhang и Xingyiquan. Од екстерните најчест пример се Shaolinquan односно вештините кои се смета дека водат потекло од манастрот ШаоЛин.

Поделбата не е груба зашто има вештини со комбинирани елементи и се смета ако сакаш да го постигнеш врвот ќе се научиш да работиш и тврдо и меко по потреба.

Јип Ман работи Wing Chun (екстерен систем), Јет Ли (позитивниот) во The One (2001) - IMDb работи Baguazhang а негативниот Xingyiquan.
 
Еве неколку стилови на кунг фу , верувам дека постојат вакви мајстори само не на нашава територија.
Аикидото користи само за одбрана, не спага во агресивните техники. Според мене најсилните момци фајтери се во кик боксот, физички кондиционо најспремни , нај издржливи на удари, најбрзи и највешти.
Кунг фу мајсторите немаат сила само вешто ја користат техника и брзината, интересни се за гледање секој со свој посебен стил и како се надградуваат секојдневно со нови удари и одбрани. За разлика од другите техники каде се е веке измислено, треба само да го вежбаш истото и со тек на време стануваш подобар.
Кој не го има гледано филмот му го препорачувам, многу е добар
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom