Одите на ЕП? Ова е сè што треба да знаете за Ниш (Србија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.312
Поени од реакции
34.715
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Србија, од 15-ти до 29-ти Јануари ќе биде домаќин на 10-тото европското првенство во ракомет за мажи што се одржува секоја втора година од 1994 па наваму. Како што повеќето знаете и Македонската репрезентација се избори за учество на финалниот турнир каде ќе биде во групата Б заедно со Шведска, Германија и Чешка.

Натпреварите од оваа група ќе се играат во Ниш односно во салата „Чаир“ која собира 5.000 гледачи, додека останатите 3 групи ќе се играат во Белград, Нови Сад и Вршац. Билетите за нашата репрезентација се одамна распродадени исто како и сместувачките капацитети во Ниш и околината. Се очекува присуство на повеќе од 4.000 навивачи од Македонија, со и без купени билети.

Селекторот Звонко Шундовски за престојното ЕП ги избра следниве ракометари:

Голмани: Борко Ристовски (Вардар), Петре Ангелов (Металург), Никола Митревски (Металург)
Десни крила: Владимир Темелков (Bascharage, Луксембург), Златко Мојсоски (Металург)
Леви крила: Стевче Алушовски (Металург), Дејан Манасков (Металург)
Линиски играчи: Никола Марковски (Вардар-неизвесен), Стојанче Стоилов (Вардар), Ванчо Димовски (Вардар-неизвесен)
Централни бекови: Наумче Мојсовски (Металург), Филип Миркуловски (Металург), Бранислав Ангеловски (Konstanca, Романија)
Леви бекови: Велко Маркоски (Металург), Филип Лазаров (Вардар), Милорад Кукоски (Вардар), Аце Јоноски (Металург)
Десни бекови: Кире Лазаров (Atletico Madrid, Шпанија), Влатко Митков (HSG Barnbach/Koflach, Австрија)

Повеќе информации за сите играчи можете да прочитате на следниов линк (.pdf)
Team.jpg

Распоредот на натпреварите по групи кои ги игра Македонија e следен:
[15.01.2012, 19:30] Шведска – Македонија
[17.01.2012, 18:15] Македонија – Германија
[19.01.2012, 20:15] Чешка – Македонија

Српската ракометна федерација во согласност со законите на Република Србија и Европската ракометна федерација ЕХФ објави информација за навивачите како не би биле вратени од влезовите на салите.

Навивачите не смеат да внесуваат: метални парички, запалки, пиротехника, големи знамиња, спрејови, шишиња, лименки, вода, алкохол, свирчиња, труби, секакви направи што испуштаат звук, рекламни банери, облека со нелегитимни и навредливи обележја и сл. Сите посетители ќе бидат проверувани на влезовите со детектори. Алкохол е забрането да се продава и консумира 2 часа пред и после натпреварот во радиус од 1 километар околу салата. Сите навивачи кои ќе бидат под дејство на алкохол, дрога, без документи за идентификација или ќе бидат насилни нема да им биде дозволен влез во салите каде е строго забрането пушење на цигари. На навивачите ќе им биде дозволено да внесат само 3 тапани и 1 мегафон. Дефинитивно овие прописи негативно ќе се одразат на создавањето подобра атмосфера на натпреварите од страна на македонските навивачи. Да се надеваме дека официјалните лица ќе покажат разбирање пред самите натпревари и ќе дозволат вистинска спортска атмосфера.

Ракометната федерација на Македонија можете да ја следите на нејзината официјалната веб страна: Macedoniahandball.com. Немаме информации дали имаат официјална Facebook страна и Tвитер сметка. Македонските корисници на Twitter ќе го користат хаш-тагот #makrakomet за дискусии и споделување информации. Веб сајтот на EHF, Европската ракометна федерација е ehf-euro.com. Организаторите за жал не се потрудиле да направат ниту една мобилна апликација за првенството.

Скопско пиво е еден од спонзорите на македонскиот ракометен тим и во тек е акција со која со купени 6 шишиња Скопско 1,5l. добивате ракометен дрес. Според реакциите на фановите има недостаток на дресови во маркетите и поголем дел од нив ќе останат без посакуваниот навивачки реквизит. Мобилниот оператор VIP е исто така официјален партнер и спонзор на ракометната репрезентација.

Македонски полицајци ќе бидат присутни на сите натпревари во салата Чаир и ќе се грижат за безбедноста на навивачите заедно со колегите од Србија. Со потпишаниот протокол од страна на министрите за внатрешни работи на двете земји, сите навивачи од Македонија ќе можат да влезат во Србија само со своите лични карти.

За сите оние кои ќе патуваат во Србија да ја бодрат нашата репрезентација, ги издвоивме тарифите во роаминг за користење на мобилниот телефон, како и за користење на интернет преку него. Овие информации се преземени од официјалните веб страни. За повеќе и поцелосни информации контактирајте ги контакт центрите на мобилните оператори. Еве соодветни слики кои ќе ви помогнат да ја изберете најдобрата опција за да заштедите повеќе пари за пиво:

T-Mobile: Споредба на оператори во Србија, Опција за поевтин роаминг, Travel&Surf интернет роаминг
VIP: Роаминг во пост-пејд, Роаминг во при-пејд, Интернет роаминг
One: Роаминг во пост-пејд, Роаминг во при-пејд

Официјалната валута за плаќање во Србија е динарот. За 1 евро би требало да добиете околу 105 динари. Целосната курсна листа можете да ја погледнете на следниов линк. Проверете ја пред тргнување од Македонија и разменувајте пари во легални менувачници.

Доколку имате слободно време во Ниш, еве неколку предлози што можете да разгледате од туристичките атракции:
  1. Череп кула (Skull Tower) – Споменик на српските востаници кои се бореле против Отоманската империја во 19-тиот век.
  2. Нишка тврдина (Niš Fortress) – Еден од најзначајните културни и историски споменици во Ниш. Тврдината се протега на десниот брег од реката Нишава и е стара повеќе од 2 милениуми.
  3. Чегар (Čegar) – Ридче што се најдува на 6км оддалечено од Ниш и каде е изграден споменик во вид на кула во чест на педесетгодишнината од ослободувањето на градот од Турците.
  4. Црвен Крст концентрационен логор (Red Cross concentration camp) – Концентрационен камп управуван од фашистичка Германија каде се држеле околу 30.000 луѓе. Моментално е претворен во музеј, а картата за влез е 120 динари.
За споредба и пронаоѓање на хотели, ресторани, споменици и туристички атракции додека сте во Ниш можете да ја користите мобилната апликација на Trip Advisor која е достапна за Андроид, Ајфон, Нокиа, Виндовс и Палм. Доколку сакате малку релаксација можете да го посетите и спа градчето Нишка Бања каде воедно ќе бидат сместени и голем број наши навивачи. Оддалечено е околу 10 километри од Ниш, редовен автобуски превоз е 0,6 евра, а такси превозот е 5 евра во еден правец.
Официјална химна на првенството е песната „Never Forget“ или во оригинал на српски јазик „Никад не заборави“. Автор на песната е Оги Радивојевич:

Сител телевизија ги има откупено правата за преносите од ЕП во Македонија.

виа КриглаПиво
 
Maла информација за ако некој воопшто планират со глупости од типот косовско знаме.Голем број отселени од Косово се населија баш во Ниш.

И едно прашање, ако некој имат информација која е постапката за зелен картон земање ?
 
Maла информација за ако некој воопшто планират со глупости од типот косовско знаме.Голем број отселени од Косово се населија баш во Ниш.

И едно прашање, ако некој имат информација која е постапката за зелен картон земање ?
Ќе ојш во ова станициве за технички преглед и ти го ваѓа за 1 ден мислам, само сега лошо е 90 Е за кола над 96 коњи и важи до наредна регистрација.
 
Добар вовед,убаво е де се прочита:)! Со душа се чека недела,Ниш ке се тресе !!!
 
ќе идеме Владата ако организира пак лотарија хх :)
 
Со лична карта се влага или грешам?
 
Со лична карта се влага или грешам?

Еве и за лична карта и за зелен картон ако патувате со кола
http://www.vecer.com.mk/default.asp

ЌЕ ТРГНЕ ЛИ МАКЕДОНИЈА ПО СТАПКИТЕ НА СРБИЈА ЗА ОСИГУРУВАЊЕТО ОД АВТООДГОВОРНОСТ?!

За Србија пасош не мора, ама зелен картон задолжително

Од првиот ден на годинава српските возачи во земјите на ЕУ и во Швајцарија, Норвешка, Исланд, Андора, Хрватска и Црна Гора влегуваат без зелен картон, додека за Македонија, БиХ и Албанија, мора да го извадат. Во македонското Министерство за финансии велат дека за нив е не прифатлив српскиот модел, зашто со него финансиски ќе се оптоварат возачите кои не излегуваат од државата

04B3728D136F184BBEDA893C72497AD5.jpg
Од први јануари српските граѓани со автомобили патуваат низ земјите на Европската унија без зелен картон. Нашите возачи, пак, треба да се задоволат со тоа што од летоска користат најевтин зелен картон во историјата на независната држава. Од Министерството за финансии објаснуваат дека српското решение се разгледувало и кај нас, но не се прифатило, бидејќи се оценило дека ќе претставува дополнителен товар за граѓаните кои не патуваат во странство.
Така, македонските граѓани во Србија од средината на овој месец ќе влегуваат без пасош, само со лична карта, но ако користат автомобил, границата нема да можат да ја преминат без зелениот картон, кој за патничките возила во зависност од кубикажата сега чини 3.690 и 5.536 денари. И Србите, кои низ Европа ќе се возат само со домашното осигурување, на македонска граница ќе мора да покажат зелен картон, кој кај нив чини 20 евра, зашто нашата земја заедно со Босна и Херцеговина и Албанија е меѓу малкуте во кои меѓународно осигурување од автоодговорност е задолжително.
 
Maла информација за ако некој воопшто планират со глупости од типот косовско знаме. Јас лично ке го убијам. За провокација ја би хрватско знаме. Иначе во ниш е прва екипа на делије се надевам нема да правиме инциденти :)
 
Во склоп на Кајгана подготвивме и посебен потпортал посветен на ЕП во ракомет. Го стартуваме во недела, а од лице место ексклузивно ќе ви ги донесеме сите најнови вести, фотографии и видео репортажи. Напред Македонија! :)
 
Maла информација за ако некој воопшто планират со глупости од типот косовско знаме. Јас лично ке го убијам. За провокација ја би хрватско знаме. Иначе во ниш е прва екипа на делије се надевам нема да правиме инциденти :)

Причина?Утакмица на ЦЗ или подгрупата од Ниш?:eek:
 
Дали утре ке биде промовирана новата навивачка група „црнокрак“ ?
Најверојатно:)Ма да како што знам идат и околу 400,500 Чкембари,дали лапнале карти од Федарација или си купиле самите тоа само они знаат.
 
kupivme!!!
I ke kupvame tamu!!
Kako e nagore skopje kumanovo ima sneg!!
Bitola ima 20-30 cm nov denesen.Samo se nadevam deka ke iscistat ,trgnuvame nokeska !!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom