"Битола 2016" како помал брат на "Скопје 2014"

  • Креатор на темата Креатор на темата Jimmy
  • Време на започнување Време на започнување

Jimmy

Организатор
Член од
26 мај 2006
Мислења
928
Поени од реакции
312
Локација
Битола, Македонија
„Битола 2016“ како помал брат на „Скопје 2014“

Во Битола во наредните четири години ќе се градат нови 28 спомен-обележја, па проектот „Скопје 2014“ добива помалa сестра, „Битола 2016“, објави денешното издание на Утрински весник.
Од планираните 28 споменици, 14 ќе бидат бисти, седум споменици и исто толку спомен-плочи. Локалната власт изјавува дека очекува помош од државата за реализација на овој проект, а засега е сигурно дека финансиска конструкција за проектот сеуште ја нема.
Одлуката на битолскиот Совет за само четири години во градот да никнат нови триесетина спомен-обележја ја разбранува јавноста, па сега освен долго очекуваниот споменик на Филип Втори, граѓаните се надеваат дека ќе ги добијат и Даме Груев, царот Гаврило Радомир, Ѓорги Сугарев, Александар Турунџев, Димитар Илиевски-Мурато и многу други. Програмата предвидува и изработка на 14 бисти за што доби зелено светло и од Општинската организација на Сојузот на борци од Битола.
Битолската опозиција ја поддржува програмата за поставување нови 28 споменични обележја во градот, но оттаму се изразува спомнеж дека градот со пари од општинската каса ќе успее да ги изгради сите споменици до 2016 година. Сомнежите дека проектот нема да успее опозицијата ги поткрепува и со фактот што во буџетот на општината за оваа година не се предвидени средства за изградба на спомен-обележја.

Повеќе:
http://utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=163ACFC94731494D9EB56C247A510BA4

http://www.plusinfo.mk/vest/29625/-Skopje-2014-dobiva-sestra-vo-Bitola-2016

http://kurir.mk/republika/opstini/56955-Novi-27-spomenici-ke-ja-krasat-Bitola

Малку ми е глупо што се работи само за споменици и спомен плочи, а не за инфраструктурни проекти како нови улици, мостови, нов стадион, реновивање на спортската сала и сл...
 
Jimmy летово во Битола беа реконструирани неколку главни улици.
По завршувањето на реконструкцијата на голем број фреквентни сообраќајници во градот, локалната самоуправа, во овие топли септемвриски денови мошне интензивно работи на целосна реконструкција и асфалтирање уште на неколку градски улици од централното градско подрачје.
Деновиве завршија сите инфраструктурни работи на улицата “Цар Самоил” до “Пецо Божиновски” и на потегот од местото викано “Тане бакалот” до ОУ “Стив Наумов “. Преостанува на оваа мошне важна сообраќајница за градот во наредните денови да бидат променети водоводните цевки и потоа истата да биде асфалтирана со нов асфалт.
Со тоа оваа важна сообраќајница за Битола, која претставува дел од “крвотокот“ на градскиот сообраќај целосно ќе биде реконструирана и асфалтирана со нов асфалт.
Паралелно со интензивните работи на улицата “Цар Самоил” се работи и на подготовка за асфалтирање на улиците “Охридска” до “Пецо Божиновски” во должина од 350 метри, како и на улицата “Стале Попов” на потегот од Студентскиот дом до Стрчин. Со програмата за асфалтирање на улиците на Битола во оваа градежна сезона се одвиваат и активностите за асфалтирање на улицата “Нико Фундали”, “Север-југ” и улицата “Крушево”.
 
Брат или сестра? Ај барем во директна роднинска врска од прво колено се Шкупи и Обител.
А, аеродром не градат?
 
не сакаме споменици бе, скејтпарк бараме повеќе од 10 години ама изгледа не им е важна младината и спортот(се гледа по стадионот и спортската сала)
 
Jimmy летово во Битола беа реконструирани неколку главни улици.
По завршувањето на реконструкцијата на голем број фреквентни сообраќајници во градот, локалната самоуправа, во овие топли септемвриски денови мошне интензивно работи на целосна реконструкција и асфалтирање уште на неколку градски улици од централното градско подрачје.
Деновиве завршија сите инфраструктурни работи на улицата “Цар Самоил” до “Пецо Божиновски” и на потегот од местото викано “Тане бакалот” до ОУ “Стив Наумов “. Преостанува на оваа мошне важна сообраќајница за градот во наредните денови да бидат променети водоводните цевки и потоа истата да биде асфалтирана со нов асфалт.
Со тоа оваа важна сообраќајница за Битола, која претставува дел од “крвотокот“ на градскиот сообраќај целосно ќе биде реконструирана и асфалтирана со нов асфалт.
Паралелно со интензивните работи на улицата “Цар Самоил” се работи и на подготовка за асфалтирање на улиците “Охридска” до “Пецо Божиновски” во должина од 350 метри, како и на улицата “Стале Попов” на потегот од Студентскиот дом до Стрчин. Со програмата за асфалтирање на улиците на Битола во оваа градежна сезона се одвиваат и активностите за асфалтирање на улицата “Нико Фундали”, “Север-југ” и улицата “Крушево”.
Да, да, многу се направи овие 2-3 години ама има уште мноогу улици за реконструкција, бидејќи од кога се направени не беа гибнати, освен шо ги крпеја дупките.... битно сега се напраени со нов асфалт, само то шо не можат да ги погодат шахтите, т.е. нивната висина во однос на асфалтот, то е друга работа...неквалификувана работна сила, без квалитетен надзор, е па не е само да се тури асфалтот и готова е работата, имаме сега нова улица...треба да се напрај ко шо треба, да трај години, а не еве сега, не знам дали имаш одено по Цар Самуил, да ги видиш шахтите само и ивичњаците, ко на мајтап се праени, рели да возиш, да избегнуваш пропаднати шахти...
Мене ми беше муабетот, како шо пишаа и погоре, да добиеме нова модерна болница, катастрофа е сега, хигиената да не прајме муабет...е сега ко беше министерот светнаа за 1 недела, ама до кога??? Значи, прам муабет за крупни проекти што му фалат на градот, уредени улици, НОВ стадион, спортската сала од ко е напраена едвај да е чепната, семафорот со лепило е залепен, со траки да не се распадни, резили... мостовите на шо личат...и оној "дрвениот мост" шо го реновираа пред 5-6 години сега му фалат штици, да пазиш да не пропадниш....има уште многу, сега немам време...ќе пишат и другите.
Главното ми беше, дека не ни требаат споменици, има поприоритетни работи!!
 
Брат во Битола сум бил два пати во животот :-) Инаку се согласувам дека треба да има приоритети и верувам дека има. Фактот останува дека по подолго време на повеќе полиња се започнува со работа и малку е тешко кога со години не е нешто пипнато да се среди одеднаш. Што се однесува до квалитетот на изработените улици доколку некаде не чини и одговорните а и самите граѓани треба да реагираат. Во Скопје имаше една улица четири пати се преправаше сега е авионска писта :-)
 
Јас сакам да им изградиме споменик на градителите на споменици.
Бидете солидарни и собирајте пари :D

Инаку, Железничка станица - Битола 1931 година
2r7yftj.jpg

Железничка Станица - Битола 2011 година
zeleznicka-stanica-bitola.jpg

14trddc.jpg

povatok-od-Bitola.jpg

Пругата во правец Битола - Лерин - Солун (20 и кусур години не е во функција, а околу 50 години не е реновирана)
Nekogasen-premin.jpg

Bespatie.jpg
Место реконструкција на владина зграда во 200 годишен ретро стил или не знам колку споменици, можат реновирање на оваа оригинална станична зграда, ставање климатизација во неа и покривање на пероните.Не е нешто голема инвестиција, а многу корисна.
 
Па прашувам само, пошто сум бил у Битола , а спортска сала немам видено,па затоа..:coffee:
Спортската сала „Младост“ е мултифункционална спортска сала во Битола и се користи првенствено за кошаркарски и ракометни натпревари. Во објектот има и простор за пинг-понг, како и куглана. Во неа играат КК Пелистер и РК Пелистер, а се користи и за одржување на концерти. Беше домаќин на завршницата на купот на Македонија во кошарка во 2007.
Мислам дека е вредна за реновирање, нели?
800px-P3120056.JPG

thumb.large.IMG_1154.jpg

Еве и локација http://wikimapia.org/12383241/mk/Спорска-сала-Младост
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom