Бугарски пасош - Да или не?

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Види,македонските фабрики 1992 вредеа 5 милијарди U.S.долари,додека кога си замина Бранко Црвенобрадестиот пират од власт 1998 вредеа 500 милиони U.S.долари.Тоа ти е мањак некаде од 4,5 милијарди долари?!? WTF! Проблемот е што никој не се запите кај отидоа тие фирми и фабрики,туку сега се фатија за спомениците ко разведена жена за надрвен к...ц! Да,и спомениците коштат,ама споредени со криминалната приватизација и уништеното стопанство се нула,башка што ќе ни донесат и повеќе туристи,нус-појави има со нив,ама поголем е ќарот од нив отколку загубата!
А да знаеш колку фабрики се затворени за време на Краљ Петар, до ден денес се осеќа рецесија и невработица.
Па добро бе колку децении ќе им треба на актуелциве да направат нешто? До пензија најверојатно...
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
А да знаеш колку фабрики се затворени за време на Краљ Петар, до ден денес се осеќа рецесија и невработица.
Па добро бе колку децении ќе им треба на актуелциве да направат нешто? До пензија најверојатно...
Toa ти е како ја да ти дојдам дома кај тебе,да ти изнесам цела покуќнина, да ти го извадам кровот од куќата,со се врата и прозорци..и да ти оставам голи ѕидови..па после ќе те видам за колку време пак ќе ја вратиш куќата како што била.. цела МК економија се уништи и искраде тој период,а ти очекуваш нешто што било градено 50, а искрадено за 10-тина години да се врати за 5-10 години...
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Toa ти е како ја да ти дојдам дома кај тебе,да ти изнесам цела покуќнина, да ти го извадам кровот од куќата,со се врата и прозорци..и да ти оставам голи ѕидови..па после ќе те видам за колку време пак ќе ја вратиш куќата како што била.. цела МК економија се уништи и искраде тој период,а ти очекуваш нешто што било градено 50, а искрадено за 10-тина години да се врати за 5-10 години...
Угледај се на Германија, после 7 години се во нормала, денес е лидер во економија. Овие клативратовци - да не се изразам некултурно само кредити зимаат и некој друг им е крив ко калимеро да ги правел.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.264
Поени од реакции
26.130

Што кај нас би било пандан на Рурската област во Германија? Рудникот Злетово или некој каменолом? Смешно е да се споредува Македонија со земји кои изобилуваат со природни ресурси.
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Што кај нас би било пандан на Рурската област во Германија? Рудникот Злетово или некој каменолом? Смешно е да се споредува Македонија со земји кои изобилуваат со природни ресурси.
Уште посмешно е и добро е што не ги нашле и тие ќе си ги изнесеа надвор. Иако 3-4 хеликоптери излетаа од бункерот во кој германците оставиле камиони со злато од 2 светска војна па ти види сега.....
 
Како можеш да изнесеш природни ресурси? Што врска има германското злато (ако воопшто го имало) со природни ресурси?
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Како можеш да изнесеш природни ресурси? Што врска има германското злато (ако воопшто го имало) со природни ресурси?
Забега од темата, можеби еден ден ќе разбереш.
Крај
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Што кај нас би било пандан на Рурската област во Германија? Рудникот Злетово или некој каменолом? Смешно е да се споредува Македонија со земји кои изобилуваат со природни ресурси.
Знаеш и сам, не се пресудни природните ресурси за развојот на една земја. Финтата е во нивното менаџирање (доколку ги има) и нивното набавување (доколку ги нема).
Германија, како и некои други геополитички и геоекономски сили умее и со двете. За разлика од нашата земја, која не умее со ништо.

Не е точно дека со добро раководење, Македонија не би се опоравила до сега. Впрочем, барем да имаше некои позитиви. Да не бидам сфатен погрешно, ама се оди само надолу, а за тоа нема оправдување.

И секако, најлошото.

Македонија за разлика од многу други земји кои си се носат на висока нога, има и одлични човечки ресурси. Одличен склоп на физичка и интелектуална гарда.
Што не знае да ја искористи, па се случува тој познат brain drain.
Што било пракса и „пред ѕидот“ во Берлин 1961 година. И на многу други места каде што се одливале кадри.

Европска Унија во иднина ќе има уште поголема потреба од наоѓање на такви човечки ресурси, па одливот на човечките ресурси од Македонија ќе продолжи.
На овој (пасоши) или на оној начин.

Прашањето е: кој може да ги обвини?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.264
Поени од реакции
26.130
Знаеш и сам, не се пресудни природните ресурси за развојот на една земја. Финтата е во нивното менаџирање (доколку ги има) и нивното набавување (доколку ги нема).
Германија, како и некои други геополитички и геоекономски сили умее и со двете. За разлика од нашата земја, која не умее со ништо.
Не се пресудни, ама се многу битни доколку сакаме брзо да се опоравиме. За жал ние ги немаме и опоравувањето би траело најмалку 20 години од моментот кога ќе почне да се работи сериозно. За Македонија можеме да речеме дека е опоравена доколку 10-тина години по ред има раст на ГДП од околу 6-8% годишно. А за тоа треба барем уште 10 за да се создадат предуслови. Германското брзо опоравување ние можеме да го сонуваме.
Македонија за разлика од многу други земји кои си се носат на висока нога, има и одлични човечки ресурси. Одличен склоп на физичка и интелектуална гарда.
Што не знае да ја искористи, па се случува тој познат brain drain.
Што било пракса и „пред ѕидот“ во Берлин 1961 година. И на многу други места каде што се одливале кадри.
Тоа никогаш нема да се измени на Балканов. Дури и опоравена Македонија (или било која друга балканска земја) не може да им понуди исти услови за работа на добрите кадри како поранешните колонистички земји, Германија и САД. Така ќе биде и во иднина, опоравени или не. Квалитетниот кадар ќе ја напушта државава.
Прашањето е: кој може да ги обвини?
Јас не ги обвинувам. Напротив, мислам дека може да ни бидат голема предност. Ирска, Израел, Ерменија... Ние не треба да ја етикетираме и оцрнуваме дијаспората, туку да ја организираме. За жал далеку сме од тоа и тука се согласувам дека можеме да ја обвиниме нашата неспособност. Само споредбите со џинови како Германија ги сметам за несоодветни и затоа влегов во дискусија.
 
Nuneee

Nune
Член од
27 декември 2009
Мислења
449
Поени од реакции
29
Никогаш Бугарски, никогаш... Еден пасош имам, под националност ми пишува Македонец. Засекогаш ќе пишува Македонец...
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.264
Поени од реакции
26.130
Никогаш Бугарски, никогаш... Еден пасош имам, под националност ми пишува Македонец. Засекогаш ќе пишува Македонец...
Ти пишува државјанство македонско, а не националност Македонец. Не сите на кои на пасошот им пишува државјанство македонско се Македонци по националност. Од ова можеш да влечеш и други логички заклучоци. ;)
 
Nuneee

Nune
Член од
27 декември 2009
Мислења
449
Поени од реакции
29
Ти пишува државјанство македонско, а не националност Македонец. Не сите на кои на пасошот им пишува државјанство македонско се Македонци по националност. Од ова можеш да влечеш и други логички заклучоци. ;)
Не мислев за пасошот. Лошо се изразив. Небитно, таа ми е поентата...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom