Колкава слобода родителите треба да им даваат на своите деца?

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување
Веќе сум издресирана и нема потреба никој ништо да ми каже како треба да правам.Премногу сум совесна, дури мислам дека на моменти се однесувам посериозно и од родителите.
 
Мислам дека треба да им вградат ГПС уред па да ги пратат кај одат .... ако не ’’слушат ’’ децат- ќотек... иначе слобода до околу 5 км радиус доста им е
 
Подобро и да не зборам.Се чуствувам како да живеам под стаклено ѕвоно.
Значи:Мора да знаат со кој се допишувам па и уште да ми читаат разговорите,нормално не дозволувам.
Мора да знаат со која другарка сум,ако се задржам 5 минути веднаш ѕвонат и да прашат со кој си и каде си.Демек ке сторам еден криминал.
Бев на предавање и кога го чекавме автобусот нормалнои закасна и веднаш каде си кога ке си дојдеш со кој си.
Еднаш кога бев на излегување ми се јавува мајка ми:Ajде кога ке се вратиш,доцна е веке:uvo:my ass...Им кажав уште малку,и кога заклопив веднаш почнаа шеги на моја сметка:Те чека млекото:kesa:нормално се смеев:pos2:
Иако имат доверба во мене сепак претерано е што ме контролираат премногу како да сум мало дете кое ке се загуби:nesvest:
 
ДЕЦА ОД ПАМУК - ВРАТЕТЕ ГИ НА УЛИЦА
018D83CA2C18EA4189230C0BC6332126.jpg


Не смееш на улица навечер, педофили напаѓаат на секој чекор? внимавај кога поминуваш улица! игралишатата со песок се извор на зарази. Поразувачки, но децата ги воспитуваме под стаклено ѕвоно, одалечени од вистинскиот живот...


http://www.globusmagazin.com.mk/WBStorage/Files/deca.pdf
 
Џабе се сите ограничувања од страна на родителите ако не постои взаемна доверба. Со довербата, взаемниот респекат и искрениот разговор можеш да му ја допуштиш целата слобода на свет и можеш мирно да спиеш дека нема да ја злоупотреби.
 
Треба да ги воспитаат уште како мали дека зборот на родителот треба да се почитува за да не прават проблеми. Ако децата го сватат тоа и воспостават таква врска со родителите.. да им кажуваат каде одат и да се свесни за последиците на тоа што го прават.. тогаш родителите ќе имаат доверба во нив.. и ќе им биде дозволено се. Нормално не може ти да пуштиш 14 годишно дете до 4 сабајле да биде надвор.
Прво законски оно не смее да влегува во дискотеки и да шета после 12... а не мин викенд одам во дискотека пола од тие што ги видов се малолетни.
Јас стварно не знам шо гледаат тие родители и дали уопште знаат каде децата нивни испаѓаат... наместо да земат да си ги приберат децата, па ај да речеш влегле некако во дискотека.. ама луѓе мои кога ќе ги видиш како се облечени .. па јас се срамам што сум женско кога ќе ги видам нив така курвински дотерани... а што да помислат тие машки кога ќе ги видат така?!

Треба отворено со детето да се зборува за се... да не се избегаваат одредени теми затоа што ако родителите не им кажат некои работи на децата.. тогаш децата сами ќе дознаат.. само што секогаш дознаваат на потешкиот начин и секогаш има последици..
 
Слободата треба да биде со различен интензитет во зависност дали станува збор за машко или женско.
Од машка страна мислам дека машкото треба за една блага нијанса да има малку поголема слобода во својот социјален и интимен живот од ќерката.
Не дека ги делам машките и женските на полова основа, него мислам дека машкото треба прво да ги искуси некои работи во младоста (па дури и да се степа некогаш, да заглави у станица, не за нешто којзнае колку лошо нели) за да знае како да се гради понатаму.
Секако после ова си доаѓа и возраста на децата.
Машко од 16-17 години би можело да дојде дома од град до кај 12:30, после 18-19 години нема логика да му се забранува :)
Исто така би ми било мило година-дена порано да научи за интимните работи и да ми донесе девојка дома :cuc: :D.
После 18-19 години си е самостоен во тој поглед, само додека родителот не почувствува дека претерал. Во тој случај, ќе пееме друга песна.

Девојче до 18 годишна возраст нема носење дечковци дома, а у меѓувреме ја ќе треба да го анализирам до коска за да видам што ку*ле е :).

Шалата на страна- секоја возраст си носи свои приказни, случки и искуства. Родителите треба полека, со една (скоро) невидлива рака да ги водат децата низ лавиринтите на животот, да укажат каде што ќе згрешат, и да помогнат со совет ако биде побарано тоа од нив.
Нормално, без контрола уште од мали нозе нема да биде човек од него. Затоа строгата љубов е најкорисна.
 
Значи како што оди времето..... децата не ни ги слушаат родителите што им збораат, што сакаат праат, без око да им трепне.... !! Преголема слобода имаат!
 
Родителите им даваат премногу слобода на децата. Потребна е дисциплина, потребно е да ги научат на вистинските вредности во животот. Звучи клише, ама тргнувам од себе си, каков можев јас да бидам умерен во се, да бидам добар ученик, да шетам, да бидам добар син, можат и они. Тие муабети, па као строги се родителите ама детето пак нема контрола, е тука веќе станува збор за погрешна методологија, не треба наука да воспиташ дете бе, порано по 10 деца чувале па сите биле воспитани.
Имам зборувано со моите, викаат и во нивно време имало исклучоци, ова не е од сега, но ситуацијата полека излегува од контрола.
Никој не им ја брани слободата на децата, но за нив се задолжени родителите и мора да им дадат насока во животот.
Доаѓа пијан дома, а мајка му, сине да не сакаш да ти направам нешто да јадеш, мене да ми дојде пијан син ми на 15 години дома незнам како би изреагирал. Мене до пред 3 години ми беше незгодно да запалам цигара пред моите, ми беше глупо, овие на 15 имаат слобода да прават што сакаат.
 
Зависи и од децата и од родителите. Ако на паметно дете му ограничиш некои работи што ги сака (без разлика дали се пороци, излегување до касно итн) а тој успешно си ги обавува образовните обврски е тогаш има проблем :D
 
Мора родителите да имаат некаков ред и уште од мали да ги научат на култура и на почитување и на правилно однесување своите деца али за жал денеска све помалце и помалце го има тоа. Сите се најпаметни сите се генијалци а све 2ка до 2ка у школо. Сум имал среќа да завршам во фантастична паралелка(зборам за основно) каде ни едно дете од нас не излегно покварено,родителите кога не зимаа од школо дискутираа надвор секој ден за нас како сме го прошле денот и се интересираа какви сме кога тие не се поред нас,сите бевме исто немаше никаво двоење а сега едно ''фала'' незнаат да кажат малите или недај боже да му се обратат на некој со ''вие'' . Што повеќе му допушташ на детето од мали нозе тоа подебилно ќе ти излезе кога ќе порасне и нема да знае газот да си го избрише сам.Спомнавте враќање во 7 саат сабајле на 14-15 години?? хаха тоа нема шанси јас сум 1988 роден и вакви работи немало у 90-тите,какво 7 сабајле бре ,има казна да јадеш па после 10 дена нема ни надвор ни ништо без разлика дали ти веруваат или не,и моите имале доверба у мене али сепак кај се пушта дете од 14 години до 2-3 сабајле а камоли до 7 -8 тоа нема шанси.Ние се задоволувавме со јојо,клик клак ,сони ,списание Кошарка,нинтендо ,албуми со сликички а денес децава на 10-11 год што све немаат ,лап топ,мобилни,iphone итн.. ако му купиш на 10 годишно дете iphone на 17-18 год треба да добие кола,пошо досадно ќе му биде па на 22-23 ќе почне да шмрка ,а ако е женско сигурно ќе ти абортира еднаш до 20 год пошо иначе досадно им е..Родителите се за ќотек па после децата.
 
Сум имал среќа да завршам во фантастична паралелка(зборам за основно) каде ни едно дете од нас не излегно покварено

Брат....генерација сме.....и точно е дека нашата и пред нашата генерација имаше дисциплина.

Ама генерација или две после нашата,се отиде у к**ац.

Па еве ти прост пример....кај нас у класот до 8мо незнаеја како изгледа цигар....на ниво на генерација ги знаевме кој пушат....и тие се броеја на прсти....а 3 години после мојата генерација,на мој другар брат...у негов клас само 2 девојчиња не пушеле :eek:

Исто и до 4та год....само 3-4ца дали пушеа во класот....и тоа не да речеш пушачи...туку за занимација чат пат.

И си го враќам филмот и си викам....леле у пм....колку тапа деца сме биле,ни пушење,ни скитање до сабајле...а колку интересно ни беше,и дружење и се.


Друг интересн факт....

Дали вие се сеќавате на некое дете што било во депресија???

Е сега кај модерниве деца,и тоа го има....замислете депресија кај 10годишно дете :vozbud:

Следно што е...сенилност на 15год???....климактериум на 18??
 
Брат....генерација сме.....и точно е дека нашата и пред нашата генерација имаше дисциплина.

Ама генерација или две после нашата,се отиде у к**ац.

Па еве ти прост пример....кај нас у класот до 8мо незнаеја како изгледа цигар....на ниво на генерација ги знаевме кој пушат....и тие се броеја на прсти....а 3 години после мојата генерација,на мој другар брат...у негов клас само 2 девојчиња не пушеле :eek:

Исто и до 4та год....само 3-4ца дали пушеа во класот....и тоа не да речеш пушачи...туку за занимација чат пат.

И си го враќам филмот и си викам....леле у пм....колку тапа деца сме биле,ни пушење,ни скитање до сабајле...а колку интересно ни беше,и дружење и се.


Друг интересн факт....

Дали вие се сеќавате на некое дете што било во депресија???

Е сега кај модерниве деца,и тоа го има....замислете депресија кај 10годишно дете :vozbud:

Следно што е...сенилност на 15год???....климактериум на 18??


Дада ова за цигариве потполно се сложувам стварно ги знаевме тие 2-3 што пушат али тоа е како што идат натаму генерациите се позабегани ќе бидат..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom