Фан Клуб: Тетекс - Тетово

Член од
22 март 2009
Мислења
2.356
Поени од реакции
454
Излеа у Анталија ќе ида на припреми, па сеа и на пријателски мора да се намести :D.
--- надополнето: 3 јануари 2012 во 23:34 ---

И исто нема да му го забраем пеналот што го шутна со Брегалница у куп, го имитираше Зидан :D.
 
Член од
20 февруари 2011
Мислења
300
Поени од реакции
60
http://on.net.mk/sportal/fudbal/maradona-od-tetovo
Постарите љубители на фудбалот сигурно се сеќаваат на голот на Марадона против Англија во 1986-та година. Таква мајсторија по 13 години се репризираше и во Тетово.

Главниот актер на ова видео кое го извлековме од архивите на Тетекс е Ивица Јованоски кој веќе е во пензија, а на кратко работеше и како тренер на клубот. Голот е постигнат на натпреварот од втората лига помеѓу Тетекс и Шкендија од Арачиново кој домаќините на крајот го добија со 2:0.
Видеото датира од 1998-та година, но ваква мајсторија од гол не смее да остане незабележана. Сигурно еден од најубавите погодоци постигнат на терените во Македонија.

--- надополнето: 5 јануари 2012 во 13:28 ---
Иначе го памтим тимот што го имаше Тетекс, Ике ка ја играше последната сезона добар тим имавмо Дашмир Садики и Маџаровски беа голмани играја Горан Јовановски, Нено, Чаплич лев бек не ми текнуе кој играше после играја Пикси,Кегла,Ике,Љубиша,Даре,Пупе,Мики,Бела,Блерим каква екипа :D Све деца од Тетово многу се бореја таја година ама баражот со шкендија и знаете што се деси ние у Скопје шкендија овде и бидна што бидна Ова беше екипа што играше со срце Сеа овја манекениве ќе прима 4 гола ќе наместа и ќе пикна парете у џеб ај да се надевамо дека ќе се среда некој работе...
 

Тетекс фан ^

100% МАКЕДОНЕЦ
Член од
24 јануари 2009
Мислења
2.396
Поени од реакции
883
http://on.net.mk/sportal/fudbal/maradona-od-tetovo
Постарите љубители на фудбалот сигурно се сеќаваат на голот на Марадона против Англија во 1986-та година. Таква мајсторија по 13 години се репризираше и во Тетово.

Главниот актер на ова видео кое го извлековме од архивите на Тетекс е Ивица Јованоски кој веќе е во пензија, а на кратко работеше и како тренер на клубот. Голот е постигнат на натпреварот од втората лига помеѓу Тетекс и Шкендија од Арачиново кој домаќините на крајот го добија со 2:0.
Видеото датира од 1998-та година, но ваква мајсторија од гол не смее да остане незабележана. Сигурно еден од најубавите погодоци постигнат на терените во Македонија.

--- надополнето: 5 јануари 2012 во 13:28 ---
Иначе го памтим тимот што го имаше Тетекс, Ике ка ја играше последната сезона добар тим имавмо Дашмир Садики и Маџаровски беа голмани играја Горан Јовановски, Нено, Чаплич лев бек не ми текнуе кој играше после играја Пикси,Кегла,Ике,Љубиша,Даре,Пупе,Мики,Бела,Блерим каква екипа :D Све деца од Тетово многу се бореја таја година ама баражот со шкендија и знаете што се деси ние у Скопје шкендија овде и бидна што бидна Ова беше екипа што играше со срце Сеа овја манекениве ќе прима 4 гола ќе наместа и ќе пикна парете у џеб ај да се надевамо дека ќе се среда некој работе...
Играчиште, најак играч у тие години. Играше курташак со противничките играчи. Жалам што не заигра у некој појак клуб, дефинитивно заслужи!:(
Иначе еве интересен текст, би ве интересирало сите на форумов верувајте :)
Ден за историјата на Тетово-
Требаше да се види и да се доживее тоа.На радоста и немаше крај на малиот дотраен градски стадион под Балтепе во Тетово.Повеќе од 15.000 луѓе после еден фудбалски натпревар се најдоа во прегратка со своите играчи -прволигаши.
Таа недела Тетово славеше.Тој ден,28 јуни 1981 година беше и останува дудбалски празник за Тетово,ден кога нивниот миленик Тетекс за првпат стана прволигаш.Широко беа отворени вратите за влез во најелитното фудбалско друштво во тогашна Југославија.Од тој ден Тетекс застана рамо до рамо со великаните Црвена Звезда и Партизан од Белград,Динамо од Загреб,Хајдук од Сплит ,Скопски Вардар и други.
Тоа спарно неделно попладне Тетекс играше нерешено 0:0 со Галеника во Тетово,меч за кој многу се пишуваше и зборуваше во весниците и на ТВ и радио станиците.Тетекс на тој натпревар и не мораше да победи.Доволен му беше и нерешен резултат.И Фудбалско реми го водеше во фудбалскиот џет-сет,во Првата сојузна фудбалска лига на тогашната СФР Југославија.Првата лига беше цел и дотогаш неисполнета голема желба на сите генерации фудбалери на Тетекс,а особено на таа генерација која низ првенството помина многу спортски искушенија,го победе орото на табелата од петтото коло,лавовски се бореше како никогаш дотогаш,заслужено тамо остана до крајот и - Успеа.
Да се направи тој подвиг боопшто не беше лесна работа.Патот до Првата лига беше долг и трнобит.исполнет со многу неизбесности,напорен и на физички и на психички план.Требаше сите тие притисоци да се издржат бидејќи Тетекс во текот на целото првенство во Втората сојузна фудбалска лига-Исток беше на лидерската позиција и токму поради тоа мораше да одигра,како што често зборуваше неговиот тренер Зоран Чолаковиќ,28 дерби натпревар.Со сите екипи во лигата по двапати.
Одушувањето кај навивачите на Тетекс од освојувањето на првото место беше големо и поради една друга причина.Се усште не беше подзаборавена фудбалската неправда што му беше нанесена на Тетекс четири години пред тоа.Спортски гледано на тетовскиот второчигаш ова му беше вторпат како ја освојува шампионската титула во Втората лига-Исток,а првпат официјално како станува прволигаш .Малку чудна изгледа оваа констатација,но сепак е - точна..За да го објасниме тоа ќе мора да се вратиме во натпреварувачката 1977/78 .Но за тоа - потоа ...
Тетово цело-плаво бело!
 
Член од
20 февруари 2011
Мислења
300
Поени од реакции
60
Тетово е град со најстара фудбалска традиција во Македонија.
Фудбалскиот клуб Љуботен беше формиран во далечните дваесеетти години од минатиот век и заедно со сплитски Хајдук беа најстарите клубови во СФРЈ.Во редовите на овој клуб продефилираа бројни тетовци кои меѓу населението ја всадија љубовта кон овој спорт и предонесоа фудбалот набрзо да стане најважната споредна работа на светот и во Тетовско.
Во 1953 година,само две години од постоењето на Волнарскиот комбинат"Тодор Циповски-Мерџан" познат како "Тетекс" , на 18 февруари 1953 година , по иницијатива на Андро Јанковски,тогашен комерцијален директор на Комбинатот и познатиот спортски работник и вљубеник во фудбалот Александар Апостолов,во рамките на Комбинатот беше формиран Фудбалскиот клуб ТЕКСТИЛЕЦ. Формирањето на Текстилец , кој ова име ќе го носи до 1961 година,кога ќе биде преименуван во ФК ТЕТЕКС, беше условено од потребата,како што беше тогаш речено , за развој на спортот меѓу работниците. Иницијативата ќе биде прифатена со задоволство, а Љуботен, најстариот тетовски фудбалски клуб и еден од најстарите во Македонија, ќе добие достоен ривал кој со текот на времето ќе ја надмине славата на својот постар брат.
Педесеттите години од дваесетиот век беа години на процут на фудбалскиот спорт во градот под Шар Планина.Дуелите меѓу месните ривали Текстилец и Љуботен секогаш привлекуваа голем број на гледачи на стариот градски стадион кој тогаш беше нов,ограден со зидови и со изградена бетонска тибина во 1952 година.Тоа беа вистински спортски настани за градот и околината,кои беа предмет на разговори долго пред тие да се одиграат и долго време потоа.Единствено речено градот живееше со фудбалот и за фудбалот.Симпатизерите на фудбалот во Тетово се поделија на два табота, а меѓу екипите се разви здрава конкуренција која неминовно водеше кон повисок
Оснивачкото собрани на Фк Текстилец се одржа во просториите на Комбинатот на 18 февруари 1953 година.
Еден ден зимата 1953 година ме повика Андро Јанковски, кој тогаш беше комерцијален директор и заменик на генералниот директор Стипе Мартиновски - се сеќава Михајло Гашевски - Чанак, кој тогаш работел како главен книговодител во Комбинатот. - Со Андро бевме другари уште од детството , и ми рече дека треба да формираме фудбалски клуб кој ќе го рекламира Комбинатот. Набрзо потоа го одржавме основачкото собрание на кое беа присутни Андро Јанковски,Михајло Гашевски,Илија Цветановски-Сребрендирек, Александар Апостолов-Цале , Ибро (на чие презиме не се сеќава), Миле Марковиќ-Црногорец , Стојан Димевски-Јогун, Симо Серафимовски-Скаут , Димко Абаз и други. За претседател на клубот беше избран Андро Јанковски, а за секретар Александар Апостолов-Цале, кој доби задача да оди во Скопје и да го регистрира клубот во Фудбалскиот сојуз на Македонија.Јас бев избран за прв тренер на екипата.
Веднаш потоа , се сеќава Михајло Гашевски, пристапивме кон прибирање на играчи и составување на екипата. Најпрвин во клубот ги зачленивме оние фудбалери кои настапуваа за месните клубови Љуботен и Работник, а беа работници во Комбинатот. Први на клубот му престапија Драгомир Митревски-Гаге, Симче и Бранко Аврамовски - Аликас , Живко Јовановски - Сељакот , Михајло Савоски, Милутин Мањак, Димко Абаз, Миле Марковиќ, Баџо Халил, Душко Васовски-Главуч, Живко Глигуриевски-Минц(Голман) , Екрем Незири, Томче Богдановски-Жаба(берберот) и други. За помошник тренер го ангажиравме познатиот фудбалски вљубеник Момир Наумовски - Мошо.
Михајло Гашевски - Чанак е роден 1922 година во Тетово. Фудбалските вештини почна да изучува како ученик пред Втората светска војна најпрвин во тогашниот клуб "Трговачки" а потоа во "Обилиќ" кој бил формиран во Брезјанско и Долно Маало. Во годините на окупација неколку пати ќе настапува за градската тетовска репрезентација во натпреварите со избраниот тим на италијанската окупаторска војска стационирана во Тетово на местото крај старото градско игралиште. Повеќе од половината играчи на италијанскиот тим биле фудбалска репрезентација предводена од голманот Оливеира. Постарите тетовци убаво се сеќаваат на еден тежок пораз на Италијаните од 8:4 и на најавата на репрезентативниот голман дека ниту Англиската репрезентација не му дала толку многу голови на еден натпревар. По растурувањето на Обилиќ како лева полутка ке игра во Љуботен ( од 1945-1950 ).
Михајло Гашовски беше на залезот на својата фудбалска кариера, но и со доволно големо искуство успешно да ја предводи новосоздадената екипа на Текстилец...

Неколку денови по оснивањето на Текстилец Андро Јанковски ќе добие одобрение од генералниот директор Стипе Мартиновски да собира отпаден материјал (старо железо и хартија). Акцијата широко е прифатена од работниците,собраниот материјал продаден во отпад, а со парите Александар Апостолов-Цале заминал за Белград кај Александар Паштровиќ кој порано живеел во Тетово, а тогаш во Белград бил секретар на фудбалскиот сојуз на Југославија. Со негова помош Цале ќе купи коплет фудбалска опрема за две екипи. Во Тетово ќе се врати со бели дресови, копачки , штуцни, цеваници...
Новоформираниот тим на Текстилец првиот фудбалски натпревар ќе го одигра на 25 мај 1953 година со екипата на Гарнизонот на ЈНА во Тетово каде воениот рок го служеја фудбалери од повеќе прволигашки и второлигашки тимови од земјата. Текстилците кога се појавија на теренот личеа на англиска репрезентација со новите дресови , но тоа не беше доволно да победат. Се покажа дека бојот не се бие со светло оружје туку....СО СРЦЕ ЈУНАЧКО, МНОГУ ТРЕНИНЗИ И ФУДБАЛСКО ЗНАЕЊЕ.
Есента Текстилец се вклучи во натпреварите во Тетовската зона и станува првак со само два примени гола во текот на сите натпревари,што секако е податок за книгата на Рипли.Како првопласирана екипа во Тетовската зона Текстилец пролета 1954 година играше квалификации за влегување во Скопскиот фудбалски потсојуз со екипата на Крива Паланка.Првиот натпревар се играше на игралиштето крај Крива Река, кој остан запаметен по една речиси неверојатна случка, за која и денес по толку години се раскажува.
Пред почетокот на натпреварот на теренот се појави еден поп кој веднаш по изборот на страните ќе го "прочати" и како да го маѓепса голот на кривопаланчаните.Тетовските текстилци беаа тие што цело време напаѓаа, но топката никако не сакаше да влезе во голот и да се затресе мрежата на кривопаланчаните. Во второто полувреме се случи уште едно "чудо" Текстилец прими гол од средината на теренот. Голманот Живко Глигуриевски-Минц , кој речиси целиот натпревар го помина потпрен на стативата без работа, неочекуваното ќе биде приморан да ја вади топката од сопствената мрежа која мина крај него полека едвај преминувајќи ја гол-линијата. Тој остана заспан и глув на нашите предупредувања. Залудно викавме по него.
Тој, се додека топката не ја прескочи гол-линијата , остана неподвижен.
Следната недела се играше реваншот во Тетово. Гостите дојдоа од Крива Паланка со еден гол предност , а се вратија со 14 голови во мрежата.
Разликата во квалитетот беше голема , а овој пат без молитвата на попот беа немоќни. Господ како да им го заврте грбот во тие мигови. - Оваа случка ни ја раскажа Михајло Гашевски.
Текстилец се избори за пласман во Скопскиот фудбалски потсојуз и со двете победи во квалификационите натпревари и со скопски Градител, која екипата беше двапати совладана , со резултат 3:0 во Тетово и 1:2 во Скопје.
Следеа сериозни подготовски пред стартот на првенствената 1954/56 година. Веќе во второто коло на 12 септември се сретнаа Текстилец и Љуботен. Овој прв официјален натпревар заврши нерешено 1:1. На крајот од првенството Текстилец беше осми, а Љуботен трети. Во првентвото 1955/56 текстилците беа трети.
Следната натпреварувачка сезона Текстилец избори пласман кој му овозможи за првпат да игра квалификации за влегување во Македонската фудбалска лига. На почетокот од летото во 1957 година конкуренти за МФЛ му беа Ворец од Велес и Напредок од Кичево. На 26 јуни караван од 2-3 илјади тетовци заминаа за (Титов) Велес да го следи квалификациониот натпревар со Борец. Тетовските текстилци неславно го завршија овој натпревар со висок пораз од 4:1. Но , ако не успеаја да ги зарадуваат бројните навивачи кое со нив отпатуваа во (Титов) Велес , следната недела во Тетово им приредија вистинско задоволство и уживање наполнувајќи им ја мрежата на велешани со 5 гола. Престоеше уште еден квалификационен натпревар со Напредок од Кичево. Во Кичево беше совладан со 5:0 и речиси никој не веруваше дека во Тетово може да се постигне гол повеќе. Меѓутоа , Текстилците беа решени да го направат можно и неможното. Потполно ќе успеаја ако одлуката кој ќе биде новиот републички лигаш не беше донесена порано од некои фудбалски моќници во Скопје. Кога тетовците на фудбалското борилиште беа на прагот да ја остварат желбата , вратата во МФЛ мораше да ја затвора судијата. Текстилец постигна десетина сосем регуларни голови од кои судијата призна само 4. Пасошот неправедно им беше визиран на кичевчани.
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.320
Поени од реакции
2.846
Тој Томче Богданоски Жаба е чичко на татко ми а синојте негови можеа да станат едни од најдобрите фудбалери во македонија но за жал еден поради жена а друг од мангуплог се пропи. Али кажуват додека играле сите мајмуни ги правеле другите играчи..
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.502
Поени од реакции
2.805
Честит Бадник и Божиќ и нека е за многу години :) !!!
 

DUKESSINCE1988

THE DUKE LORD
Член од
20 јануари 2011
Мислења
260
Поени од реакции
46
нека ни е ЧЕСТИТ БАДНИК и РОЖДЕНСТВО ХРИСТОВО БОЖИЌ.а кој ќе иде на б'дња баба да собере појќе паре ;).
 
Член од
20 февруари 2011
Мислења
300
Поени од реакции
60
на сите православни верници каде и да се им го честитаме престојниот празник, Христовото раѓање-Божик, најголемиот христијански празник, воедно им посакуваме многу здравје, мир, среќа и секое добро во нивните семејства.
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.317
Поени од реакции
3.378
Демири во „ветената“ земја

Договорот на Ертан Демири со екипата на Тетекс заврши. Голема е веројатноста дека „текстилците“ остануваат без еден од своите клучни фудбалери. Сосема нормално „штофарите“ му нудат нов договор, но минимални се шансите истиот да биде продолжен.
Како што дознаваме Демири е на добар пат да се врати во С.Арабија и за неговите услуги е заинтересирана богата екипа . Пред да дојде во Тетекс, настапуваше во оваа земја за екипата на Ал.Тавон. До крајот на оваа недела ќе се знае и името на неговата нова екипа. Демири до сега има настапено за: Слога Југомагнет, Вардар, Работнички, Локерен, Металург и Ал Тавон.
Тетекс подготовките ги започнува на 15 јануари во Тетово. Во февруари тие, десетина,а можно е и повеќе денови ќе бидат во компексот „Истатов“ каде што преку тренинг и контролни средби ќе се обидат да ја достигнат посакуваната форма. Најавено е пристигнување на уште неколкумина проверени домашни фудбалери. Да потсетиме до сега потпиша само голманот Јорде Георгиевски. Со цел дилемата околу опстанокот да биде решена уште по првите неколку пролетни кола, најавени се 2-3 интернационалци.
Nesto povece za koi fudbaleri stanuva zbor da ne znaete ??? ( izvinite za latinicava )
--- надополнето: 9 јануари 2012 во 17:47 ---
Демири во „ветената“ земја

Договорот на Ертан Демири со екипата на Тетекс заврши. Голема е веројатноста дека „текстилците“ остануваат без еден од своите клучни фудбалери. Сосема нормално „штофарите“ му нудат нов договор, но минимални се шансите истиот да биде продолжен.
Како што дознаваме Демири е на добар пат да се врати во С.Арабија и за неговите услуги е заинтересирана богата екипа . Пред да дојде во Тетекс, настапуваше во оваа земја за екипата на Ал.Тавон. До крајот на оваа недела ќе се знае и името на неговата нова екипа. Демири до сега има настапено за: Слога Југомагнет, Вардар, Работнички, Локерен, Металург и Ал Тавон.
Тетекс подготовките ги започнува на 15 јануари во Тетово. Во февруари тие, десетина,а можно е и повеќе денови ќе бидат во компексот „Истатов“ каде што преку тренинг и контролни средби ќе се обидат да ја достигнат посакуваната форма. Најавено е пристигнување на уште неколкумина проверени домашни фудбалери. Да потсетиме до сега потпиша само голманот Јорде Георгиевски. Со цел дилемата околу опстанокот да биде решена уште по првите неколку пролетни кола, најавени се 2-3 интернационалци.
Nesto povece za koi fudbaleri stanuva zbor da ne znaete ??? ( izvinite za latinicava )
 
Член од
20 февруари 2011
Мислења
300
Поени од реакции
60
Текстилец републички лигаш


Она што не им успеа на текстилците во претходната година се оствари во 1958 година. Освоеното прво место во Скопскиот фудбалски потсојуз значеше право на учество во квалификациите, овој пат со Прилеп од истоимениот град и Вардар од Неготино. Прилепската екипа во Тетово беше надиграна и поразена катастофално 6:0 , а победа беше прославена и во Прилеп (2:4). Најзаслужен за успехот на текстилците беше Гаге Митревски кој беше стрелец на 5 гола (4 во Тетово и 2 во Прилеп).
Квалификациониот натпревар со Вардар од Неготино во Тетово ќе остане запаметен по еден интересен момент. Првата средба во Неготино беше завршена со победа на домаќините од 2:0 . Двата гола неготинчани ги постигнале пред крај на средбата. Првиот гол беше постигнат во 85 минута од пенал, а вториот само три минути подоцна. Во реваншот, на 20 минути пред крајот на тетовската средба , судијата го прекина натпреварот. Гостите , не можејќи спортски да го поднесат високото водство на домаќините од 4:0 се однесуваа неспортски. Меѓународниот судија Трајан Ивановски од Скопје на еден вардаров играч му покажа патот кон соблекувалната. Тој го напушти во еден момент игралиштето и натпреварот продолжи. Кога по извесно време делителот на правдата забележа дека исклучениот играч повторно се вратил на теренот, не му остана ништо друго освен да го прекине натпреварот 20 минути пред истекот на регуларното време и тој да биде регистриран со службен резултат од 3:0 за домашните. Текстилец со оваа победа ја отстрани и последната пречка за пласман во повисок ранг на натпреварите и официјално стана републички лигаш..
Продолжение на книгата " Кога Тетексовото фудбалско сонце беше во зенитот" Од Владимир Кочоски
 
Член од
20 февруари 2011
Мислења
300
Поени од реакции
60
Иначе што бидна со засилувањава у клубов ? Демири се збори дека ќе иде и Бурхан ако најде добра понуда од странсво освен Јорде дојде некој друг Бујчевски потпиша за нас ?
 
Член од
20 февруари 2011
Мислења
300
Поени од реакции
60
http://a7.sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc7/379067_272568562807240_100001622959976_813851_1606952498_n.jpg

http://a2.sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc7/404307_272569412807155_100001622959976_813854_1126216164_n.jpg

Интервју со ВОЈВОДИ во 2000 година за списание Компас

Идемо со нешто ретро и интересно
Извадок од Македонски спорт 3 Мај 2000 година...Војводите каменувале навивачи од шкендија хб


Војводите каменувале навивачи од шкендија хб
Поголема група навивачи на фудбалскиот клуб Тетекс завчера го нарушила јавниот ред и мир во Тетово, каменувајќи ги навивачите на шкендија хб и возилата кои биле паркирани во близина на стадионот. Според МВР , навивачката група на Тетекс "Војводи" , сакала без влезници да влезе на стадионот за да го бодри својот клуб во натпреварот против шкендија хб. Навивачите биле спречени во намерата и налутени почнале да флаат камења кон јужната трибина од стадионот(тогашна главна трибина) , каде што се наоѓале навивачите на шкендија хб. Во тој момент пристигнале неколку полицајци за да ги смират навивачите, меѓутоа тие исто така биле каменувани. Притоа биле повредени тројца полицајци и три лица(албанци) кои случајно минувале крај стадионот. Навивачката група потоа тргнала кон улицата Тоска, каде што оштетила 27 паркирани возила , меѓу кои и три воени возила на КФОР од германскиот контингер на војници.
Тетовската полиција работи на идентификување на сите учесници во овој инцидент за да покрене прекршочни пријави против нив.Истрагата е во тек. (Д.Н.)
Продолжение на книгата за Тетекс...
Неискуството во новата средина си го наплати својот данок. Текстилец натпреварувачката 1958/59 година ја заврши на претпоследната 11-та позиција, што не беше доволно за опстанок во лигата. По само едно лето поминато во МФЛ повторно се најде во Скопскиот фудбалски потсојуз. Се мислеше дека враќањето во МФЛ ќе биде брзо , но во фудбалот, впрочем , како и во животот се не оди како што се мисли. Честопати домашниот есап на пазарот не излегува. Оваа народна изрека се потврди повеќе пати. Текстилец 1959/60 година стигна до четвртото место. Во 1960/61 Љуботен беше првак , а Текстилец осми. Враќањето на Текстилец, сега веќе со ново име како Тетекс , во најелитното републичко фудбалско друштво беше во 1962 година , што значеше отварање вратите кон повисоки дострели.
Фк Текстилец под ова име настапуваше се до ноември 1961 година. Волнарскиот комбинат Тодор Циповски - Мерџан веќе имаше десетгодишно работно искуство зад себе и стануваше се попознат во тогашните југословенски граници со името ТЕТЕКС, сложенка изведена од зборовите Тетово и текстил. Името Текстилец звучеше по малку анхроно. Требаше нешто да се менува. Требаше да се прифати ново име што ќе го рекламира комбинатот и ќе има маркетиншка функција за комбинатот. Иницијативата за промена на името повторно дојде од самите членови на фудбалскиот клуб.
Преименувањето во Тетекс беше извршено на Годишното собрание на клубот што беше одржано кон крајот на ноември 1961 година во салата на поренешното кино "19 Ноември" што се наоѓаше на улицата Тодор Циповски Мерџан. Со собранието раководеше претседателот на клубот Иван Ледиќ. Пред присутните писмениот предлог со ображението за промена на името од Текстилец во Тетекс му беше даден да го прочита Бошко Јовановски - Пипа, тогаш најмладиот првотимец во екипата, кој имаше само 16 години. Предлогот од присутните е прифатен со акламација

Како минуваа годините екипата на Тетекс зрееше. Првата генерација фудбалери веќе беше на залез на својата фудбалска кариера, но затоа имаа достојни заменици во младите кои тукушто нараснуваа за да го облечат белиот дрес и да ги бранат боите на клубот. Гаге Митревски на почетокот од шеесетите години ќе се прости од активно играње и ќе ја преземе диригентската палка. Неговото место во нападот ќе го преземе Слободан Соколовиќ - Бодо , сигурно еден од најдобрите фудбалери кој некогаш играл во Тетекс , потоа Коста Јакимовски - Маровиќ(центархалф) , Саре Вучевски(голман) , Александар Шуменковски , кој неколку години ќе биде најефикасниот напаѓач во МФЛ и многу други.
Тоа беше време на зреење и на Комбинатот кој беше во подем. Постојано се подобруваа условите за работа на фудбалскиот клуб , а со тоа растеа и амбициите и на фудбалерите и на управата и на навивачите кои беа се побројни. Постепено квалитетот ги надраснуваше можностите за натпревар во МФЛ. Се поизразена стануваше желбата за освојување на првото место и пласирање во повисок ранг на натпреварите , во Втората сојузна фудбалска лига. Тоа за малку и ќе се оствареше уште во 1965 година кога среќата за првпат им го сврте грбот.
Во квалификациите Тетекс двата натпревари ги загуби од Ловќен од Цетиње (2:0 во Цетиње и 1:2 во Тетово) , а потоа и од Слобода од Титово Ужице ( 1:0 во Ужице и 1:2 во Тетово ).
Но , тоа што не беше реализирано тогаш , стана реалност четири години подоцна. Тетекс веќе имаше драгоцено искуство и двалитети да се најде во второлигашката конкуренција. Сонот на текстилците и на сите љубители на фудбалот во тетовскиот регион почна да се остварува. Тоа што не можеа да го остварат претходните генерации, им појде од рака на Вучевски, Неделковски, Јовановски, Јакимовски, Влажевски , Абазовиќ, Жиров , Форчевски , Абази , Димков , Апостолоски,(Коцески) , предводени од амбициозниот тренер Драгомир Митревски.
Тетекс во натпреварувачката сезона 1968/69 какопрвопласираната екипа во МФЛ требаше да игра квалификации за влегување во Втората сојузна фудбалска лига - Исток со Влазними. Ждрепката сакаше првиот квалификационен натпревар да се одигра во Тетово. На стариот Градски стадион пред неколку илјади гледачи Тетовците славеа победа од 1:0. Натпреварот го водеше судијата Љубомир Вењковиќ од Белград. Стрелец на единствениот гол беше Димков во 18 минута од пенал. За Тетекс настапија: Вучевски , Неделковски , Јовановски , Блажевски , Јакимовски , Абазовиќ , Апостоловски ( Заковски) , Форчевски , Димков , Жиров , Анастасовски ( Спасовски).
На 13 јули 1969 година се играше реванш-натпреварот на жешкиот терен во Ѓаковица ( Косово ). Текстилците лавовски се бореа и успеваа навреме да ги сопрат фуриозните напади на домаќините и на крајот да ја сочуваат својата мрежа. Натпреварот заврши со нерешен резултат (0:0), што беше рамно на пораз за домашните фудбалери. Не можејќи спотски да го поднесат за нив неповолниот резултат , разочараните гледачи игралиштето го опсипа со празни шишиња и камења,кои, според очевидците достигнувале и тежина од половина килограм. Повредени се Жиров , Форчевски , Блажевски , Абазовиќ , по некоја тупаница добија и другите, но за среќа без некои посериозни последици. По двочасовната блокада од разлувената толпа , со помош на милицијата тетексовата експидиција ќе го напушти стадионот во Ѓаковица.
Слатките соништа станаа реалност. Есента Тетекс успешно стартуваше во новата средина - во Втората сојузна фудбалска лига - исток. Во натпреварувачката 1969/70 година под водство на тренерот Миленце Петровиќ го зазеде 13-то место.
Следната сезона со тренерот Чеслав Божиновски тетексовци на 17 натпревари освоија исто толку бодови и се пласираа на деветтата позиција на табелата, додека во натпреварувачката 1971/72 обезбедија пласман на 16-та позиција, што не беше доволно за опстанок. Меѓутоа Тетекс се спаси од испаѓање благодарение на тоа што екипата на Бор се пласираше во Првата сојузна фудбалска лига.
Сепак, се случи она што изгледа мораше да се случи. Веќе следната 1972/73 натпреварувачка сезона со тренерот Јован Кашанин го следеше несреќата. Игрите и резултатите не беа така лоши. Првенството Тетекс го заврши на доброто десетто место. Меѓутоа , тој пласман не ветуваше спокоен сон. Поради реорганизација на системот на натпревари Тетовскиот второлигаш, заедно со уште пет други клубови, мораше да се пресели назад во Македонската фудбалска лига.

Сепак, во натпреварувачката сезона 1973/74 се покажа дека противниците во МФЛ не му се дораснати, односно дека местото на Тетекс му е во Втората сојузна лига . По смената на тренерите Јане Јаневски и Александар Вукотиќ, веќе есента во наредната 1975 година се врати меѓу второлигашите, кога го освои 12-то место , а во наредната 1975/76 година раководен од тренерот Момо Илиќ, се искачи на одличното 4-то место. Високиот пласман во предходната сезона како да ги охрабри тетовските текстилци, им ги зголеми апетитете, им ги подгреа надежите за нов возлет во непознатото, во посакуваното. Следната натпреварувачка 1976/77 година следи уште едно тестирање на сопствените сили. Успешно. Со доаѓање на Фрањо Пазмањ за шев на стручниот штаб на Тетекс го освојува петтото место во силна конкуренција. Создадена е цврста , хомогена и добро уиграна екипа способна за големи подвизи. Одлуката е да не се запира и да се задоволат фудбалските страсти со постигнатото, туку да се оди напред , да се јуриша кон Првата лига.
Следат подготовки, се создава атмосфера во Тетово за големи спортски дела. Ривалитетот меѓу Тетекс и Љуботен веќе не е битен. Постои голема разлика во квалитетот. Ривалите почнуваат да се бараат на ниво на тогашна Република Македонија како дел од СФРЈ, пред се во името на најтрофејниот македонски клуб Вардар.
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.317
Поени од реакции
3.378
Vance Manceski golmanot i Aleksandar Stojanoski go napustaat Teteks i preminuvaat vo FK Ohrid...Se poizvesno e i deka Demiri ce si zamine...Kaj se zasiluvanjata ??? Pa vakov golman tesko deka ce najdemo kako Vance,pa i Ace uboo se snaogjase :confused: nevidena rabota sve mafijasi i dileri ni nosa u klub...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom