PARTY на плажа

  • Креатор на темата Креатор на темата Mar-Teen
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.848
Локација
Скопје
Вакви забави кај нас во Скопје од скоро почнаа да прават откако се направија плажите. Јас до сега не сум бил на Скопските плажи на забави. Охрид е познат по забавите на плажи навечер во Македонија.
Што мислите за ваква идеа, дали би требало да се направи ова и во Дојран?
Скопје исто така има градски плажи, но не е тоа - тоа како што е во Охрид, но пак имаме некоја си забава на плажите.
Дали се исплати да се има журки на плажите и преку ден и преку ноќ кај нас (Македонија)?
Дали и колку се плаќа дозвола за организација на журки на плажа?

Што мислите вие за ова? Некое искуство во странство што сте биле на ваква журка?
Има на Ибица, Мајорка, Закинтос итн многу добри Beach Parties, но кај нас нешто слабо се, освен во Охрид. Дојран, Преспа, Скопје слабо со ова.

Добро е и што во Охрид има но далеку се од тие што се во Грција, Бугарија итн.
 
За Дојран не знам дали имаат убава плажа.
Во Дојран бев минатово лето 2011, 4-5 дена и искрено никогаш повеќе не би отишол. Езерото катастрофа, плажите катастрофа, цената за сместување катастрофа (350 денари по човек, во соба со два кревета и плакар) ноќниот живот катастрофа(бидејки идат све млади парови со мали дечиња). Најмногу промет во дојран имаа вовчињата и рингишпилот,и рестораните, а во кафичите (локалите за помлади) на плажа живо пиле немаше. Толку од мене.
 
Треба во дојран да се прават вакви забави или нешто слично,треба нови места да се отварат и почесто журки да се прават а сето тоа да биде подржано со добри менагери и да се промовира сето тоа
 
За Дојран не знам дали имаат убава плажа.
Во Дојран бев минатово лето 2011, 4-5 дена и искрено никогаш повеќе не би отишол. Езерото катастрофа, плажите катастрофа, цената за сместување катастрофа (350 денари по човек, во соба со два кревета и плакар) ноќниот живот катастрофа(бидејки идат све млади парови со мали дечиња). Најмногу промет во дојран имаа вовчињата и рингишпилот,и рестораните, а во кафичите (локалите за помлади) на плажа живо пиле немаше. Толку од мене.

Епа мало место е, во иднина ќе се погрижат за тоа најверојатно или им отиде туризмот во вода. Јас сум секое лето таму и напредок нема, нема ноќен живот, плажите исти (а и веќе градска нема поплавена е скоро). Така да ако сакаат да прават журки на плажа само на Партизан и од другите во негова близина. А Алекс Бич веќе од поодамна прават журки, но никогаш не сум бил. Како што кажуваат не е лошо ко за Дојран.
Јас мислам дека можат да направат голем бизнис со ова журките на плажа. Само да се обезбеди простор, менаџер, дозвола ако треба да се вади, и нормално, да не се некои уџум цени.
 
Бев на реге фестивалот лани што беше на една од градските плажи под новиот театар и супер си поминав, не мириса на фекалии како што некој кажуваaт. Зашто да не секаде нека има вакви журки. Факт е дека Охрид, Струга и Дојран ќе привлечат повеќе луѓе затоа што има и многу туристи и сосема нормално е тоа дневна и ноќна шема имаат. Добар беше Аларам пред некоја година во Љубаниште. Ама дека еден ден ќе ги достигнеме Ибица, Паг(Зрче) и Миконос никогаш тоа нема да се случи.
 
А каква е ситуацијата на преспанско езеро?
Има ли таму потенцијал да се развие нешто за младите?
 
Бев на реге фестивалот лани што беше на една од градските плажи под новиот театар и супер си поминав, не мириса на фекалии како што некој кажуваaт. Зашто да не секаде нека има вакви журки. Факт е дека Охрид, Струга и Дојран ќе привлечат повеќе луѓе затоа што има и многу туристи и сосема нормално е тоа дневна и ноќна шема имаат. Добар беше Аларам пред некоја година во Љубаниште. Ама дека еден ден ќе ги достигнеме Ибица, Паг(Зрче) и Миконос никогаш тоа нема да се случи.

Всушност луѓето го прават посебно тоа место (океј голем дел има и местоположбата и изгледот на плажите) кај нас уште е табу тоа.
Не сум бил ама една од многуте животни желби ми е и таа да одам на ваква забава на попознатите места :D
 
Во право си. Тоа се места наменски создадени за таков тип на журка, каде што никој од локалното население нема да штрајкува дека му смета музиката и вревата од туристите. На сите ни е желба да отидеме тука ;)
 
Тоа во Охрид во споредба со Флорида и слични, не може да се нарече журка.
 
sega za sega ohrid e top mesto za zurka na plaza
dojran se uste ne e toa toa,a za zurka na plaza denski neznam kaj nas kolku ke bide uspesna :)
--- надополнето: 14 јануари 2012 во 23:33 ---
sega za sega ohrid e top mesto za zurka na plaza
dojran se uste ne e toa toa,a za zurka na plaza denski neznam kaj nas kolku ke bide uspesna :)
 
Ама треба и денски журки да има. Али штета што немаат стратегија и идеа како да го направат тоа. Треба некогаш да излезат од охрид и да го видат светот надвор од нашава држава. Да видат како се прават денски и ноќни забави на плажа. Ем повеќе народ ќе соберат, ем повеќе пари ќе направат, ем среќни сите.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom