Македонија најмизерна земја на светот

P

Princ

Гостин
Dr.Chase, зарем сериозно гледаш потреба да се оспори табелава?



Побогу, во вториот ред веќе пишува: Процент на невработени плус процент на инфлација. Морав да преведам затоашто слабо англиски владеење на форумов.
Не велам дека е супер во земјава, но преку стап ми е власта да ме убедува дека е рај во земјава, а опозицијата дека е мизерија. Знам како е во земјава, тукушто си ја проверив банкарската сметка. Не е рај, и не е мизерија. Океј е.
На крај краишта, прочитајте ги и коментарите од изворот. Никој разумен (под разумен подразбирам некој што не го интересира ни власт ни опозиција) не се согласува со "топ листата". Значи странци, луѓе што веројатно не чуле за ВМРО и СДСМ, не се согласуваат воопшто со табелата и всушност ја исмеваат.
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Добро, еве јас и ти живееме во тие 70%, ама табелата е за тие други 30 и кусур проценти шо незнам за тебе ама јас ги гледам цело време пред мене и ми е криво, ми е криво кога еден студент не може да си дозволи хамбугер и кока кола секој ден. Ок не сме подоле од Сомалија и Уганда, ако тоа ве прави среќни за да речете, не сме таква мизерија како што сакаат да ни прикажат. Не сме.
 
P

Princ

Гостин
Процентот на луѓето што не можат да си дозволат хамбургер и кока кола секој ден (јако нездраво патем, мал офтопик) е многу помал од горенаведените 30%. Сега ако се инаетиме океј, ќе се повлечам од темава, ама ако збориме искрено луѓе што немаат ни 100 денари дневно а навистина сакаат да ги имаат се ситна и сосем нормална бројка. И во Америка има клошари. Во Германија сред Дизелдорф ми бараа цигара, затоашто немаше клошарот.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.322
Поени од реакции
15.576
Прв пат денеска дознаев за овој индекс.

Ако се разгледува овој индекс издвоено од останатите, сигурно ќе даде искривена слика.

Самото по себе, индексот, колку е поголем не значи дека земјата е мизерна или граѓаните живеат мизерен живот од некоја друга земја поради x и y фактори кои не се земени во предвид. Може да е еден индикатор дека земјата се движи во таа насока, патем полошо е 20 % невработеност со 20% инфлација отколку овој сегашен сооднос.

Табелава не ни покажа ништо ново и нито што веќе не го знаевме, добро освен Цитро кој не умее и не смее да ја прифати реалноста, за другите е веќе видено, само кога може да се фалиме со Дуинг Бизнис, слободно може сега и да ја трпиме наградата Најмизерни, ако сме таков рај каков што се претставуваме ова не треба да не засега, или да?...

Патем ова погоре е само мое лаичко мислење, може да има економски нелогичности, но сепак, поентата е тука.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Моја грешка, 3.9%.
Сепак останува фактот дека пресметкава е баш за основци. Процент на невработеност плус процент на инфлација, и бам мизерија.
На крај краишта, погледнете малку од позитивната страна... најпосле први сме во нешто. А каде-каде е подобро да си прв во село отколку последен во град.
Принц знаеш ли воопшто што покажуваат параметрите невработеност и инфлација? Чекај да ти помогнам:
Невработеност+инфлација = сиромашни лица во земјата

Процент на сиромашни лица (2010) : 30.9 %
http://www.stat.gov.mk/OblastOpsto.aspx?id=13

Еве да не рече некој не се служиме со владини податоци.
 

TheIks

Fork & spoon operator
Член од
1 октомври 2007
Мислења
712
Поени од реакции
469
Еве уште еден индекс - показател на општата добросостојба, односно како показател на развиеноста на една земја.

Според ХДИ за 2011, се наоѓаме во земјите со висок индекс на човечки развој.
Чудно...
HDI е исто така интересен и за разлика од овој индек на мизерија - добро познат.
Еве ја листата. Македонија е во земји со висок степен на човечки развој, но има и еден уште повисок степен каде што има дури 47 земји! Македонија е на 78-мо место од преку 180 земји. Во однос на 2010, падната е 2 места. Пресметај колку европски (не само ЕУ) земји се под Македонија.
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Само парното е 4100 денари. Зошто лажеш. Или онака, ова за себе си го кажуваш , во стилот мене ми е убаво, вас кој ве е*е.
А ти текнало можеби дека не се греам на парно !? И нормално дека ми е убаво, особено околу 20-25тиот ден во месецот, кога се пребројувам уште колку пари иам за до крај на истиот и дали ќе ми стигнат.
--- надополнето: 10 јануари 2012 во 10:44 ---
Кралу наш , ако може да ми напишеш што јадеш за 100 евра месечно , што е толку кралски ?
200 денари на ден = Леб , Млеко , кафе и тоалетна хартија . ПРетпоставувам си сам. Ако издржаваш и фамилија нема потреба ни од дискусија....
Крал ... у јеее... Фала на комплиментот. :D

Јадам леб и паштета. Ја размачкувам паштетата на целиот леб. Не е битен слојот, битно е лебот да има барем мирис на паштета.
Тоалетна не купувам. Купувам весник. Читам колку се живее прекрасно во Македонија и потоа се бришам со таквите наслови. Ем се информирам, ем си вршам нужда. ;)

Абе ако знаеш како, можеш да живееш кралски во земјава.

пс. зар на сите посебно треба да ја објаснувам иронијата во првиот коментар!?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Јас „ да си ја свртам водата на мојата воденица “
Како можеме да бидеме „ мизерни “ кога имаме и плаќаме за рампи, зони и пајак-возила?
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.311
Поени од реакции
18.370
Ја не глеам причина да го оспорувам,така е...се зима мала плата и тешко се стига,треба вештина за преживување.Али да ме убедуваш дека да зимаш 300 евра е помизерно од тоа да зимаш 1 долар за 1 недела работа ко у пакистан или незз каде,е ван здрав разум.Или некој вровец да ми тролува дека е подобро 300 евра да зимаш него 2000 евра ко у странство.
За тие 30%,така и ке остане се додека владата толерира сива економија за да спречи социјални немири..А ние мулињата ке си плаќаме даноци.Реално сликата гледајте секогаш измењу влас и опозција,вистината е негде на средина.А следен пат коа ке ти биде жал што е толку мизерен животот на некој,помогни им ти...ке сватиш колку е беспотребно тоа.Човек што не се снашол сам у животот до сеа ни господ не му помага..Дали Америка или тука исто ти е дали ке просиш пред Гтц или у Менхетен.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Јас мислам кога ова ќе го запримети и нашата ценета влада веднаш ќе реагира соодветно.

Очекувам бројката на невработеност до крајот на годинава мистериозно да падне под 10%:D


Ебате Европејците они нас ќе ни кажуваат колку сме мизерни.

Сега кога ќе почнат првите свадби и веридби во Портата на Триумфот (само некако не се сеќавам кога тоа сме триумфирале ама ај) ќе види Европа дали сме мизерни.

Ќе им покажеме на проклетите Европејци дека и во сета таа мизерија со крената глава и портокалова маица со сонцето сме горд народ.

Немора да јадеме , не мора да работиме, важно е дека сме Горди Потомци на Воинот на Коњ, син на Таткото на Воинот на Коњ кој допрва ќе ги разгали нашите срца!:cuc: Дали Европејците може да го кажат истото?:sneaky:


п.с. Господе Боже ако треба да се симнеш по втор пат - време ти е. Отидено е се у курац.
 
H

HoT IcE

Гостин
Колку е нерелевантен графиконов тоа е чудо.
Нема шанси Македонија да биде најмизерна земја во светот. Побогу, има многу помизерни од нас, зарем во Африка и Азија нема помизерни земји со посиромашен и невработен народ од нас.
Плус кога на графиконов ги прочитав Грција, Шпанија, Германија доволно ми кажа.

Се согласувам со Принц.
Мислам дека проблемот во Македонија е во менталитет на народот, луѓето неможат да се помират со новиот капиталистички систем, уште страдаат по Југославија, и научиле или да биде крајно мизерно и сиромашно, или да живеат како Богови(читај Југославија).
Кога објективно ќе се земе во обзир што се дешаваше во Македнија, и какви шанси се прокоцкаа со одредеи инвестици(читај Ауди) и уште многу други со кои сакаа да профитираа одредени политичари, Македонија се и добро држи.
Ситуацијата не е мизерна, не е ниту совршена, како што кажа Принц, океј е, но лично според мене Македонија има капацитет и е на добар пат да се подобрува ситуацијата.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Колку е нерелевантен графиконов тоа е чудо.
Нема шанси Македонија да биде најмизерна земја во светот. Побогу, има многу помизерни од нас, зарем во Африка и Азија нема помизерни земји со посиромашен и невработен народ од нас.
Плус кога на графиконов ги прочитав Грција, Шпанија, Германија доволно ми кажа.

Се согласувам со Принц.
Мислам дека проблемот во Македонија е во менталитет на народот, луѓето неможат да се помират со новиот капиталистички систем, уште страдаат по Југославија, и научиле или да биде крајно мизерно и сиромашно, или да живеат како Богови(читај Југославија).
Кога објективно ќе се земе во обзир што се дешаваше во Македнија, и какви шанси се прокоцкаа со одредеи инвестици(читај Ауди) и уште многу други со кои сакаа да профитираа одредени политичари, Македонија се и добро држи.
Ситуацијата не е мизерна, не е ниту совршена, како што кажа Принц, океј е, но лично според мене Македонија има капацитет и е на добар пат да се подобрува ситуацијата.
Ех батка, дај боже да си ти у право:) особено со болдот! Само некако реалноста покажува дека фаќаме друг колосек.
 
P

Princ

Гостин
Принц знаеш ли воопшто што покажуваат параметрите невработеност и инфлација? Чекај да ти помогнам:
Невработеност+инфлација = сиромашни лица во земјата

Процент на сиромашни лица (2010) : 30.9 %
http://www.stat.gov.mk/OblastOpsto.aspx?id=13

Еве да не рече некој не се служиме со владини податоци.
Инфлацијата ни е релативно ниска. Многу земји што имаат повисока инфлација од нашата се наоѓаат повисоко (подобри се демек ) на листата. Пример Британија, која се наоѓа на 47мо место, и со која делиме процент на инфлација.
Значи како реален проблем останува невработеноста. Амааааааааааа, и двајцата знаеме дека веќе стана историја нашето мамење со невработеноста. Значи и таа не е реална. Реално, не сме мизерни, тоа е тоа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom