Македонија најмизерна земја на светот

TheIks

Fork & spoon operator
Член од
1 октомври 2007
Мислења
712
Поени од реакции
469
Па ние да не сме криви за ова? Колку и да сака некој да ќарува политички поени на ваквата ситуација факт е дека не кочи ЕУ заедно со нивното јужно милениче плус како бонус ни исценираа една војна 2001 година и на крај истите се осудуваат да ни направат една листа каде не споредуваат со Шпанија и Грција кои со години цицаат од фондовите на ЕУ и се членки на истата. Мислам генијална листа стварно, Ајнштајн да ја смислуваше немаше подобро да на ја направи. Да не зборуваме што Македонците се снаодливи и голем процент од тие што се водат под биро си работат, ова го знам со сигурност затоа што познавам многу такви луѓе.
Епа да де, работат на црно. А во другите економски неразвиени земји нема такви што работат на црно? Затоа тие не се бројат, се бројат официјално невработените, некој смислил зошто е така. Исто, никој не ја криви Македонија што е во никаква економска ситуација. Ова си е анализа, едино што може е да помогне да се види ситуацијата јасно и да се превземат мерки. Ете, инфлацијата се трпи, ама невработеноста мора под итно да се решава на правилен начин. Економист е огромна компанија, ако може така да се каже, и таму луѓето работат за своите пари, прават графици и слично (за разлика од, на пример, македонската јавна администрација, нели?). Премиерот, еве, гарант го чита Економист. И треба.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.292
Поени од реакции
26.178
Економист е огромна компанија, ако може така да се каже, и таму луѓето работат за своите пари, прават графици и слично (за разлика од, на пример, македонската јавна администрација, нели?). Премиерот, еве, гарант го чита Економист. И треба.
Економист е еден од најрелевантните светски медиуми. Нивните текстови се издржани. Никогаш не биле претенциозни кон Македонија, напротив секогаш биле реални.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Значи, како што стои во објаснувањето, ова се однесува на две важни економски показатели: инфлација и невработеност. Не се работи за општо најмизерна, или незнам, најмизерна клима, загаденост... чисто две показатели и тоа е тоа. Не сум едуциран од економија и незнам дали оваа комбинација има некакво посебно значење ама јасно е - дури и да не е МК прва, при врвот ќе да е. Посебно во Европа.

Еве уште еден индекс - показател на општата добросостојба, односно како показател на развиеноста на една земја.

HDI - Human Development Index, тешко би се превело буквално (Индекс на човечки развој според професорите на факс), нешто како индекс на живот ама во него се искомбинирани доста податоци.Според одредена методологија во него се пресметани:
  • Бруто Домашен Производ
  • Индекс на образование (средна вредност од збирот на : процент на возрасно писмено население и процент на запишани деца во образовни институции)
  • Очекуван животен век (вредност добиена од варијаблите на населението:
    - стапка на фертилитет / наталитет/ морталитет
    - здравствени институции и степен на нивна организираност
    - досегашни показатели на животен век на населението)
Во 2011 е вклучена уште една варијабла - Индекс на доход, пресметан според однос на БНП по паритетот на куповна моќ.

Според ХДИ за 2011, се наоѓаме во земјите со висок индекс на човечки развој.
Чудно...
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.292
Поени од реакции
26.178
Според ХДИ за 2011, се наоѓаме во земјите со висок индекс на човечки развој.
Чудно...
Сепак сме европска држава. Образованието не ни е туѓо, имаме пристојно здравство (споредено со афричкото, азиското и јужно американското). Има и полоши од нас, ама тоа не треба да не радува. Ние треба да се споредуваме со европските држави.
 
Член од
26 мај 2010
Мислења
77
Поени од реакции
31
“УСПЕШНА ПРИВАТИЗАЦИЈА“ да кажам, а да ви олеснам колку толку, оваа е направено само за 92 земјии.
На сите што и веруваат на глупава пропаганда им советувам да се преселат во Иран, Бразил, Кина или Индија... бидејќи се подобри од нас според листава. :tapp:
И го подржувам твоето мислење.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Сепак сме европска држава. Образованието не ни е туѓо, имаме пристојно здравство (споредено со афричкото, азиското и јужно американското). Има и полоши од нас, ама тоа не треба да не радува. Ние треба да се споредуваме со европските држави.
Епа и во другиот список немаше нешто многу европски земји, ако гледаме така.А реков чудно на крај дека сме свесни за одредени работи.Ете на пример невработеноста.Инфлацијата и не е проблем до кај 5-6 %.Ама и платите да одат паралелно со неа, а вработеноста надолу и не со механички мерки.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Економист е еден од најрелевантните светски медиуми. Нивните текстови се издржани. Никогаш не биле претенциозни кон Македонија, напротив секогаш биле реални.
Оние кој го исплукаа Економист едноставно незнаат што плукаат. Половина им се простува :)
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.292
Поени од реакции
26.178
Да не летаме толку. Ние може да се споредуваме само со Балканците.
Нема да ни се допаднат резултатите од споредбите сигурно. Ама се добар репер. Словенија, Хрватска, Ирска од периодот кога рушеше рекорди, балтичките земји. Треба да ги копираме нивните мерки и да се споредуваме со нивните резултати. Без разлика дали ни се допаѓа или не.
Епа и во другиот список немаше нешто многу европски земји, ако гледаме така.А реков чудно на крај дека сме свесни за одредени работи.Ете на пример невработеноста.Инфлацијата и не е проблем до кај 5-6 %.Ама и платите да одат паралелно со неа, а вработеноста надолу и не со механички мерки.
Невработеноста ни е акутен проблем и многу тешко да се реши во краток период. Инфлацијата мора да ја држиме под 4%. Над тоа може да пламне и да излезе од контрола. Инаку се согласувам дека намалувањето на невработеноста се случува со механички мерки, а не природно. Тоа не е баш за фалење.
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Пффф врска нема листава. :tapp:

Земам плата 300 евра (што за некој е сон). Кредит за кола - 100 евра месечно. Струја, вода, интернет, мобилен, кабловска -100 евра. Ми остануваат уште 100 евра месечно за да живеам како крал.

Мизерно било во Македонија, како не бе... не сте тачни... топ е.
 
Член од
23 декември 2010
Мислења
578
Поени од реакции
365
Пффф врска нема листава. :tapp:

Земам плата 300 евра (што за некој е сон). Кредит за кола - 100 евра месечно. Струја, вода, интернет, мобилен, кабловска -100 евра. Ми остануваат уште 100 евра месечно за да живеам како крал.

Мизерно било во Македонија, како не бе... не сте тачни... топ е.
Си шетнал по источна Македонија да видиш што ти се вика страва?
сигурно уште живееш со твоите па затоа ти е супер...
 
Член од
13 март 2011
Мислења
68
Поени од реакции
12
Леле луѓе,а кога ќе ни го дадат златниот медал:vozbud:.Им препорачувам на Economist да биде тоа побрзо бидејќи уште повеќе ќе го зголемиме водството.

А да!Респект за луѓево.Конечно некој пред да прави анкета убаво ги анализирал работите.Увиделе претходно дека сме 90% неписмена нација.Особено зборам за новиве генерации.Не потклекнале на финтите на владата дека имаме зголемен број на студенти.Тоа е апсолутно точно,но колку од тие што се запишуваат и завршуваат факултет се стручни и имаат познавања тоа е знак прашање.

П.С Очекувам дека оваа анкета на Economist ќе ја споменат на вестите на Сител и Канал 5.Сигурен сум:tapp:
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.292
Поени од реакции
26.178
незнаат што плукаат.
Нема ни потреба да знаат. Сега кога ги купи Камчев медиумите на ВАЦ, ќе го направи Дневник подобар од Економист. :vozbud:
Не потклекнале на финтите на владата дека имаме зголемен број на студенти.Тоа е апсолутно точно,но колку од тие што се запишуваат и завршуваат факултет се стручни и имаат познавања тоа е знак прашање.
Каква врска има ова со статијата на Економист?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom