Samsung - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Mar-Teen
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.848
Локација
Скопје
Малкумина знаат дека гигантот Самсунг започнал како фабрика за тестенини во 1938 година.
Подоцна за време на Корејската војна во 1947 година се прфрла во бизнисот со шеќер, а вистинскиот успех го доживува како текстилна компанија од 1954 година.

Новосоздадениот профит како текстилна компанија, сопственикот го диверсифицира најнапред во осигурување и трговија, а од доцните 60-ти години и во електронска опрема. Како главна развојна стратегија било окрпнувањето, индустријализацијата, но и заштитата на домашното производство од странски производители.

Така Самсунг станува успешен со децении да лобира за забрана за увоз на разни странски електрични производи. Во 80-тите години Самсунг се впушта и во телекомуникацискиот бизнис.

Годишниот обрт на групацијата во 2010 година изнесувал 200 милијарди долари. Вработува 276000 лица, а најголема производствена инвестиција му е 9 милијарди вредниот погон за полупроводници во Остин, Тексас.
Самсунг групацијата е мултинационална компанија со седиште во Самсунг Таун, близу Сеул во Јужна Кореја. Групацијата се состои од поголем број на ограноци со заедничко име под брендот Самсунг. Најпознатиот огранок е Самсунг Електроникс, еден од најголемите произведувачи на електроника во светот.

Гледам дека нема тема за моментално Најголемиот и Најдобриот Гигант во технологијата (телефони, телевизори итн.) па решив да направам.

samsung-logo.jpg
 
Е стварно општа дискусија за самсунг.
 
Пред 1998 година во Македонија никој не го познаваше овој бренд. Сега е меѓу првите.
 
Зошто зборувате Самсунг како компанија. Мислам таа произведува и бродови а форумов е мобилни телефони
 
Пред 1995 во македонија по продавници за ТВ,Видеа,системи,касетафони и др. ако добро се сеќавам за телевизори меѓу нив имаше Голдстар (денешен еЛЏи),горенје, НОБЕЛ (денешен САМСУНГ) во тоа време не сум знаел дека НОБЕЛ е самсунг ееејјјјј;):)
 
Самсунг отсекогаш биле многу добро организирана компанија, и користат напредна технологија со која се стремат секогаш да измислат нешто ново.
Мислам, hats down за Самсунг, навистина импресионира со своите мобилни и квалитет една од најдобрите компании.
Со Самсунг Галакси го доживеаа врвот кога се работи за смарт фони, многу е подобар од Ајфон, според мене.
 
Се согласувам со тебе. Имам галакси супер е цепа’’ а и цената не беше лоша. БТВ што читав, не знам каде (мислам дека беше на КАЈГАНА :) ) ХТЦ трпи голема загуба токму поради Галакси (нормално и iPhone)
Ова првпат слушам.
Да и тука има самсунг замешано прсти, се викаат Samsung Heavy Industry.
 
Абе добро тоа, но они повеќе се фокусираат на телефони и телевизори. Знам дека треба да има и коли Самсунг заедно со некоја друга фирма, заедно да ги произведуваат. Иначе со овие Галакси партали направија. Им нема рамен.
 
Samsung никогаш во ништо не биле најдобри, е сега во телефонија почнуват да се истакнуваат. Силната страна на Самсунг е ништо друго него огромната финансиска моќ, и неверојатно успешниот маркетинг тим кои ги стекнаа во времето кога немаа сериозна конкуренција во повеќе аспекти од пазарот.

Кој се разбира во технологија знае за што зборам, кој не ќе продолжи да си купува прoсечни монитори, лцд телевизори и слични продукти, overrated!
 
Јас имам Samsung монитор топ е се што преживеал до сеа друг би бил партали :D
 
Samsung никогаш во ништо не биле најдобри, е сега во телефонија почнуват да се истакнуваат. Силната страна на Самсунг е ништо друго него огромната финансиска моќ, и неверојатно успешниот маркетинг тим кои ги стекнаа во времето кога немаа сериозна конкуренција во повеќе аспекти од пазарот.

Кој се разбира во технологија знае за што зборам, кој не ќе продолжи да си купува прoсечни монитори, лцд телевизори и слични продукти, overrated!
Може не биле први но доста време се меѓу првите. За тоа дека се “ overrated“ се согласувам, но сепак Самсунг е компанија дел од глобализација, за друг пример ќе ти ја дадам Кока Кола, чиј профит е многу мал од продажба на пијалоци, повеќе од инвестирање во тешка индустрија, технологија итн.
 
Samsung никогаш во ништо не биле најдобри, е сега во телефонија почнуват да се истакнуваат. Силната страна на Самсунг е ништо друго него огромната финансиска моќ, и неверојатно успешниот маркетинг тим кои ги стекнаа во времето кога немаа сериозна конкуренција во повеќе аспекти од пазарот.

Кој се разбира во технологија знае за што зборам, кој не ќе продолжи да си купува прoсечни монитори, лцд телевизори и слични продукти, overrated!

:pos::pos::pos::pos::pos::pos: Ме изнасмеа сега. Па Самсунг ако не се најдобри, кој е. Ти изгледа никогаш не си користел во животот Самсунг. Купи го Galaxy SII, Galaxy Note па ќе разговараме. Или пак купи Самсунг телевизор. Јас дома имам плазма, нема гајле. Топ си е.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom