- Член од
- 11 мај 2010
- Мислења
- 2.952
- Поени од реакции
- 718
по барање и желба на неколку членови еве ја темата... следуваат неколку квотирани постови од претходната тема...
--- надополнето: 9 јануари 2012 во 10:21 ---
--- надополнето: 9 јануари 2012 во 10:21 ---
--- надополнето: 9 јануари 2012 во 10:22 ---А и што користиме за греење, дрво и струја. Струјата, скоро половина, е од увоз. Дрвото е добро, еколошко гориво но е скапо и со сегашно користење со индивидуални печки го користиме се низок степен на корисно дејство.
Во Македонија има доста земјоделски дрвени одпадоци ( на пример од кроење на овошјето и лозјата ). Дали има начин и искуство, да се искористат за греење? Да разгледаме други можни горива? Ова го напишав како идеја за размислување, не само за тебе туку и за другите учесници. Дали може некој да пресмета колкава е количина на дрвените одпадоци во Македонија имаод лозјата и овоштарниците?
Природниот гас е во целост увозен и неговата цена е врзана со цената на нафтата. Така да тој не може да представува национално гориво. Денеска разговарав со еден Пријател кој живее во Италија и кој ми се пожали дека греењето на гас таму било се поскапо. А и скопска Топлификација работи на гас па погледни какви цени има.
веќе кога сме тука да од кроењето на лозјето се прават доста квалитетни брикети и пелети кои колку што имам разбрано имаат голема калорична вредност.исто така и од крлуштите од комината. па тука е и оризовата арпа. за мали фамилијарни бизниси количините се сосем одлични. па ајде ке го спомниме тука и употребеното масло за јадење и маслото од колите. и двете кога согоруваат целосно во добро конструирана печка немаат видлив чад и не го загадуваат воздухот ништо повеќе од нафтата или мазутот. имам и видено и котли за парно кои работат на талаш( пилевина).