Добив сеа пред нова година поклон 2 хрчаци. Ми ги донесоа во мини, нано кафез незнам ни како да го речам болје привезок за кључеви , од што беше мал и тесен. Склопив едно аквариумче колку за нив, е сега откако ги префрлив, гледам често пати се касаат. Прво мислев нешто да не се сексаат во јавност, али проверив и двете женски се. Иста сорта се двете, кремови како стилот на кајгана по дифолт, али овие е проблемот што се касаат. Е сеа ги чувам моментално разделени, некој што има чувано и се разбира, нека ми објасни дали е проблемот што се двете женски, дали треба да купам едно машко, или пак некоја нетрпеливост меѓу хрчаците... да знам дали да го носам во некој пет-шоп или што да правам.