Законот на Телема

Hitchhiker

Concordia
Член од
23 октомври 2011
Мислења
96
Поени од реакции
31
Честитки до сите христијани во ОТО за денешниов голем празник.

3.60. There is no law beyond Do it,
then wilt.
 

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.983
Поени од реакции
12.620
Честитки до сите христијани во ОТО за денешниов голем празник.

3.60. There is no law beyond Do it,
then wilt.
Merry X mas to you чешити
нека свеќите како оваа на сликата ја исполнат и осветлат празнината и темнината насобрана низ вековите кекеке бацки
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.255
Поени од реакции
12.266
Нека им е среќен празникот :) Да бидат помудри, подобри и секогаш за Човекот!

Нека биде така. Нижите интереси нека ги предадат вишите, посебна придобивка за секоја поединечна земја од Комонвелтот на целиот свет. Да не го разгледуваме повеќе човештвото, туку човекот. Да заборавиме кој дојде од небото и кој се отелотвори меѓу Евреите, кој не ги водеше своите луѓе во победа, кој не сакаше парцијално владеење над земјата, туку сакаше да донесе светлина и вистина на целото човештво.
Ако Спасителот на Човештвото се согласеше да ја прифати патриотската мисија на истерување на Римјаните, тој ќе ја обединеше својата нација, но човекот немаше да биде спасен. Затоа неговите луѓе го нарекоа предавник, и го предадоа на нивните поробувачи.
Оние кои се волни, како што беше Тој, да ја прифатат срамотата, и ако е потребно Крстот, нека пристапат напред; нека го носат златниот бајрак на Сонцето како нивно знаме, зашто Сонцето сјае исто над сите нации на земјата; и нека секогаш свети на чело од нивната битка ова спасоносна мисла: “Човештвото пред се”.
Следете го ова, и братството на земјата нема никогаш да падне од злите јазици на Хоронзон! :)
--- надополнето: 7 јануари 2012 во 16:01 ---
Честитки до сите христијани во ОТО за денешниов голем празник.

3.60. There is no law beyond Do it,
then wilt.
Секогаш за тебе некој ќе е предавник и зло! Кој малку разбира, суди најмногу!
Не ти здосади веќе со детски играчки?
Разбери го Законот, не го коментирај на неразбрано. Законот не нуди вера, нуди методи. Но, нели е кажано за оние злонамерните кои го игнорираат Законот и сакаат да го уништат истиот:
63. Будалиот ја чита оваа Книга на Законот, и нејзиниот коментар; и не ја разбира.
64. Нека помине низ првото искушение, и ќе му биде како сребро.
65. Низ второто, злато.
66. Низ третото, камења од скапоцената вода.
67. Низ четвртиот, последни искри на суштествениот оган.
68. Сепак, таа на сите ќе им биде прекрасна. Нејзините непријатели кои не велат така, се обични лажливци.
69. Тоа е успех.
Каде се искушенијата? ГИ знаеш? На нет ќе ги најдете? Искушенијата се поминуваат, не се чита за нив.
Луѓето мора да разберат:
59. Како браќа борете се!
60. Нема Закон над Прави што ти е волја.
Книга на Законот на македонски јазик: http://www.oto-mk.org/?p=141
 

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.983
Поени од реакции
12.620
Нека им е среќен празникот :) Да бидат помудри, подобри и секогаш за Човекот!


Следете го ова, и братството на земјата нема никогаш да падне од злите јазици на Хоронзон! :)
ќе ги збуниш чешитиве, за нив сонцето не сјае подеднакво за сите
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.255
Поени од реакции
12.266
Eм христијанин ем член на О.Т.О.?
И такви работи ли има :) ?
Пак ист одговор ќе мора да се даде: Назад низ темата, земете официјални книги од Редот и прочепкајте,простудирајте, не се само чудете на темава. Се е објаснето и прераскажано многупати.
Знаеме дека секој суди според сопствените искуства, затоа, проширете го видикот, не мора на се да се запрепастувате, да сте фасцинирани итн итн.
Кога може да има во општеството и муслимани и забегани и христијани и њу ејџери и се друго, зошто да не може во еден Ред коезгистираат муслимани, христијани итн итн? :) Вие имате престава што е Ред? :)
Ве буни нивната различна вера а се во Ред? Па бунете се... не можеме да ви помогнеме околу тоа. Не сте во Редот за да знаете зошто и како е возможно сето тоа.
Ние не расправаме за нечии пракси и верувања во Редот, како прво. Небитно ни е нам тоа во Редот. Друго, кога имаш поголема цел која те надминува, тоа се глупи прашања за да се замараме со нив :) Додека поединецот напредува како Човек, без препреки, се е во ред!

Но затоа сте вие тука, ќе се замарате за нас со вакви прашања.
 

Hitchhiker

Concordia
Член од
23 октомври 2011
Мислења
96
Поени од реакции
31
Eм христијанин ем член на О.Т.О.?
И такви работи ли има :) ?
Зарем ти не знаеше дека има?
Уште малку ќе бидат 25% и наместо фениксова миса ќе имаат право да изведуваат златоустова литургија.
Еве Магус им го честиташе празникот со еректиран фалус.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.255
Поени од реакции
12.266
Зарем ти не знаеше дека има?
Уште малку ќе бидат 25% и наместо фениксова миса ќе имаат право да изведуваат златоустова литургија.
Еве Магус им го честиташе празникот со еректиран фалус.
:eek:
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Пак ист одговор ќе мора да се даде: Назад низ темата, земете официјални книги од Редот и прочепкајте,простудирајте, не се само чудете на темава. Се е објаснето и прераскажано многупати.
Знаеме дека секој суди според сопствените искуства, затоа, проширете го видикот, не мора на се да се запрепастувате, да сте фасцинирани итн итн.
Кога може да има во општеството и муслимани и забегани и христијани и њу ејџери и се друго, зошто да не може во еден Ред коезгистираат муслимани, христијани итн итн? :) Вие имате престава што е Ред? :)
Ве буни нивната различна вера а се во Ред? Па бунете се... не можеме да ви помогнеме околу тоа. Не сте во Редот за да знаете зошто и како е возможно сето тоа.
Ние не расправаме за нечии пракси и верувања во Редот, како прво. Небитно ни е нам тоа во Редот. Друго, кога имаш поголема цел која те надминува, тоа се глупи прашања за да се замараме со нив :) Додека поединецот напредува како Човек, без препреки, се е во ред!

Но затоа сте вие тука, ќе се замарате за нас со вакви прашања.
Немам претстава што е вашиов ред, затоа и прашувам. :)
И да, ме буни на едно место да се наоѓаат сатанисти, христијани, будисти и т.н. Конфликт на верувања и "пракси" кои во прв план и ги створиле тие поделби.
Која е таа цел која те надминува?
Некое прање на мозок, хипноза најверојатно.....или се лажам......кажи ја таа цел. Пошто е заедничка, и ти ја делиш со другите нема да биде тешко да одговориш. :)
За тоа е темата, нели? Да ве замараме со прашања :)
Рекламата си има своја цена која треба да се плати.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.255
Поени од реакции
12.266
Немам претстава што е вашиов ред, затоа и прашувам. :)
И да, ме буни на едно место да се наоѓаат сатанисти, христијани, будисти и т.н. Конфликт на верувања и "пракси" кои во прв план и ги створиле тие поделби.
Која е таа цел која те надминува?
Некое прање на мозок, хипноза најверојатно.....или се лажам......кажи ја таа цел. Пошто е заедничка, и ти ја делиш со другите нема да биде тешко да одговориш. :)
За тоа е темата, нели? Да ве замараме со прашања :)
Рекламата си има своја цена која треба да се плати.
Грешка, не се рекламираме, само ја поправавме темата што некој за започнал тука а некои како волци нарипаа на неразбрано да се бунтуваат. Копирани наши текстови, необјаснети, измешани мислења од сосема различни теми...
Но ова е македонски форум, не очекуваме ништо посебно или некоја дискусија. Ете дури и Хајк замина во смеење. А започна толку сериозно мислиш ќе ја бутка Ајфеловата кула :)

Оди на страницата наша и има најчесто поставувани прашања, да не копирам овде, да не биде реклама, таму пишува баш за ова „перење мозок“, за култ итн итн.
За темата тука... темата е... па не знам зошто е темата, не ја отворив јас туку некој непознат. Имало на времето „телемити“ кои не се иницирани и твореле овде објаснувале (благодарност до нив). Но тоа е тоа.
Бидејќи е целта заедничка немам никакво право да ја кажам на вас. Жалам... си имам јас свои заклетви.
За првото прашање-констатација, еве еден одговор кој ќе биде ок, се надевам.


63. Пеј ми восхитна љубовна песна! За мене палимириси! За мене носи скапоцени камења! За мене пиј,зашто те љубам! Те љубам!

КОМЕНТАР: Сите оние чинови кои го пробудуваат божественото во човекот се погодни за Ритуалот на Инвокација.
Религијата, онака како што е сфатена од пакосниот Пуританец, е суштинска спротивност на сето ова. Тој како да сака да ја убие својата душа со забранување на секое нејзино изразување, на секоја пракса која може да го пробуди тоа изразување. По ѓаволите со тој Верботенизам!
Особено сакам да ги воздигнам сите мажи и жени,зашто тие се Ѕвезди! Внимавајте добро на овој свет Стих!
Вистинската Религија, во одредена смисла, е опиеност. На многу места ни е речено да го опиеме она највнатрешното, а не најнадворешното; но сметам дека зборот“вино” треба да се сфати во неговата најширока смисла, како нешто што ја отвора душата.
Климата, земјиштето и расата ги менуваат околностите; секој маж и секоја жена треба да го најде и да го одбере погодниот начин за остварување на опиеност. Така хашишот во една или друга форма изгледа погоден за Муслиманите заради сувата и врела клима; опиумот е добар за Монголците; вискито за тврдокорниот темперамент и за влажната и студена клима на Шкотланѓаните.
Извадок од Законот е за Сите, коментар од Големиот Ѕвер.


Светлината е една! Помината низ многу призми на игнорантност и лаги од неиницирани, станува дифузна и раѓа сомнеж и поделби! Поделби постојат кај неупатените. А тоа секој може да го искористи во свои цели. ГО знаеш она, раздели па владеј! А луѓето почнаа да ја сакаат поделбата премногу страстно. За жал!
Човештвото пред се!
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Викаш дојди на патот, а патот бил под заклетва.
Како да појдеш негде ако не знаеш кај оди патот?
Затоа сите редови, сите иницијации се "глупости".

A како стојат работите секоја заклетва си носи последици.
После секое "тикви садење" следи очи вадење. :)
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.255
Поени од реакции
12.266
Викаш дојди на патот, а патот бил под заклетва.
Како да појдеш негде ако не знаеш кај оди патот?
Затоа сите редови, сите иницијации се "глупости".

A како стојат работите секоја заклетва си носи последици.
После секое "тикви садење" следи очи вадење. :)
Никогаш не знаеш кај оди патот, битно е да се оди, нели! Јас постојано велам, ние нудиме методи, вие не знам што велите за тоа. Сешто велите по се изгледа.
Треба да поминеш за да знаеш што е иницијација. Вака, да, глупост е. И неможе да се објасни. Не може во четири очи, не пак преку форум. Со вас не можеме да се разбериме за обични работи, не пак за нешто покомплексно.

Секоја заклетва носи обврски,ако ме мене прашувате. Ако обврските ве плашат, значи и животот ве плаши.;)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Викаш дојди на патот, а патот бил под заклетва.
Како да појдеш негде ако не знаеш кај оди патот?
Затоа сите редови, сите иницијации се "глупости".

A како стојат работите секоја заклетва си носи последици.
После секое "тикви садење" следи очи вадење. :)
Игорче дете, дојде зима а ти сеуште ја немаш прочитано Книгата на Законот...

Ццц, а вети...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom