Што правите бре?

  • Креатор на темата Креатор на темата mkdpp
  • Време на започнување Време на започнување
Да не должам мн има уште мн аргументи можам да да речам АЛАЛ ВЕРА МАКЕДОНСКИ НАРОДЕ КАКО ИЗДРЖУВАШ уствари научен си е тој 500 год под турско ропство тогаш барем се знаел дека си роб и мораш да им служиш а сега е полошо а го викаат демократија уствари е модерно ропство ...

Кога би бил букмејкер.

IQ> 90 коефициент 4.20
IQ< 90 коефициент 1.30

Со напомена, 1.30 во случајот е value bet...
 
Го погоди човекот кој се бунел затоа што неможел да сврзе крај со крај. Велија имаше политички амбиции и си го изеде стапот. Нема никаква врска со темава, а уште помала со сиромаштија.

И те како има врска со сиромаштијата само прочитај ми го целото мислење, сите да ги затвараат што неплаќаат данок а не селективно и те како ке ни се оправи државата, тогаш и браќава ке почнат да се однесуваат по закон и нема само да се наштета на државата колку толку и тогаш ке има пари и за споменици и за нова инфраструктура и за даночни олеснувања за странски инвестиции, а со самото тоа и повеќе вработеност и помала сиромаштија... а не како што е сега се зема кредит да се крадат споменици боже ме сачувај... где ја живим!!!
 
Велија Рамковски рецимо, дечкото неплаќаше данок никој не го дираше, почна гомна да јаде одма му најдоа не плаќал данок, во ред неплаќал сега е таму каде што е, но цела западна Македонија неплаќа данок зошто баш него, всушност да таму не ни смее некој инспектор од УЈП да влезе а камоли да направи инспекција и да бломбира врата..
тој е муабетот правдата не важи за сите а ке рече некој демократија или супер живееме нека се стават само за моментот на местото каде беа убиени синови,брака,сестри,деца,сопрузи и дека имавме амнстија или и тука е се чисто ? немојте ве молам бидете барем за едно сложни да се бунеле шнајдерките еееееееееејјј тоа цаноски со триста жалби салзбург ова она едвај ги спречи да рушат па тие му велеа сам да го рушеа а не да се буни обичен граганин ве молам еднаш гледајте го светот реално не барам да напагате и браните некој ама вие упорни сол во очи им фрлате на лугето епа им смета веке
 
Го погоди човекот кој се бунел затоа што неможел да сврзе крај со крај. Велија имаше политички амбиции и си го изеде стапот. Нема никаква врска со темава, а уште помала со сиромаштија.

Па ја би рекла дека имаше Велија одреден процент со сиромаштијата, ако се гледа од аголот од кој го оштети буџетот на РМ за неколку милиончиња, пари кои што според моја логика треба да ги користи народот. А тоа што PIXA праша, што баш него а не некој друг, кога цела Мк не плаќа данок- одговор би било следново: Еден маалски колонијал кој што не плаќа данок, колку може да го оштети буџетот а колку го оштети Велија?
 
Кругот е малечок а во него сме сите......
--- надополнето: 6 јануари 2012 во 17:02 ---
Во основно ме мразеше наставникот по математика оти ме фати кај што имам пишано дека е педер, маме му ебам ракописот ми го позна, ете толку од анонимноста :icon_lol:. И тогаш научив животна лекција нема анонимност, и втора максима директива и парола Снајди се па живеј. И се снаоѓам и сега да кукам како кукавица не бива, тоа е тоа и што може да направам да се подобри. Инаку сум имал јас мнооооооооооооооогу посериозни проблеми отколку финансиски, така да финансискиот кога ќе дојде и шкрипец ми е, пичкин дим е и се смеам на него :icon_lol:.
 
А тоа што PIXA праша, што баш него а не некој друг, кога цела Мк не плаќа данок- одговор би било следново: Еден маалски колонијал кој што не плаќа данок, колку може да го оштети буџетот а колку го оштети Велија?

Гостивар,Тетово, Дебар, пола Скопје, пола Куманово... искрено незнам колку може да се оштети буџетот!!!
 
Гостивар,Тетово, Дебар, пола Скопје, пола Куманово... искрено незнам колку може да се оштети буџетот!!!

Тука ти е веќе замешана 13-та политика, што некако баш и не би сакала да го тупам за тоа пошо е надвор од темава, а искрено колку и да сакаме тој проблем да се реши- едноставно станува само полошо од тој аспект, бидејќи во секој случај ќе се вадат на моментот ДИСКРИМИНАЦИЈА, правата на малцинствата... тука веќе Америка и цела Европа мешаат прсти, тоа не е веќе во наша надлежност.... за жал....
 
Се што се сака се се може, да се разбереме, плаќање данок не ти е никаква дискриминација... а од тој маубет дека не е наша надлежност ке прават што сакаат, па ако сакаат и федерализација и после тоа отцепување еден дел од државата и со самото тоа ке имаме територија како Ватикан само затоа што тоа не е наша надлежност!!!
 
И те како има врска со сиромаштијата само прочитај ми го целото мислење, сите да ги затвараат што неплаќаат данок а не селективно и те како ке ни се оправи државата, тогаш и браќава ке почнат да се однесуваат по закон и нема само да се наштета на државата колку толку и тогаш ке има пари и за споменици и за нова инфраструктура и за даночни олеснувања за странски инвестиции, а со самото тоа и повеќе вработеност и помала сиромаштија... а не како што е сега се зема кредит да се крадат споменици боже ме сачувај... где ја живим!!!
ОК, ова е друг и многу посериозен проблем. Даночната евазија е сериозно прекршување. Ја има и кај нас, не е само кај Албанците.

Овде правиме муабет дека „фашистичката“ власт не дозволувала да кажеш дека си сиромашен. Тоа не е точно. Инаку факт е дека има сиромашни и дека имаме селективно спроведување на законите долги години на назад. Некои викаат 20, јас би рекол 70...
 
Се што се сака се се може, да се разбереме, плаќање данок не ти е никаква дискриминација... а од тој маубет дека не е наша надлежност ке прават што сакаат, па ако сакаат и федерализација и после тоа отцепување еден дел од државата и со самото тоа ке имаме територија како Ватикан само затоа што тоа не е наша надлежност!!!

Тоа што јас напишав дека не е во наша надлежност, воопшто не реков дека мене ми одговара, или дека тебе ти одговара или на било кој Македонец му одговара. Едноставно не можеме да направиме ништо во врска со тоа, еве ти и еден добро познат и болен пример, 2001, тие не беа терористи (според нив) туку беа борци за права, што ЕУ го прифати како такво.

А за тоа што викаш дека може да се направи се само ако сакаме, во тој случај не сваќам зашто се кука за тоа дека се нема пари, зошто едноставно тие што кукаат не превземат нешто ако стварно го сакаат тоа?
 
ОК, ова е друг и многу посериозен проблем. Даночната евазија е сериозно прекршување. Ја има и кај нас, не е само кај Албанците.

Овде правиме муабет дека „фашистичката“ власт не дозволувала да кажеш дека си сиромашен. Тоа не е точно. Инаку факт е дека има сиромашни и дека имаме селективно спроведување на законите долги години на назад. Некои викаат 20, јас би рекол 70...
Toчно е тоа, се согласувам со тебе дека власта на никого небрани да си каже свое мислење, но самата кога се обраќа према народот (читај сител) раскажува приказни и да не си од овде ке помислиш дека имаме стандард и живееме како во шведска, и за не го оправдувам Велија и мене ми е јасно дека е криминалец, но така да се со сите криминалци постапува државата ке ни цвета и со албанци и македонци и роми и срби и се што живее во државата...
 
ОК, ова е друг и многу посериозен проблем. Даночната евазија е сериозно прекршување. Ја има и кај нас, не е само кај Албанците.

Овде правиме муабет дека „фашистичката“ власт не дозволувала да кажеш дека си сиромашен. Тоа не е точно. Инаку факт е дека има сиромашни и дека имаме селективно спроведување на законите долги години на назад. Некои викаат 20, јас би рекол 70...

За селективноста во спроведувањето на законите, тоа е комплетно точно, но во однос на изминатите години, кога ни таа селективност ја немаше, кога воопшто не се спроведуваа закони, ја би рекла макар и селективно- битно се спроведуваат колку-толку. Мора од некаде да се почне, не може преку ноќ да се решат проблеми што се таложеле 20 и кусур години. Постепено се ќе биде. Факт е дека промените не им одговараат на сите, одобено не на тие што се навикнати да живеат без закони. Но тоа не значи дека не се позитивни. Еве, потсетете се на Бугарија кога влезе во Европска унија, 5 години, душата им излезе, само тие си знаеја како им беше. Сите цени европски, сите даноци и давачки европски, платите сеуште исти. И нас не чека истото, ако ова не можеме да го преживееме без да кукаме... баш ме интересира што ќе се случи кога ЕУ ќе ни ги отвори вратите....
 
но самата кога се обраќа према народот (читај сител) раскажува приказни и да не си од овде ке помислиш дека имаме стандард и живееме како во шведска
Игнорирај ги Сител. Сител е телевизија што го кажува ставот и спинот на Владата. Многу логично е секоја Влада да се стреми да остане на власт и да се фали. Такви медиуми има насекаде. Треба само да научиме да ги игнорираме и да ја бараме вистината некаде измеѓу двете крајности кои ни ги презентираат Сител и Плус Инфо.
 
А за тоа што викаш дека може да се направи се само ако сакаме, во тој случај не сваќам зашто се кука за тоа дека се нема пари, зошто едноставно тие што кукаат не превземат нешто ако стварно го сакаат тоа?
Според мене прво треба да превземат тие што владеат не во последните 4, туку во последните 20 години, најпрво требало да се спроведе законска и добра приватизација за да не кука овој народ, после тоа да не се дозволи охридскиот договор, после тоа да не се склучуваат матни тендери и сега кога сето тоа не е направено оваа власт да го поправи и смени сето тоа , а меѓу тоа е и спроведе наплата на данок за сите правни и физички лица, како и обезбедување и зачувување на сувереноста на државата, како и на кој начин тоа не ме интересира затоа се ставени таму каде што се, а не за да ми кажуваат на сител дека живеам во Шведска
 
Такви медиуми има насекаде. Треба само да научиме да ги игнорираме и да ја бараме вистината некаде измеѓу двете крајности кои ни ги презентираат Сител и Плус Инфо.

А бе си знам јас која е вистината шо има да ми ја кажуваат Сител, Плусинфо или Кајгана форум.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom