Џо не си во право бетец....
Како прво..
Ок е шо се вработени луѓето...
Кажав то е индидуална работа.....
Па уште и ако не вработваја луѓе,не знам друго шо требаше да напрат....
На такво загадување шо прат во градот,то е најмала работа....
Муабетот е дека за градот РЕК допринесва малку...
Молика,Жичарата си ги зедоја под концесија,така да то е чист бизнис.....
Знам дека ЕЛЕМ ги влечи конците(директорите на ЕЛЕМ не се од Битола)така да ги боли миле малио за Битола,за спортот и за ред други работи....
Дават некоја сума,пропорционално за сите општини во Битолскиот регион,тие пари одат кај Општината,а општината ги вложва во проекти за унапредување на животната средина(демек градат зеленила,дрн,дрн)...
Не знам кај се само тие зелени површини?Се појќе згради глеам низ градот,а помалку игралишта и зеленило....
Да не го дрвам....
Рек,ИМБ...и другите фирми,ова посебно се однесува на другите освен РЕК...(кој сеуште е под државна капа)....абер немаат од модерен бизнис...
![Тапшање :tapp: :tapp:](/styles/default/xenforo/emot/tapp.gif)
Значи не сум јас економист,ама реално ако се гледа,од чист лаички агол,јасно е.....битолските фирми и газда(читај
ЃУПЦИ)се изгубени во просторот.....
Од шо се алчни за пари и стегнати(да остани шо појќе за нив(за директорчињата во скапи костуми)).......не знат како да напрат појќе пари...
![Гомце :гомце: :гомце:](http://forum.kajgana.com/styles/default/xenforo/smilies/poop.png)
Е па на запад луѓето и бизнисмените одамна знат како се врти парата.....
Фрлаш рипче-фаќаш крапче....
ДОБРАТА РЕКЛАМА СЕ ПРОДАВА.....
Викаш не треба бојкот на битолските производи?
Па самите тие ѓупци си го навлекват гневот на Битолчани?зошто?
Зошто цицаат од градот а не враќаат ништо.....
На Битолчанецот не му е гајле дали јас или ти работиме во РЕК,ИМБ...(то си е индидуална работа,кој како си ја наредил).....
Битолчанецот гледа дека градот не оди напред...и нормално е шо има гнев....
Само пак ништо нема да биди-ги кренаја сите цени на кафе,пијачки сите ќутат-знајш кај има прав бојкот?Во Прилеп,зошто?Пробаја да ги кренат цените,и оп-никој не купва,и видоја одма намалија..Само со слога се прај нешто,ама во Битола кабадајлукот е сеуште на сцена....
Ниедна Битолска фирма,ниедна нема помогнато за спортот..
Ете и фудбалот се финансира од јавните претпријатија....
Каква реклама сакаат за нивните прозиводи:?
Кога се рекламираат во Скопје,Охрид,а овде абер немаат..
Да одиме со обратно размислување..
Доколку барем пола од тие јаки фирми фрлат по некоја ситна пара за екипите-е тогаш ќе биди друга приказна...
Луѓето појќе ќе ја ценат фирмата-со самото то ќе си кренат потрошувачка на своите производи,и ќе имат поголем ќар...
+спортот ќе види некој ќар..
Чист бизнис-сите задоволни,сите среќни...
Ти си мал,не ти текнува Еврокар ко беше спонзор на Пелистер..
Се напрај таква еуфорија тогаш,ракомето имаше невидени успеси...
И фирмата искористи-се продаде рекорден број на возила Шкода...
Најпродавана марка беа тие години..Пола Битола фелиција возеше....
Е така се работи...
Само овие нашите биснимени сеуште се засотанати во сфаќањата.....
Треба да земат пример нашите клубој од Работнички фудбалот....
Клуб со мал број на навивачи,клуб шо остана без спонзор(од ко откажа Трифун)...
Ама ете батињата се снајдоа.....од ништо напраја нешто...
И се заради јакиот маркетинг,му понудија на спонзорите услови,и нормално шо самите се јавуваат да спонзорираат..
Сите да видат ќар..
Можиме да учиме сите клубој од Драган Поповски како се води клуб...убедливо најорганизиран клуб во Македонија.....
Ефто,Спиро,Двојче кукаат нема спонзори-е па нема...некој треба да ги привлечи да дојдат....глеаме дека сами не идат......
Не е дека не можи да се донесат,туку нема луѓе шо можат да донесат спонзори-тука е маката....
Го отеравме муабето ама то е....
Ко нема шо да се пиши убо за спортот ќе се замараме со вакви БУДАЛШТИНИ(шо би рекол чичко Милован)
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)