Среќни божиќни празници!

V1kTo.Or

Талкач
Член од
16 август 2011
Мислења
504
Поени од реакции
304
Среќни Божиќни Празници на сите православни-христијани на форумов!!!

Божик е Господски празник и се слави во спомен на раѓањето на Господ Исус Христос. Овој празник е матица на сите други црковни празници, бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера.

Евангелието го опишува настанот кога се родил Исус Христос. Настанот ни сведочи дека римскиот император Август заповедал да се изврши попис на населението во Империјата. Тогаш праведен Јосиф и Света Дева Марија пристигнале во Витлеем, бидејќи биле од родот Давидов.
1.Јосиф не знаеше дека Марија зачна од Духот Свет. Марија смерно ја чуваше тајната, а на Јосиф заради почитување му беше непријатно со неа за тоа да разговара. А Јосиф, нејзиниот маж, бидејќи праведен, не сакаше да ја посрами и намисли тајно да ја отпушти .
Јосифе, сине Давидов, не бој се да ја примиш Марија, жената своја, зашто зачнатото во неа е од Светиот Дух; таа ќе роди син и ќе му ставиш име Исус, 2 зашто Он ќе го спаси народот Свој од неговите гревови.
2 Кај Евреите таткото го даваше името на своето дете, ангелот однапред го одредуваше името. Името „Исус“ е грчка транскрипција на еврејското име „Је (хо) шуа, што значи Спасител, Помошник.
3 Јосиф беше „чувар на Мариината девственост (Лк. 1, 34).
4 Веќе поминаа девет месеца од Благовеста.
5 Пештерата, која што овчарите ја користеле во случај на невреме.

Немајќи каде да преноќат, тие отишле во пештерата каде ноќевале пастирите. И токму тука се роди Господ Исус Христос. Светлината и гласот на ангелите беа првите вести што ги видоа и слушнаа пастирите „Не бојте се! Денеска се роди Спасителот, кој е Христос Господ: и еве Ви знак: ќе најдете Младенец повиен во јасли“. И ангелскиот хор веднаш ја запеа песната „Слава на Бога во висините, а на земјата мир меѓу луѓето со добра волја“ (Лука.2-14). Оваа радосна вест, пастирите ја потврдија веднаш и пристигнувајќи во пештерата му се поклонија на Младенецот.

На поклонение дошле и тројца вавилонски мудреци, носејќи му дарови: злато, ливан и смирна. Овие дарови симболизираат: ливанот - бог, смирната - човек и златото - цар.

Во Црквата овој празник почнува да се празнува при крајот на третиот век, затоа што дотогаш Црквата не му придавала многу значење на телесното раѓање. Многу поважно го сметала духовното раѓање, односно крштението и затоа овој празник се славел заедно со крштевањето на Господ Исус Христос и бил наречен Епифанија.

Обичаи кај македонскиот народ

Македонскиот народ со многу внимание и почит го празнува Божик, кој започнува да се слави со Бадник, денот пред Божик. Со него се поврзани многу обичаи и симболи. Рано наутро, на Бадник децата одат по куќи и пеат разни песни пред домаќините. Тие ги симболизираат ангелите, а пеењето по куќи значи дека веста за Христовото раѓање ќе се прошири насекаде. Децата ги симболизираат пастирите, а домот, каде што одат ја симболизира пештерата во која е роден Младенецот. Постои уште една симболика. Децата се Господ Исус Христос и затоа добиваат дарови, а домаќините се симбол на мудреците кои ги принеле даровите пред Младенецот.

Семејството на Бадник се собира на заедничка вечера и според обичајот оваа вечер не се оди на гости. Се прави богата, посна трпеза. Домаќините се трудат да принесат од се по нешто за да им биде богата трпезата во текот на целата година. Се меси погача, а во некои места се прават зелници во кои се става паричка. Се верува дека оној кај кого ќе падне паричката ќе го следи среќа во текот на целата година. Пред почнувањето на вечерата на која сите се собрани, домаќинот ја благословува трпезата, го крши кравајчето, а некаде го дели зелникот, на толку делови колку што има членови во семејството, оставајќи уште дел за Бога и дел за куќата.

Исто така, вечерта во огнот се става бадниково гранче кое се смета за најздраво дрво, за да бидат здрави сите во семејството.

За време на овој празник се пали и коледарски оган, кој е поврзан со обичајот, наречен Коледица или Коледе. И денес и во минатото во селата и градовите во сите краишта во Македонија, поголеми или помали групи на луѓе палат огнови и пеат песни, а денес се избира и кум, кој меси погача со паричка. Оној, кај кого ќе падне паричката, наредната година станува кум. Вечерта на Божик некаде се става и слама во собата за спиење, што ја симболизира пештерата во која се родил Христос.

На Божик, рано утрото почнува Богослужба во црквите. Причесната следува по службата кога искараните треба да се помират и да се поканат меѓу себе на гости.

Во некои села во Македонија по Богослужбата девојките одат по овоштарниците и ги врзуваат дрвјата, за да се сочуваат од разни болести и да бидат плодни. Овој обичај е проследен со песни.

Исто така, со Божик е поврзана и поговорката, „Пред Божик, зад Божик дома да си“, што има значење дека за време на Големиот празник треба да се биде дома во кругот на семејството и тука да се слушне и да се прослави радосната вест за раѓањето на Спасителот.

1.Јосиф не знаеше дека Марија зачна од Духот Свет. Марија смерно ја чуваше тајната, а на Јосиф заради почитување му беше непријатно со неа за тоа да разговара. А Јосиф, нејзиниот маж, бидејќи праведен, не сакаше да ја посрами и намисли тајно да ја отпушти .
Јосифе, сине Давидов, не бој се да ја примиш Марија, жената своја, зашто зачнатото во неа е од Светиот Дух; таа ќе роди син и ќе му ставиш име Исус, 2 зашто Он ќе го спаси народот Свој од неговите гревови.
2 Кај Евреите таткото го даваше името на своето дете, ангелот однапред го одредуваше името. Името „Исус“ е грчка транскрипција на еврејското име „Је (хо) шуа, што значи Спасител, Помошник.

Историската димензија на Христовото раѓање ја изложи апостол Лука

ДАТУМ НА РАЃАЊЕТО И ДАТУМ НА ПРАЗНУВАЊЕТОТ

Tочниот датум на Христовото раѓање не е познат, дури ниту годишното време кога тоа се случило.Апостол Павле вели:„Но кога се исполни времето Бог Го испрати Својот Син, Кој се роди од жена и се потчини на Законот“ (Гал. 4,4).Фактот дека пастирите го чуваат стадото значи дека било пролет или лето. Што се однесува пак на денот, преданието вели дека било ноќта, меѓу саботата и неделата.
 
аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
епа ај нека ни е за многу години празникот па утре фалете се кај кого паднала паричката ( скопјани за нас важи ова пошто претежно другите на василица имаат таков обичај да месат погача со паричка )
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Стварно зошто така? тоа не мие јасно мие на божиќ они на василица и тн. ?o_O
 
K

kalimer0

Гостин
Исто и за огновите, некаде се палат на Бадник некаде на Василица. Овде се пали на Василица иако јас сметам дека на Бадник е правилно бидејќи огнот го означува предвестувањето за Божик и раѓањето на Исус.
Друго, сум слушнал дека некаде се пеат мрсни песни што според мене е погрешно, на овој ден се заклани многу деца мислејќи дека меѓу нив ќе биде и Исус. Ваквите "мрсни" песни се пеат од Василица до Водици со цел да се држат настрана злите духови се до покрстувањето на Исус.

Колку што знам, денес секаде е Коледе и мали деца одат од дом на дом и се дарувани со овошје и пари.
Се сеќавам како помал имав еден другар од Тетово и за Коледе дојде Кичево кај негови роднини бидејќи Тетово давале само костени и јаболка а овде секој коледар е даруван со десет денари :pos:
 
M

Muranyi

Палењето бадникарски огнови и опивањето до смрт на истите нема никаква поврзаност со верата и раѓањето на Исус.
 
Член од
7 септември 2011
Мислења
3.539
Поени од реакции
4.782
Среќни божиќни празнци на сите.Дочекајте ги со љубов , смеа , радост и уживајте во нив ;)
 
V1kTo.Or

Талкач
Член од
16 август 2011
Мислења
504
Поени од реакции
304
епа ај нека ни е за многу години празникот па утре фалете се кај кого паднала паричката ( скопјани за нас важи ова пошто претежно другите на василица имаат таков обичај да месат погача со паричка )
Некаде денес го палат огнот , некаде вчера - „united“ macedonia :свиркам:
 
V

Vollstandig

Гостин
Не можам да разберам, како макеоднскиот народ е поврзан со раѓањето на еврејски бунтовник, или како што религиозните го нарекуваат Син божји, или Господ?

Библијата има 10 божји заповеди од кои вика:
-Јас сум Господ твој и да немаш други богови освен мене.

Во христијанството се верува во БОГ и после тоа во уште еден бог кој се родил како човек.

Во библијата стар и нов завет, се симпатизира народот израилов-евреите.
Во црквите се пеат песни за избраниот народ и за месијата кој ќе го спаси народот израилов.
Сепак ние не сме израилов народ туку македонски народ. Како тогаш , македонија може да се поврзи со христијанство и библија? Кога, овде се верувало во сосем други божества, а се направила персонификација со претходните верувања, во превод, богот зевс кој на овие простори бил претставен како човек со бела коса и долга брада држејќи стап во рака, господар на грмотевиците..итн.

Кога грми во македонија, луѓето викаат свети илија тркала буриња, свети илија громовник и ред други работи. Фактички само се направила замена од старо за ново, ништо друго.Сепак сеуште се држи народот кон корените но со наметнати догми и верувања.
 
Член од
7 септември 2011
Мислења
3.539
Поени од реакции
4.782
^ Демек со ова да се направеш паметен.
Ако ти се слави слави , ако не гледај ТВ.
 
Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.278
Поени од реакции
8.443
Добро кај се коледариве...? Кај се луѓево вчера на оган? Од толкаво маало само 15 души ? Порано со нетрпение се чекаше денов .... Што се случува да не има на фејсбук палење оган или идење по коледе ... УЖАС!
 
I

Iblis

Гостин
Исто и за огновите, некаде се палат на Бадник некаде на Василица. Овде се пали на Василица иако јас сметам дека на Бадник е правилно бидејќи огнот го означува предвестувањето за Божик и раѓањето на Исус.
Друго, сум слушнал дека некаде се пеат мрсни песни што според мене е погрешно, на овој ден се заклани многу деца мислејќи дека меѓу нив ќе биде и Исус.
Офф
Колку е само овој оган паган, да ве види попот ќе му падне брадата:ROFLMAO:
Огинчево е остаток од старословенските пагански обичаи, ако некој сака нешто повеќе може да добие ПП
Он
Среќни божиќни празници !!
 
V1kTo.Or

Талкач
Член од
16 август 2011
Мислења
504
Поени од реакции
304
Офф
Колку е само овој оган паган, да ве види попот ќе му падне брадата:ROFLMAO:
Огинчево е остаток од старословенските пагански обичаи, ако некој сака нешто повеќе може да добие ПП
Он
Среќни божиќни празници !!
НЕМА ВРСКА СО ПАГАНСТВОТО !!!

Исус симболизира светлина , па затоа и се палат огновите .
Сите го дозволуваат палењето на оган освен да не дојде до претерување односно кршење на правилата за пост .
 
:ROFLMAO:
ај да не ја валкаме темата, ако сакаш подетално има ПП, а за оганот прашај го и попот кој дел од библијата или во која друга црковна книга се опишува самиот обичај.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom