Германија

  • Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
ГЕРМАНИЈА
Кратка географија
Сојузна Република Германија (герм. Bundesrepublik Deutschland) е една од водечките индустриски земји, лоцирана во централна Европа. Германија граничи на север со Северно Море, Данска, и Балтичко Море, на исток со Полска и Чешка, на југ со Австрија и Швајцарија, и на запад со Франција, Луксембург, Белгија и Холандија. Низ неа поминуваат реките Рајна, Дунав и Елба. Германија, всушност, е лоцирана на крстосниците на европските трговски и културни патишта.
Германија е третата по големина светска економија, по САД и Јапонија. Позната е по железото, челикот, машинеријата и автомобилската индустрија. Германија е земја основач на Европската Унија и нејзина најголема членка по население. Членка е на Обединетите Нации, НАТО и Г8.
За повеќе информации од Википедија на македонски јазик: http://mk.wikipedia.org/wiki/Германија

Еве за почеток дел од замоците во Германија, потоа ќе следи корисни инфорации за туризмот, посетеност, фестивали итн..







 
Член од
13 мај 2009
Мислења
687
Поени од реакции
283
Многу ми се свиѓаат овие замоци. Прв пат слушам дека во Германија имало вакви.
ЕДИТ: Германија исто така ја сакам поради Рамштајн.
И многу ми е глупо шо не го учам германскиот јазик. :гомце:
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Многу ми се свиѓаат овие замоци. Прв пат слушам дека во Германија имало вакви.
Има и Кралска Фамилија во Германија, живеат во замоците. Во делови од нив(замоците), јавноста се уште нема пристап. :)
 
Член од
13 мај 2009
Мислења
687
Поени од реакции
283
Има и Кралска Фамилија во Германија, живеат во замоците. Во делови од нив(замоците), јавноста се уште нема пристап. :)
хее, веќе ми станува интересно. А сепак Германија е република. Од која година тоа? (ме мрзи да барам :D )
Ова замоциве ме заинтригираа. Шо кријат у себе па да нема пристап до нив, ниту за разгледување.
 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.148
Поени од реакции
21.197
Германија е прекрасна земја има многу за гледајне, и тоа во големите градови како и во малите градови но исто така и во периферијата. Германија има мориња, езера, планини, буквално све.

Сум бил на доста места посебно во јужна Германија и стварно има што да се види.

Да разјаснам некој прашајна. Самоците се остаток од Германската историја. До 19. век Германија не беше соединета како сега туку многу распарчено. Имаше кралови, грофови, слободни и независни градови и со тоа многу владители кој нормално си правеа самоци. Но исто така благородните фамилии имаа самоци. Плус да не зборувам за тврдините и самоците од средниот век.

Во 19. век имаше национално движејне во Германија со цел, да се соединат Германските држави и територии. Во 1871 со Бисмарк се соедини Германија во Царство без Австрија (мала-германска-солуција) со водството на Прусија кој конкурираа со Австрија за водството на Германските држави. Република стана Германија после првата светска војна, со тн. Вајмарска Републик која била политички слаба (внатрешно) и дозволи екстремисти како Хитлер да ја присвојат власта. После втората свтеска војна Германија до 1949 беше под окупација од победниците. 1949 Германија стана сојузна република а источниот дел стана посебна држава со комунистички систем. Од 1955 Германија колку толку стана суверена но не целосно, тоа го постигна 1989/90 од ко се споија источна и западна Германија.

Оној самокон што го имате горе на поќе слики се вика Шлос Нојшваненштајн, Schloss Neuschwanenstein, и се наоѓа во Бавара околу 100 км од Минхен оддалечена. Баварскиот Крал Лудвиг Втори (1845 - 1886) беше посебно познат по своите самоци. Во негово време доста понови самоци како горе спомнатиот се направени. Не су бил досега тука но су бил во Потсдам во Сансоси и во Резиденцшлос во Лудвигсбург.



 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Сега е зима, време e и за зимски спортови. :)
Сигурно следите ски скокови? Еве слики до познатите "Четири скокалници" во германскиот зимски центар Оберсдорф и добро познатиот Гармиш Партенкирхен.

Гармиш Партенкирхен​
ГАРМИШ ПАРТЕНКИРХЕН: Се наоѓа на надморска височина од 720 метри. Гармишпартенкирхен важи за метропола на зимските спортови со највисокиот врв над себе, Цугшпице (2.964м).Љубителите на долгото трчање можат да уживаат во 110 км долгата, одлично подготвена патека. Гармиш е идеално место за фамилијарен одмор, но и за вистински скијачки професионалци, за сноубордери, за забава.Градот Минхен е одалечен 90 км.
И во друго годишно време.
Оберсдорф​


 

da_be_man

Entropy
Член од
17 октомври 2005
Мислења
628
Поени од реакции
126
еве некоја слика од комшилаков ..1км од мене во јужното крило на Англиската Градина (еден од најголемите и најубави паркови во Германија) се наоѓа: Friedensengel (ангелот на мирот)



видете ги симболите што ги има на таванот од постаментот:

симболот на Минхен, Frauenkirche

10 метри од неа е централниот плоштат со „општинската„ зграда во новоготски стил:


секој ден туристите чекаат да чукне 12 за да ги гледаат фигурите како играат..

Има многу да се види, ако би ги закачил сите слики ќе зафатам неколку страници простор...и тоа само од Минхен а тек од околината кај езерата или близу алпите на австриска граница замоците...некои од нив работат како приватни елитни училишта.

еве уште една слика...од поновите атракции за туристи; новиот музеј на БМВ.
или алианц арената, свети црвена кога игра баерн а сина кога игра 1860 минхен...кога не играат свети бело. Од авион изгледа како уфо.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Oд каде што сум била со спортов, само во Шведска и Германија се осетив како во нов универзум да сум отишла :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom