Унгарците со устав се бранат од исламизација

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Не, туку одвај чекав некој да отвори тема за Унгарците, за да можам да проповедам атеизам...

:icon_lol:
Еве ти еден методолошки совет од мене, во врска со дискутирањето. Кога ќе те фатат во незнаење или неразбирање на нешто, подобро е да се извиниш со насмевка. Многу пошармантно делува. Да се обидуваш да си го сокриеш незнаењето преку ефтин сарказам само те прави посмешен. Бјорн ова сто пати го има доживеано, и пак не научи...
Го прифаќам советот, и ветувам дека кога ќе ме фатат во незнаење или неразбирање на нешто, ќе се извинам со насмевка.

А се’ дотогаш ти можеш само напразно да верглаш ко дрогиран за твоето досега невидено(буквално) знаење.
--- надополнето: 4 јануари 2012 во 21:17 ---
Хм, атеизмот е доктрина, доказ за тоа е некој руски бевсајт, батали ги сите реномирани академски институции во светот, зошто ниедна не го опишува атеизмот како доктрина или идеологија... значи и тие се дел од заговорот.

Браво на паметот. ;)
Наместо да провериш што е тоа доктрина, ти продолжуваш да се срамотиш.

Кога ќе влезеш на гугл букс, имаш околу 231.000 резултати за „atheist doctrine“.

Еве ти еден пример:

А ти продолжи имбецилно да расправаш дека атеизмот бил тврдење, а не доктрина.

Си викам, дали уште повеќе да те компромитирам и да те прашам што е тоа „тврдење“ во случајов...?

Аха, извини што употребувам вака стручни термини, меѓутоа да не се збуниш, однапред да ти го објаснам терминот „имбецилност“ кој означува:
(лат. imbecillitas) духовна заостанатост, малоумност.
--- надополнето: 4 јануари 2012 во 21:32 ---
Ај препорачај некој добар лексикон.... баш ме интересира.
Самото тврдење дека нема Господ претставува доктрина. (eureka!eureka!)

Доктрина може да биде секое учење, теорија, збир на гледишта, застапување на гледиште, начин на разбирање на работите, основа на размислување, застапувана теза, политика, став... и сл.

http://dictionary.reference.com/browse/doctrine

http://www.infidels.org/library/modern/mathew/sn-definitions.html

http://www.merriam-webster.com/dictionary/doctrine

http://rechnik.on.net.mk/#/recnik/mk-leksikon/%D0%B4%D0%BE%D0%BA%D1%82%D1%80%D0%B8%D0%BD%D0%B0*

Доволно е да впишеш на гугл и ќе најдеш илјадници објаснувања.

Само те молам не пребарувај на гугл: atheist doctrine
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
А се’ дотогаш ти можеш само напразно да верглаш ко дрогиран за твоето досега невидено(буквално) знаење.
Некој вергла напразно, само не ќе да сум јас. Ти се објасни како на четиригодишно дете што значи атеизам, тоа е едноставно тврдење дека антропоморфен Бог кој на некој начин се меша во животот на луѓето, не постои. Сега, навистина не знам што не ти е јасно. Те атеизмот го поистоветуваш со комунизмот, што е благо ретардирано, те со не знам какви идеологии. Потоа почна да верглаш дека атеизмот не е став, туку бил доктрина. Во линкот кој го имаш, во првата реченица ти пишува Атеизмот е доктрина која го негира постоењето на Бог, креаторот на Универзумот. Добро, не е став, доктрина е. :icon_lol: Драстично менува на суштината. :pos:

За твое добро, прекини да се бламираш...
 
F

Frankie Yale

Гостин
Наместо да провериш што е тоа доктрина, ти продолжуваш да се срамотиш.

Кога ќе влезеш на гугл букс, имаш околу 231.000 резултати за „atheist doctrine“.

Еве ти еден пример:
WOOOOOW! 231 илјада резултати... Чек, ќе напишам the sun is blue, да видам колку резулати ќе има. 737,000 човече! Чек, ќе пишам Macedonia is Greek, 45 милиони резултати! Ете решено е, твојот живот изгуби смисла сега... Ај ќе пишам, ај ќе пишам... Земјата е рамна! 40,000 резултати на македонски човече!

Добро, не губи надеж, ако влезам на гугл букс, помалце ќе има...

Не се бламирај со вакви глупости повеќе, те молам. Врвот на твојата игнорантност беше сликицата од рандом книга на Јохан Спурцхајм, познат научник во полето на френологијата, која е имено, псевдонаука. Знаеш ли што е тоа псевдонаука? Тоа кажува за неговиот кредибилитет во пишувањето на дефиниции.

Можам да те замислам колку си бил очаен, онака чепкаш низ гугл, очајно бараш и се мачиш да најдеш потврда на твојава теза дека атеизмот е доктрина, конечно најде, и се упука во нога со неа.

Јас ти велам, отвори британика, оксфорд, стенфорд, харвард.еду било кој веродостоен портал од академска институција и копирај ми дефиниција за атеизам. Или уште подобро, послушај ја сугестијата на Абадон, прекини! Премногу се избламира за еден ден, премногу.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.420
Поени од реакции
5.097
Самото тврдење дека нема Господ претставува доктрина. (eureka!eureka!)

Доктрина може да биде секое учење, теорија, збир на гледишта, застапување на гледиште, начин на разбирање на работите, основа на размислување, застапувана теза, политика, став... и сл.

Само те молам не пребарувај на гугл: atheist doctrine
Друже бе, не срами се!
Прочитај добро дефиниција за доктрина, ако ти треба превод кажи!
Сериозно и без навреда ти велам... :)

Еве ти ја дефиницијата од википедија:

Doctrine (Latin: doctrina) is a codification of beliefs or a body of teachings or instructions, taught principles or positions, as the body of teachings in a branch of knowledge or belief system.
Горе-долу и дефинициите на линковите што ги постави се слични.

Атеизмот е одбивање да се верува во Господ. Кажи ми брате, како тоа атеизмот е доктрина?
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
WOOOOOW! 231 илјада резултати... Чек, ќе напишам the sun is blue, да видам колку резулати ќе има. 737,000 човече! Чек, ќе пишам Macedonia is Greek, 45 милиони резултати! Ете решено е, твојот живот изгуби смисла сега... Ај ќе пишам, ај ќе пишам... Земјата е рамна! 40,000 резултати на македонски човече!

Добро, не губи надеж, ако влезам на гугл букс, помалце ќе има...

Не се бламирај со вакви глупости повеќе, те молам. Врвот на твојата игнорантност беше сликицата од рандом книга на Јохан Спурцхајм, познат научник во полето на френологијата, која е имено, псевдонаука. Знаеш ли што е тоа псевдонаука? Тоа кажува за неговиот кредибилитет во пишувањето на дефиниции.

Можам да те замислам колку си бил очаен, онака чепкаш низ гугл, очајно бараш и се мачиш да најдеш потврда на твојава теза дека атеизмот е доктрина, конечно најде, и се упука во нога со неа.

Јас ти велам, отвори британика, оксфорд, стенфорд, харвард.еду било кој веродостоен портал од академска институција и копирај ми дефиниција за атеизам. Или уште подобро, послушај ја сугестијата на Абадон, прекини! Премногу се избламира за еден ден, премногу.
Дечко,

што беше неточно во извадокот од Јохан?

Многу се изнамачив барајќи на гугл :icon_lol: ти дадов еден од првите резултати, а верувај, немам намера да трошам повеќе од 0.36 секунди колку што му е потребно на пребарувачот за да ја докажам твојата имбецилност.

Ама рака на срце, тактиката со хорското повторување колку вашиот опонент се „бламира“ без притоа да се освренете на предочените аргументи е стварно функционална, не се ни чудам зошто после неколку страни луѓето губат желба да ви докажуваат било што и претпочитаат да го зачуваат својот здрав разум.
Кој од кој поголемо гебелсче сте.
 
Ај види пробај нешто ново... Уклучи го мозокот и размислувај критички за промена. Знам дека ќе ти биде тешко, ама барем пробај. Секоја можна дефиниција за доктрина вели дека тоа е збир на верувања, начела и убедувања. Сега, дефинициите за атеизам што ТИ ни ги понуди, единствено велат дека атеизмот претставува неверување во бог, и ништо друго. Како тогаш атеизмот е доктрина? Од што се содржи таа доктрина?
--- надополнето: 4 јануари 2012 во 22:07 ---
А ме интересира, зошто не сме на подфорум религија, туку на подфорум свет, еве на гугл букс добив скоро два милиони резултата за Macedonia is Greek. Што велиш за тоа?
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.420
Поени од реакции
5.097
Ај види пробај нешто ново... Уклучи го мозокот и размислувај критички за промена. Знам дека ќе ти биде тешко, ама барем пробај. Секоја можна дефиниција за доктрина вели дека тоа е збир на верувања, начела и убедувања. Сега, дефинициите за атеизам што ТИ ни ги понуди, единствено велат дека атеизмот претставува неверување во бог, и ништо друго. Како тогаш атеизмот е доктрина? Од што се содржи таа доктрина?
--- надополнето: 4 јануари 2012 во 22:07 ---
А ме интересира, зошто не сме на подфорум религија, туку на подфорум свет, еве на гугл букс добив скоро два милиони резултата за Macedonia is Greek. Што велиш за тоа?
Јас не верувам до Дедо Мраз.
У пм, развив доктрина еееј!
 
Член од
16 декември 2009
Мислења
1.323
Поени од реакции
1.162
Самото неверување во Бог не е доктрина,но мислам дека на Bratot не му е намерата тоа да го каже туку дека таа премиса е основа врз која се создава атеистичка доктрина.
Премисата дека нема Бог е основна премиса и не може да се објасни и да се дели понатаму туку може само да се верува или не верува во неа,но затоа пак,врз нејзе може да се изведе цела доктрина на логички поврзани заклучоци.
Пример, од основната премиса дека нема Бог следува дека нема Божја правда,ако нема Божја правда тогаш нема Божја казна.................
Мислам дека тоа му беше целта на Bratot.
 
H

HITCH

Гостин
Јас го поддржувам овој унгарски потег, сметам дека е исправен. Треба да се воспостави ред.
Вакво нешто е потребно и во Македонија, ама се сомневам дека ќе се најде некој „јунак“, од оние кои земаат над 75, 000 денари плата, кој само би спомнал. Во Македонија после „инцидентот“ на „Кале“ никој не се осмелува да спомне религија, а камо ли закон кој би ги довел в ред забрзаните изградби на џамии во Македонија.

Кај нас би било одличен почеток дури и ако се осмели некој да спомне да се регулира јачината на звучниците кога вришти оџата.
 
D

dystopian

Атеизмот, според сите дефиниции е неверување во Бог. Штом тоа не е доктрина, тогаш атеизмот не е доктрина. Сите заклучоци базирани на таа премиса (како натурализам и материјализам на пример), се надвор од атеизмот.

Тоа се обидуваат да објаснат цело време, кажано е ова неколку пати наназад. Прочитај ја цела дискусија, од прва страна, забавна е. ;)
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Јас го поддржувам овој унгарски потег, сметам дека е исправен. Треба да се воспостави ред.
Вакво нешто е потребно и во Македонија, ама се сомневам дека ќе се најде некој „јунак“, од оние кои земаат над 75, 000 денари плата, кој само би спомнал. Во Македонија после „инцидентот“ на „Кале“ никој не се осмелува да спомне религија, а камо ли закон кој би ги довел в ред забрзаните изградби на џамии во Македонија.

Кај нас би било одличен почеток дури и ако се осмели некој да спомне да се регулира јачината на звучниците кога вришти оџата.
Да, и кај нас треба таков ред.
Во држава која за брзо време ќе има 40 проценти исламско население, за да се воспостави ред, треба и светиот Синод да биде на власт, да се воспостави една теократска влада за да не се случи второ „Кале“.
Кажи им...
 
methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
Јас го поддржувам овој унгарски потег, сметам дека е исправен. Треба да се воспостави ред.
Вакво нешто е потребно и во Македонија, ама се сомневам дека ќе се најде некој „јунак“, од оние кои земаат над 75, 000 денари плата, кој само би спомнал. Во Македонија после „инцидентот“ на „Кале“ никој не се осмелува да спомне религија, а камо ли закон кој би ги довел в ред забрзаните изградби на џамии во Македонија.

Кај нас би било одличен почеток дури и ако се осмели некој да спомне да се регулира јачината на звучниците кога вришти оџата.
вакво нешто е невозможно во македониај до 30% муслимани ... не е реално брат :) ама забрана за понатамошна изградба на џамии богами да потребна е и те како ... апла е дека се прават за да се измени изгледот на државата во муслиманска држава да се рушат несмеат ама да се престане изградбата е нужно
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Самото неверување во Бог не е доктрина,но мислам дека на Bratot не му е намерата тоа да го каже туку дека таа премиса е основа врз која се создава атеистичка доктрина.
Премисата дека нема Бог е основна премиса и не може да се објасни и да се дели понатаму туку може само да се верува или не верува во неа,но затоа пак,врз нејзе може да се изведе цела доктрина на логички поврзани заклучоци.
Пример, од основната премиса дека нема Бог следува дека нема Божја правда,ако нема Божја правда тогаш нема Божја казна.................
Мислам дека тоа му беше целта на Bratot.

Тоа никој не му го спори. Се разбира дека врз еден став ти можеш по логички пат да изградиш кула на верувања и други ставови, но тие ставови само логички произлегуваат од основниот атеистички став, но НЕ И НУЖНО. Значи, прво мора да направите разлики помеѓу логички и нужни врски, за воопшто да може да се поведе дискусија. За жал, Братот е заглавен некаде во античката историја на Македонија, и капацитетот за критичка мисла му е на отиден на резерва. Затоа пак, не се заебава, гугла ли гугла...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom