Природна медицина

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.122
Поени од реакции
23.605
зависи од организмот како го поднесува мамурлукот. некој го поднесуваат баш онака како и да нема, некој ке дерат лисици една недела. нема некој посебен лек.
јас спаѓам измеѓу. другиот ден од сабајле незнам дали да се обесам или да се самоубијам. подругиот ден како нов сум.
инаку лек кога ве боли грлото. додуша не е лек, колку е природен незнам , ама ако ништо друго барем симптомите не ги осеќаш толку многу и оставаш организмот сам да си се излечи без да го трујаш со лекови, што би рекле имунолошкиот систем си го зајакнуваш.
во едно мало тегличе мешаш една чаша ракиена ракија ,една чаша масло и една чаша шеќер. добро не мора да биди ракиена чаша, битно три еднакви дела на состојките. ја затворате теглата и добро го клачкате дури да се растворат едни со други и не се добие полу густа бела течност која многу ке ве потсеќа на нешто сосме друго:).
и од таа течност одвреме навреме ке се поднапиете( не на екс) и ке гледате при голтањето добар дел да го зафати грлото. и толку тоа е тоа. можеби грлото ви е болно , ама барем нема да ве боли и да ви оди на нерви.
 
korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
Природата не ни е пријател.
Обидете се да го сфатите тоа пред да се разочарате од неа.
ne te razbiram
objasni togas sto e prijatel kako da se hranime
ako ne da pieme antifriz ili nesto drugo sto covekot go izmislil
totalno si greska
prirodata e zdravje a nie lugeto sme samo unistuvaci na samoto nase zdravje
ne mozes da se razbolis blagodarenie na prirodata
mozes sam samo da se otrues so se
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.122
Поени од реакции
23.605
има налетано на силикони:) , а се водел од девизата природно си е природно. како рекламата за сокови де
--- надополнето: 3 јануари 2012 во 01:51 ---
Уште расолница немам пробано. Кафе у 1001 варијанта не ми помага.
не бе какво кафе не играј, ке се отепаш од повраќање. цревата ке ги извајш.
 
factotum

конвертит
Член од
3 јануари 2012
Мислења
121
Поени од реакции
38
Скоро бев посоветуван да пијам сок од свежа зелка (припремен во соковник) наутро на гладно како лек за гастритис. Има ли некој искуство со овој лек или нешто слично?
 
Cannabinoid

Cannabinologist, MMD
Член од
18 јануари 2008
Мислења
597
Поени од реакции
466
Скоро бев посоветуван да пијам сок од свежа зелка (припремен во соковник) наутро на гладно како лек за гастритис. Има ли некој искуство со овој лек или нешто слично?
Знам дека расолот (од зелка) има во него гооолеми количества на витамин Ц, како и куп благодетни бактерии кои имаат пробиотски ефект (ја обновуваат здравата цревна флора). А знаеме дека 70% од имунитетот се создава токму во цревата... :)

Бујрум повеќе инфо за самата зелка! ;)
 
К

Кнез Мишкин

Гостин
Чај од оригано, нешто што го открив од мака, случајно барав природни чаеви за инфекции и налетав на ориганото. Чајот од оригано, уништува преку 30 видови на различни бактерии, меѓу кои и најотпорните како ешерихија коли, кандида, салмонела, принципот на дејство на карвакролот (хемиска супстанца, алкил супстициониран фенол) се состои во тоа што навлегува во бактеријата и го спречува процесот на дишење.
Пишува дека треба да се пие чај од диво оригано, на почетокот пиев од обично (она за пица де :D) и седиментацијата надло падна за 2 недели од 20 на 2.
После видов во аптеки дека се продава и чај од диво оригано, после и капки од есенцијално масло од диво оригано.
Сега конзумирам капки, пошто ми здосади од варење чаеви, па процедување, ехее процедури.
Кој има чести проблеми со инфекции и намален имунитет, нека проба, помага. :)
 
Есенцијалното масло од диво оригано е едно од најјаките антиоксиданти на светов (зад тоа од карамфилче), само проблемот е што пустите коштаат многу пари. До пред некое време користев есенцијално масло од шипка кое е одлично против брчки, а секако прави и чуда за самата кожа (лице, раце и сл.)...
 
Ова од оригано е околу 800 денари, се пијат по 3 капки дневно, вкусот, па што знам, ми се има смачено од оригано за цел живот. Јак, горчлив, ама ете го пијам како лек. :)
Есенцијалните масла се многу лесни за правење, ама потребно е да имаш чист примерок, да нема загадување во околината. Земаш казан за ракија и дестилираш. Проблемот е што понекогаш само од 100 kg добиваш само 10 mL есенцијално масло. :D Затоа се толку скапи.
 
Член од
9 ноември 2009
Мислења
326
Поени од реакции
56
Каде може да се најдат овие есенцијални масла од диво оригано и ова есенцијално масло од шипка. И дали тие се пијат ??
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
377
Поени од реакции
116
Чај од оригано, нешто што го открив од мака, случајно барав природни чаеви за инфекции и налетав на ориганото. Чајот од оригано, уништува преку 30 видови на различни бактерии, меѓу кои и најотпорните како ешерихија коли, кандида, салмонела, принципот на дејство на карвакролот (хемиска супстанца, алкил супстициониран фенол) се состои во тоа што навлегува во бактеријата и го спречува процесот на дишење.
Пишува дека треба да се пие чај од диво оригано, на почетокот пиев од обично (она за пица де :D) и седиментацијата надло падна за 2 недели од 20 на 2.
После видов во аптеки дека се продава и чај од диво оригано, после и капки од есенцијално масло од диво оригано.
Сега конзумирам капки, пошто ми здосади од варење чаеви, па процедување, ехее процедури.
Кој има чести проблеми со инфекции и намален имунитет, нека проба, помага. :)
Како го употребуваш чајот орално или надорешно. За каков проблем станува збор како не е тајна исто и за капките како ѓи употрбуваш. Јас имам некакви проблеми на кожата за тоа прашувам.
 
Чајот се пие, може да се употребува и надворешно, да ставаш облоги од чај, или да го миеш местото. Мада во упатството пишува дека за таа цел може да се користи маслото од оригано (кој е чист концентрат околу 95%), 1 капка масло се разредува во 10 капки маслиново и се нанесува на кожата. Имав бактериска инфекција што ми правеше проблеми, од заби, до бубрези.
Капките се пијат 3 пати на ден по 1 капка на коцка шеќер, или во вода или сок (никако сок од лимон). Ако станува збор за воспалителен процес се пијат 3 пати на ден по 3 капки. На ден најмногу смејат да се испијат 12 капки.
Капките се конзумираат 20 дена, па се прави пауза од 10 дена и повторно можеш превентивно да ги пиеш. По една капка 3 пати на ден. Ориганото нема никакво штетно дејство врз организмот.
--- надополнето: 4 јануари 2012 во 16:26 ---
Каде може да се најдат овие есенцијални масла од диво оригано и ова есенцијално масло од шипка. И дали тие се пијат ??
Во аптеки, мислам дека во Зегин ги има. Ги има во сите големи аптеки или дрогерии. :)
Се пијат де, си пишува во упатството, тоа се масла со голема чистота, не се од оние што се за ароматерапија.
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Скоро бев посоветуван да пијам сок од свежа зелка (припремен во соковник) наутро на гладно како лек за гастритис. Има ли некој искуство со овој лек или нешто слично?
При проблеми со желудник, сокот од свежа зелка помага и тоа многу.
Резултати ќе приметиш по првата недела од консумирање на сокот. Гаден е многу за пиење, ама лек е.
 
factotum

конвертит
Член од
3 јануари 2012
Мислења
121
Поени од реакции
38
При проблеми со желудник, сокот од свежа зелка помага и тоа многу.
Резултати ќе приметиш по првата недела од консумирање на сокот. Гаден е многу за пиење, ама лек е.
Знаеш како... Прочитав нешто интересно, нешто што во ајурведската пракса го нарекуваат „крија“, а се работи за прочистување на дебелото црево. Имав проблем пред неколку години и докторот опасно ме наплаши велејќи дека треба да се обрне внимание во моите години. Значи, се работи за прочистување на целиот заостанат талог за кој се тврди дека ствара многу проблеми. Методот е супередноставен, со конзумирање на солена и топла вода и потоа изведување на одредени вежби и се вика „Шанк Пракшалана“. Меѓутоа не се пртепорачува кај одредени заболувања меѓу кои и гастритис и чир на желудникот. Тогаш еден пријател од дискусиона група на скајп ми рече дека со сок од сурова зелка наутро на гладно за три недели ќе го залечам стомакот. Сега сум во план да си купам соковник од Топ Шоп....
 
Член од
24 ноември 2011
Мислења
206
Поени од реакции
116
Скоро бев посоветуван да пијам сок од свежа зелка (припремен во соковник) наутро на гладно како лек за гастритис. Има ли некој искуство со овој лек или нешто слично?
Сокот помага прилично , барем досега од се што имам јас пробано било најефективно. Првите денови кога ќе започнеш да го пиеш внесувај помали дози од 100-150 ml затоа што може да настани дуење поради контактот на сулфурот од зелката и некои бактерии во цревата, покасно можеш да цедиш колку сакаш. Од прилика доаѓа 1/4 до 1/3 зелка по чаша, и јас ти препорачувам да го пиеш тазе цеден пошто ако цедиш поголема количина и планираш да го складираш ќе почни да смрди неподносливо многу и ќе треба да се иселиш од дома :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom