Унгарците со устав се бранат од исламизација

Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
Во највисокиот закон се потенцира дека Унгарија е дел од христијанска Европа
8D2271EF5732DF45A99E712916C6B1B9.JPG
По Германија и Франција и Унгарија со устав се обидува да го заштити христијанството. Со новиот Устав "Унгарија е дел од христијанска Европа", со што државата се брани од исламизација. Највисокиот државен закон, кој наиде на многу критики низ земјата и во светот заради реформите кои ги воведува, официјално стапи на сила од 1 јануари 2012.
Иако беше изгласан во април минатата година, додека Унгарија беше претседавач на ЕУ, сепак, според аналитичарите, со контроверзниот устав се воведуваат реформи кои не се во склоп со законите на Европската унија. Според новиот устав земјата повеќе не се вика Република Унгарија, туку само Унгарија, а почнува со реченицата: Господ да ги благослови Унгарците". Со него бракот се дефинира како заедница меѓу маж и жена, потенцирајќи дека Унгарија ја штити институцијата брак разбрана како заедница на еден маж и една жена. Со ова директно се дискриминираат геј популацијата и истополните бракови. Критичарите истакнуваат дека освен потенцирањето на Господ и христијанството, новиот устав го ограничува овластувањето на судот, се загрозува медиумскиот плурализам, независноста на Централната банка и многу друго. Со новото уставно уредување на Унгарија се укинуваат претходните уставни ограничувања за процесирања на злосторствата од комунизмот.
Уставот е усвоен во април минатата година со двотретинско мнозинство кое го поседува партијата на премиерот Виктор Орбан Фидес во парламентот. Против беа социјалистите, либералите, Амнести интернешенел, Хелсиншки комитет и слични.
Унгарската опозиција предупреди дека со стапувањето во сила на новиот Устав на државата можеби непоправливо се урива демократијата во земјата и во таа насока, вчера беа одржани протести.
- Тоа е еднопартиски, нелегитимен устав кој за сите демократи е неприфатлив, изјави Чаба Молнар, портпарол на опозициската Демократска коалиција. Тој ги обвини во владата на премиерот Виктор Орбан за "укинување на демократијата и владеењето на законите".
http://vecer.com.mk/?ItemID=C533802A7C03F744BF34C9C59F8BD2AE
 
за арно за убаво нека кубат коси муџахедините :)
 
Значи популистот Орбан продолжува во свој стил, а има ли воопшто многу муслимани во Унгарија, јас мислам дека нема, во секој случај не им треба на Унгарците во 21 век спојување на црквата и државата.
 
Само не сфатив која е разликата меѓу исламизацијата и христијанизацијата.
дали ти или некој друг ја е.е твојата жена и јас неможам да сфатам која е разлика
 
Сега ја гледав религиската графа на Википедија и видов дека муслимани во Унгарија нема.Ова се само добро познатите мерки на конзервативните партии кои заштитувајќи ја државата од надворешна исламизација на мала врата воведуваат христијанизација и креираат конзервативно општество,тоа се гледа од мерките во текстот посебно во овој дел.

Со него бракот се дефинира како заедница меѓу маж и жена, потенцирајќи дека Унгарија ја штити институцијата брак разбрана како заедница на еден маж и една жена. Со ова директно се дискриминираат геј популацијата и истополните бракови
 
Текстот од Вечер врска нема. Прво, каде во францускиот устав се брани Христијанството или се брани Франција против исламизација? Иначе ја не гледам ништо лошо или спорно во тоа, што официјалното име стана Унгарија наместо Република Унгарија, дека во уставот се спомнува христијанското наследство или Господ, и дека се штити бракот. Тоа во многу држави, како на пример Германија исто е случајот. И сега никој не вика дека Германија не е демократска држава. Другите измени во уставот се многу поважни од овие горниве кој се поќе козметика. Иначе, ЕУ устав > Устав на членките, така се движат работите.
 
Сега ја гледав религиската графа на Википедија и видов дека муслимани во Унгарија нема.Ова се само добро познатите мерки на конзервативните партии кои заштитувајќи ја државата од надворешна исламизација на мала врата воведуваат христијанизација и креираат конзервативно општество,тоа се гледа од мерките ви текстот посебно во овој дел.

Со него бракот се дефинира како заедница меѓу маж и жена, потенцирајќи дека Унгарија ја штити институцијата брак разбрана како заедница на еден маж и една жена. Со ова директно се дискриминираат геј популацијата и истополните бракови

Какви истополни бракови? Тоа не постој, едино истополни заедници но бракот по дифолт е меѓу маж и жена, барем за мене и најголем дел од Европската популација.
 
Ова е само сегмент од големиот антиисламски бран што се наѕира во Европа. Сега во услови на криза муслиманите ќе станат дежурните виновници. Сепак насочување на револтот кон нив е најбезопасно.
 
Какви истополни бракови? Тоа не постој, едино истополни заедници но бракот по дифолт е меѓу маж и жена, барем за мене и најголем дел од Европската популација.

Не се разбираме бракот е заедница помеѓу маж и жена односно две лица од различен пол,и јас така сакам да остане но ова е веќе друга тема.Инаку отвори го линков и ќе видиш што прават останатите европејци,прв чекор е истополно цивилно партнерство па со тек на време намерата е да се дојде и до истополни заедници.Со дел од тој закон Орбан им го забранува и првиот чекор(истополни заедници) нормално тоа од левичарските и либералните партии наидува на опструкции.
 
за такви какви што ги има овде кај нас во DE

Не се целосно изедначени во ДЕ, иако им се даде многу права на таквите заедници. Брак е со маж и жена, истоплни бракови во Германија се "eingetragene Lebenspartnerschaft", или на Македонски, запишани/регистрирани животни заедници. Германскиот устав го дефинира бракот како заедница меѓу маж и жена и исто така го спомнува Господ и Христијанското наследство во уставот. дали Германија не е Демократска?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom