Шота Буби
нотар
- Член од
- 4 март 2009
- Мислења
- 3.087
- Поени од реакции
- 1.780
Во највисокиот закон се потенцира дека Унгарија е дел од христијанска Европа
Иако беше изгласан во април минатата година, додека Унгарија беше претседавач на ЕУ, сепак, според аналитичарите, со контроверзниот устав се воведуваат реформи кои не се во склоп со законите на Европската унија. Според новиот устав земјата повеќе не се вика Република Унгарија, туку само Унгарија, а почнува со реченицата: Господ да ги благослови Унгарците". Со него бракот се дефинира како заедница меѓу маж и жена, потенцирајќи дека Унгарија ја штити институцијата брак разбрана како заедница на еден маж и една жена. Со ова директно се дискриминираат геј популацијата и истополните бракови. Критичарите истакнуваат дека освен потенцирањето на Господ и христијанството, новиот устав го ограничува овластувањето на судот, се загрозува медиумскиот плурализам, независноста на Централната банка и многу друго. Со новото уставно уредување на Унгарија се укинуваат претходните уставни ограничувања за процесирања на злосторствата од комунизмот.
Уставот е усвоен во април минатата година со двотретинско мнозинство кое го поседува партијата на премиерот Виктор Орбан Фидес во парламентот. Против беа социјалистите, либералите, Амнести интернешенел, Хелсиншки комитет и слични.
Унгарската опозиција предупреди дека со стапувањето во сила на новиот Устав на државата можеби непоправливо се урива демократијата во земјата и во таа насока, вчера беа одржани протести.
- Тоа е еднопартиски, нелегитимен устав кој за сите демократи е неприфатлив, изјави Чаба Молнар, портпарол на опозициската Демократска коалиција. Тој ги обвини во владата на премиерот Виктор Орбан за "укинување на демократијата и владеењето на законите".
http://vecer.com.mk/?ItemID=C533802A7C03F744BF34C9C59F8BD2AE