таа има 24 год и највеќе тоа ми е човече што има да се навредиш за едно прашање
Дете, со 24 години (ваљда и ти си тука негде) веќе би требало да правиш разлика меѓу порно филм и вистински живот. Не се лути, ама чудно ми е како не си свесен за значењето на тоа што си го прашал? Ќе признаеш дека не се работи баш за обично прашање. Форумскиве фраери овде, сигурно ќе ти кажат дека е нормално да ја прашаш за реализација на некоја твоја порно-фантазија, ама во реалниот свет, имаш работа со емоции на друг човек (што исклучува механика). Значи за вакво прашање треба двапати да размислиш и во поодмакната врска, а не пак кога си на почеток!
Сфаќаш? За да побараш нешто од некого, потребно е да си сигурен дека имате слични ставови, вкус, склоности итн итн.
И, како што гледа моево остро форумско око-тебе не ти треба таков тип на девојка. А изглеа дека и ти не си и по вкус.
Еј, потајно се надевам дека прашањево ти е само фантазија, дека не се случило навистина...