Маретиќ побарал исписница(денешен спорт)...
Уште најмалку еден играч ќе ги палел патиките...
Дали ќе биди Мите,или пак Перо или Реваз ќе видиме,можно е сите тројца...
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
Наводно зеле некоја банка играчите пред Нова Година....
Шо ќе биди понатаму ќе видиме....би требало до крајот на јануари да се знај дефинитивно шо ќе биди од Пелистер на пролет....
--- надополнето: 29 декември 2011 во 13:41 ---
П.С.
Мало појаснување за новиот закон за трансформација на клубовите во А.Д.(кој влегува во сила на 1ви јануари)
Значи..
Најдоцна до
31.07.2012 година сите прволигаши ќе мораат да се трансфорираат во правни лица...
Ќе се функционира по истиот принцип како во фирмите....
Значи играчите ќе мора да бидат пријавени како вработени во правното лице..
Ќе мора за нив да се плаќа задоложително здраствено и пензиско осигурување...
Клубот ќе мора им исплаќа редовно придонеси на играчите....
За се ќе мора да се има комплетен увид..
Тука и државата(со своите инспекциски служби) ќе можи да интервенира ако не се работи како треба
Класично засновање на работен однос...
Со овај закон се заштитуваат играчите,но од друга страна се става ред во функционирањето на клубовите...
Не можи да има толку малверазации сега...
Досега клубојте функционираа на еден вид ВОЛОНТЕРСКА ОСНОВА.....се ветуваа плати,премии па после кога играчите си ги бараа парите не можеа и немаа од кај да наплатат....
Зошто клубојте беа здружениа на граѓани,без задолжителна резерва,без пропишана актива....без никаква заштита за играчите,тренерите....
Нема одговорно лице шо би било задолжено за долгојте класичен ку*-ташак....
Значи се беше
дива лига.....
Сите ПИЕЈА-НИКОЈ НЕ ПЛАЌАШЕ...Е така во модерниот свет не МОЖИ...
Да се прат милион паралелни жиро сметки,да се отвораат одново нови здружениа на граѓани па клубовите да добиваат 12345678 различни имиња....
И како ништо да не било-екипите си тераа по старо,со огромни борчој зад себе..и никој одговара за криминалот во клубојте?Каде бе така?
![Facepalm :facepalm: :facepalm:](http://forum.kajgana.com/styles/default/xenforo/emot/facepalm.gif)
Сега Пелистер како правно лице АД,ако не работи како треба-стечај и крај на приказната...
Се бришат сите титули и сите достигнувања...
Нема отворање наново клубој Пелистер 2008,Пелистер Петко,Пелистер Трајко.....
![Шашав :eek: :eek:](/styles/default/xenforo/smilies/eek.png)
И не можи секој да изиграва
ГАЗДА а да нема удел во клубот...
Ако сакаш да се прајш мангуп,бујрум,купи си акции од државата,па нека биди по твое..
Сега ќе се видат намерите на Цилевци,Милевци-колку се сериозни да вложуваат во спортот...
![Несигурен :unsure: :unsure:](/styles/default/xenforo/smilies/unsure.png)
Ете законот им го дава истото право со кое располагаат во своите фирми..
Секој си е газда за своите пари....
Па тајкуни,на вас е редот...