Бидејќи сум во план да учам нешто повеќе за Windows mobile апликациите, сакам некој ако може во кратки црти да ми објасни, како би можел во мојата апликација преку GPS да користам податоци од некој сателит, односно дали има некој бесплатни и слично. Дали можам да ги користам севиси како googlemaps и слично.
Не се разбирам многу во ГПС апликациите, нивниот код и структура..но знам како работи ГПС системот.
Тој прима податоци од атомскиот часовник вграден во сателитот кои патуваат со брзината на светлината. Потоа се мери времето потребно сигналот да стигне до ресиверот и се регистрира моменталната позиција на сателитот. Самиот систем прави калкулација врз основа на податоците добиени од 3 различни сателити, и со огромна претцизност и синхронизација - ги креира координатите од моменталната локација на ресиверот.
Значи, ГПС-от како систем и софтвер, нуди финален продукт - координати од неговата моментална локација.
Претцизноста кај обичниот ГПС варира од 0-20 метри, а кај диференцијалните ГПС е многу поточна и варира од 0-1 метар, бидејки тој користи и фиксна локација како екстра помош во калкулацијата.
Е сега апликацијата со помош на непрекинат update, може да ги претвара податоците во online мапи, навигациони програми, итн итн итн..
Во секој случај како што реков, финален продукт на една ГПС калкулација е моменталната локација на ресиверот прикажана во координати.
А ти како програмер, таа променлива(координатите) ке ја употребиш според твоите потреби во апликацијата што планираш да ја направиш.
Со користење на бесплатни ГПС сервиси, не знам што воопшто би можел да направиш, бидејќи горе-долу скоро све има веќе готово.
Е сега ако сакаш да си иновативен, види распрашај се дали можеш да го употребиш твојот софтвер во некоја нова интересна хардверска "играчка".