за европа воопшто не се сложувам со тебе. други беа времињата пред светските војни, други беа пред 30 години а сосем се други сега. мислиш дека еу како целина е слаба , а како поедини членки ке биде јака ?? да нема лошо. евентуално германија крепи нешто и англија која некако само го користеше европскиот пазар а си ја задржа колку толку монетарната политика.
Да, пред втората светска војна не само што имаше криза во западна Европа, туку имаше и глад меѓу народот. Но пак ќе ти кажам тоа не значи дека државите се сиромашни. Едноставно тоа се моменти кога економијата не функционира како што треба и тоа се пресликува кај народот. Сега моментално како што стојат работите, на ЕУ се прикачени некои паразити, и затоа пати ЕУ како целина.
и замисли само еу како пазар од 500 милиони неможи од криза да излези, сметаш дека секоја земја посебно ке стани појака. не се здружуваја тие за џабе. ги јадоја кинезите и другите економии кои се во подем како бразилската ,индиската и тн.
Имаше причина да се здружат и те како не е едека немаше. Само пак ќе ти речам, оди во Кина и во Индија, ќе видиш бедотија, појди во Европа, Јапонија.... Сакам да кажам разликата се намалува, пред 100 години Западна европа држела 70% од богатството, а сега 50%. Ама кога им прдна да ги земат Ирачките извори Бритиш петролеум си најде начин како да ги земе. Не им се бендисуваа Гадафи, Мубарак и компанија ги сменија. Реално да гледаме на работите, Евроатланските структури владеат со светот, тој факт не може ништо да го смени во наредните 20 години. САД нема да ја нападне Франција или било која западно Европска земја ради Турција. Ниту пак ќе ја нападне Русија ради Турција. Русија е дел од западната цивилизација. Турција може да игра епизодна игра во сето тоа (како што играше во ладната војна), меѓусебните игри на моќ на западните земји. 2 внатрешни судири на западната цивилизација од 20 век толку го здрмале светот што се наречени светски војни.
Вистинските играчи на планетата сега за сега треба да ги бараме во западната цивилизација. Европа (не ЕУ, туку буквално европа, Русија и Америка included) го држи светот многу цврсто.
едноставно се далеку поконкурентни и тоа е факт. не мора да ми веруваш на збор ама тркни до продавница за техника и сам ке се увериш. порано каде неприкосновени беа западната технологија и јапонската дел сега е кинеската. има тука уште многу да се зборува за тоа ама во друга тема, не овде.
Овој дел беше најголемата причина што повторно реплицирам на истиот пост. Прво да објаснам. Тоа што работите се правени во Кина, не ја прави Кина земја со високо развиена технологија. Причина за тоа е евтината работна сила и ништо повеќе. Претежно фабриките во Кина се отворени за потребите на западни компании и тоа е тоа, ништо повеќе.
Иначе Европа е многу свесна дека технолошки конкуренцијата ја јаде, најголемата конкуренција во технологијата ја гледаат во САД и Јапонија. Имаат огромни фондови, кои би требало да стимулираат напредок во техниката, имаат стипендии и флексибилни програми на универзитетите за додипломски и постдипломски студии, и извонредни услови за вработување на пост-дипломци одма после школувањето. Ете го имаат Церн, се поврзаа со Русите, заедно спремаат мисија на Марс со човечки екипаж итн. Меѓутоа ете кога е во прашање комерцијализација на иновациите Јапонија и САД се далеку понапред. САД благодарејќи на фактот што најголемиот дел на еврејските инвестициски фондови се таму, а нивниот модел на инвестирање во високо ризични пректи се покажа по практичен од конзервативниот модел на Европа.
--- надополнето: 30 декември 2011 во 04:52 ---
е сега ми стана појасно се. немој да ме сватиш погрешно ама чим нашинец замине по белиот свет наеднаш станува ептен голем националист. спрема тука што ја имаме толеранцијата едни спрема други можеме книга да им напишеме за западњаците по толеранција. пример само за бивша југа. кој тука ги мрази словенците босанците србите или општо едно со други. во глобала никој. а кога имав прилика пред некоја година да тркнам до германија како да се вратив во конфликтот во југославија. заглавија лугето и то е. си прават лице а после нејќат да се видат. абе се мразат од срце. и за трагедијата да биди поголема случајно се здружив со срби и хрвати кои исто беа како мене на гости( свадба ). ние дојдените ама никој со никој немаше ама никакви проблеми. цело време заедно никој збор на страна да не си речи, додека овие нашите кои живееја таму од време очи нејкат да си видат. сега дали е тоа пропаганда, дали биолошкиот часовник ви застанал кога сте се одселиле, дали единстевно нешто што ве држи е национализмот, дали ние продолживме напред а вие заглавивте во минатотот незнам ама во секој случај грешиш во сите погледи.
Абе види, јас тука сум 1 месец, не сум 10 години, ќе поседам уште некој месец, нема да се преселам тука. Националист сум бил од секогаш и ќе бидам засекогаш. А тоа не значи дека ќе мразам некого.
и за економијата грешиш. ако не се тие кој ке ви ги работи обичните ниско платени работи. белгијците ???
не бе тие се учени на подобро, испод части му е тоа. си мислат дека до дојденците е проблемот. па нека работат за истите пари па за овие ке нема работа па ке си се вратат. еее ама нејкат, па најлесно им е да играат на национализам. да не беа тие немаше да има 15% невработени. како да не.
Да ти кажам еве гратчето кај што сум, нема невработени, има све и свешто тука од најдалечен исток преку централна Африка до доминиканска република. Ама да ти кажам тие што го собираат ѓубрето и што ги чистат улиците се Белгијци. Индијците, Пакистанците, Турците и Кинезите си имаат дуќани, е само Црнците што рмбаат по фабриките. Ама па да ти кажам на црнците никој не се жали.
да не беа тие немаше да има 15% невработени. како да не.
15 % невработени не е во цела држава туку е само во Брисел, затоа што највеќе се сконцентирани емигранти. И невработени се они, а не Белгијците, Белгијец не работи само ако не сака да работи.
чекај допрва ке ви биди весело. порано кладоја од колониите, се развија економски и технички. ама сега белгија нема колонии, нема никој а парите на страна брзо се трошат посебно ко ке нема од каде да се полнат. се смени светот, се менува економијата. не се повеќе врв на технолошкиот развој , не сте конкурентни веќе со тој начин на живот и со тие плати, едноставно нема од каде повеќе,ве газат другите.
нема логика јас за иста работа да земам 200 евра а ти 2000. се селат фабриките се сели технологијата онаму каде има профит. така да џабе ги мразиш турците, и сите други генерално.
Оф мори мајко, како што кажав, тука сум 1 месец, дојден сум на неколку месеци, нит зависам од Турците ниту пак зависам од Европа. Си играм ташак и се шетам низ светот, и пошто во гратчево сега за празнициве е тивко и досадно еве решив да ве дружам. И пак ќе ти кажам џабе викаш дека ќе им паднат мадињата. Не им паѓаат. Кога си бил последен пат на нива ти? Тука све е обработено и тоа не работат други, си работат они самите. Кај нас све е запуштено, сите у град ајдеее овци, го запустевме селото. Епа тука не е запустено живее селото. И се бунат за тие 15% невработени имигранти во Брисел знаеш зошто, дека се на терет на државата.
уствари мрази ги ама од погрешна причина ги мразиш, не ви се тие ништо криви. и перцепцијата за политиката ти е замаглена поради мразењето. во секој случај како што кажав сега ми е многу појасно од каде таа омраза према турците и тоа сосем без основа и од каде толку поддршка на франција и тн. малце мозокот ти е испран со пропаганда. во секој случај грешиш, тоа не е наша војна уште помалце наша грижа и најпосле и ти си таму дојденец, иселеник, и тебе порано или покасно ко ке им здожежи ке те гледаат исто без разлика дали си турчин кинез арап или македонец. битно е дека не си белгиец.
Добро, ај уште еднаш ќе ти кажам не давам подршка на Франција, туку само го поздравив чекорот кој го извојуваше Ерменското лоби во Франција.
Ајде замисли си, ние имаме јако лоби во Франција и издејствуваме осуда за геноцидот на Македонците во Грција и криминализација на негирањето. И дали лицемерието на Франција треба да значи дека остатокот од светот треба да ја брани Грција ?????
Иначе јас сум осетил дека ме гледаат лошо, и ги разбирам за тоа, дека и кај нас е тоа така. Дојдено им е преку глава и од Турци и од Индијци и од Кинези и од Цигани и од Пакистанци и сега на крај и од Бугари и Романци. Дека на крајот на краиштата обичниот човек овде, не ја води политиката и по тоа што го гледам, толеранцијата што ја имаат ги надминала сите можни граници, ниту ние не би го трпеле ова.