S
Shellshock nam67
Гостин
Вниманието на сите беше привлечено од неодамнешното гласно разменување на зборови меѓу турскиот премиер РеџепТаип Ердоган и претседателот на Франција Никола Саркози во врска со законот, криминализира негирањето на ерменскиот геноцид во1915 година.
Познато е дека и двајцата лидери не штедат своите зборови. И двајцата се ориентираат првенствено на публиката и понекогашдејствуваат во согласност со чисто трговските интереси набизнисмените во своите земји. Во 2009 година за време наседницата на економскиот форум во Давос Ердоган стави наместо претседателот на Израел Шимон Перес. Сега гооднесе претседателот на поголема земја, и тоа земја -сојузник во НАТО. Може да се забележи дека гласот на премиерот зајакнува.
Гласот на Турција се зголемува на меѓународната сцена благодарение на зголемената економска моќ на земјата и меѓународното влијание. Не случајно во една од репликите на Ердоган во говор пред Европскиот Совет беше: “Погледнете не нас и погледнете во каква состојба е Европа“.
Неговите зборови се однесуваат на одличното темпо на развој на Турција и финансиската криза и стагнацијата во Европската Унија. Актуелната размена на реплики уште повеќе ќе се зголеми по намалувањето на шансите за влез на Турција во ЕУ. При тоа, судејќи според изјавите на турски официјални лица, Анкара веќе губи интерес.
Се повторува приказната за лисицата и киселото грозје. А, од друга страна се интензивира соработката меѓу Турција и САД. Се зголемува улогата на Турција и во регионот, откако Египет го загуби местото на водечка земја. Поради тоа Анкара со леснотија се откажа од постојните економски и воени врски со Израел.
Влијанието на Анкара се зајакнува во сите земји, кои во минатото биле дел од Отоманската империја. За умерените исламисти, кои ја кренаа главата благодарение на Арапската пролет, суштината на турскиот политички систем е пример. Турските лидери по секоја цена ја охрабруваат оваа желба за имитација. Политиката на Анкара кон ова е да бидат избегнат спорови со соседите остана во минататот. Во моментов Турција зема активно учество во ситуацијата во Сирија. Нејзиното раководство веќе повеќепати инститираше повлекување на Башар Асад од власт.
На турска територија не само што цврсто се втемелени сириски опозицски групи, туку и бунтовничките сили. Уште повеќе, се’ почесто во круговите на НАТО се изразуваат желби за создавање на “ослободени реони“ по границата меѓу Сирија и Турција.
Турција располага со втората по големина армија во Алијансата. Треба да се има предвид и дека продолжуваат дека зголемувањето на вмешаноста на Турција во сириските случувањ да доведат до влошување со уште еден нејзин сосед – Иран.
Сферата на активноста на Турција не се ограничува само на соседниот регион. Таа е забележителна и во постсоветскиот дел, особено во земјите со населние кои зборуваат Турски.
Сето тоа говори дека интересите на Турција се пошироки од рамките на регионот и тоа веќе е меѓурегионална држава.