ХРТ1 и РТС1 од 1 јануари ќе ги нема во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата scary
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
11 ноември 2009
Мислења
2.809
Поени од реакции
2.631
Македонски Телеком, ОНЕ и Близу денеска информираа дека не постигнале договор со Здружението за заштита на авторски музички права (ЗАМП), па затоа од 1 јануари 2012 година нема да се емитуваат одредени тв канали, меѓу кои е HRT1.
Операторите една година преговарале со ЗАМП за продолжување на соработката, но до тоа не дојде, според нив, пред сè поради неоправданите и нереалните условувања од страна на ЗАМП и останатите иматели на права.
- ЗАМП им наметнуваат обврска на операторите задолжително да изберат и реемитуваат поголем број ТВ канали од ограничена листа, за која што не постои реален интерес кај корисниците. Операторите сметаат дека зголемениот број на неатрактивни канали ќе ги зголеми оперативните трошоци и ќе предизвика потреба за пораст на цената на услугата која на крајот ја плаќаат корисниците – се вели во соопштението испратено од Македонски Телеком, Близу и ОНЕ.
Операторите најавуваат проширување и збогатување на својата понуда на ТВ канали со квалитетни и интересни содржини.

http://www.plusinfo.mk/vest/28220/HRT1-i-RTS1-od-1-januari-kje-gi-nema-vo-Makedonija
 
Не гледам телевизија, ама секој пат кога ќе прочитам дека некој странски канал се укинува, еден дел од мене умира. Дај ако не само МТВ1, МТВ2, и МТВ Собранискиот нека останат за гледање. Па уште ЗАМП се јавуваат. Ги нема, ги нема, па се губат.
Нека станат конкурентни нашиве телевизии, нека понудат и други програми освен турски и индиски серии, па тогаш нека укинуваат. Бреееееее се изнервирав!
 
Како иде работава само МТВ 1,2 и собрание ќе фаќаме а и Шиттел да не ја заборавам :tapp:
 
Па џабе ли ќе плаќаме 190 ден, за такса... за толку пари ќе мора да се гледа програмата на МТВ,мислеле они како да не ни пропаднат парите.:icon_mrgr:
 
Овие се ненормални...
Ако ја тргнат и РТЦГ ќе ја спалам Владана. :@ :@ :@
 
Ова намерно го прават за да не можеме подоцна да ја споредиме “реформираната“ МТВ со другите балкански државни тв,божем ние не знаеме колку ни се за никаде телевизиите
 
Да не знае некој кога ќе почнат МТВ да ја даваат пак Тропска горештина, зш сакам цела да ја гледам од почеток????????????
Најверојатно на почетокот на јуни, таман се поклопува со надворешната атмосфера
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom