Како да се добие туристичка виза за USA?

  • Креатор на темата Креатор на темата iksimkd
  • Време на започнување Време на започнување

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Локација
Струмица
Незнаев каде да ја отворам темата па затоа решив овде, незнам дали има друга ваква тема, ако има избришете ја оваа.

Сакам да знам што е потребно за да се добие туристичка виза за престој во САД? Знам дека низ интернетов има многу сајтови каде што го пишува тоа, читав многу но сепак не ми е доволно јасно и би сакал некој што добил таква виза или било каква друга да ми објасни што е потребно за да се добие. Имам роднини во САД ( Greenwood, NY ) и сакам да ги посетам но незнам што треба да направам за да добијам виза. Знам дека некои луѓе добиваат виза откако претходно некои роднини од таму ќе им пратат гарантно писмо, но моите роднини велат дека сеуште немаат green card и затоа неможат да пратат такво писмо.
Нека ми објасни некој која е процедурата ако не му е тешко.
:smir::salut:
 
Нема врска дали имаат или немаат зелена карта, гарантното писмо е всушност некаков доказ дека таму постојат луѓе кај кои ти ќе престојуваш. Сега со новите формулари мислам и дека не ти треба гарантно писмо, туку пополнуваш во формуларот кај кого ќе одиш и они проверуваат. Ти требаат еден тон документи (потврди за вработеност на родителите, потврда дека си ученик/студент, извод од книга на венчани (мене барем ми бараа за моите), ми бараа и имотен лист од станот...) Најдобро е да се јавиш и да прашаш, а и отвори на сајтот на американската амбасада во Скопје http://macedonia.usembassy.gov/apply_niv.html и види го и формуларот https://ceac.state.gov/genniv/ и ќе видиш што се' е потребно. Ако ги имаш сите потребни документи и не лажеш во формуларите, не би требало да имаш проблем за добивање виза. Јас имав 5 годишна мултиентри, ми истече, одев по втор пат и по втор пат аплицирав, сега имам 10 годишна, исто мултиентри.
 
Каква е таа мултиентри првпат слушам, кои се предностите на таа виза пред туристичката? Можеш да работиш со неа во САД?
 
Каква е таа мултиентри првпат слушам, кои се предностите на таа виза пред туристичката? Можеш да работиш со неа во САД?

Мултиентри = за повеќе влезови, и таа е туристичка, ама не си ограничен на само едно влегување. Не можеш да работиш со ТУРИСТИЧКА виза. Туристичката виза ти е за туристичка посета само. Расчепкај низ сајтот, имаш се' објаснето. :smir:
 
Колку што се сеќавам кога јас вадев пред 3 години се пополнуваат формуларите кој се дадени на сајтот, ако си во работен однос треба да извадиш М1 и М2 формулари, потврда каде ќе престојуваш (резервација од хотел или писмо од роднина со негова адреса), имотна состојба.
Се купува пин за јавување на телефон од комерцијална банка, закажуваш интервју на телефон кој го има на сајтот на амбасадата, плаќаш 100 долари или колку и да е сега за визата и одиш на интервју.

Визата трае од година за еден влез до 10 години за мулти влегувања
 
Jas zakazav za intervju za ovoj mesec za turisticka viza ama ne me prasaa dali sakam multientri ili neznam kakva, tamu ke me prasaat ili kako da kazam deka sakam takva viza??
 
царчиња дај малце повеке информации за ова туристичката виза
како оде процедурата ?
има некој скоро одено ?
 
Јас сум бил во САД, ама не со туристичка виза туку со работна, тип на виза: J1.
Туристичка виза е тип Б2 (Привремени посетители за туризам), чини 140 долари.
Повеќе информации на овој линк. На македонски пишува:
http://macedonian.macedonia.usembassy.gov/mk/visas/non-immigrant_visas/apply_niv.html
 
Визата (туристичката) за колку време ја даваат откако ќе поднесеш документи?
 
Визата (туристичката) за колку време ја даваат откако ќе поднесеш документи?

Јас вадев во Август, ме повикаа за 3 седмици отприлика на интервју, додека визата ја даваат наредниот ден.
 
Колку плати се на се и колку трае?
140 долари и не те разбирам што мислиш колку трае, мене ми закажаа за три недели, потоа јас им презакажав зошто требаше да патувам на закажаниот датум, па ме преместија за порано.
Ако мислиш на интервјуто, тогаш мислам дека фати околу 3-4 часа чекање зошто почна малку покасно со влегување, после имаше чекање за да те повикаат, инаку само интервјуто со вработениот во амбасада траеше околу 5 минути, ги прегледува документите и само основни прашање каде и зошто одиш во САД.
 
Па мислев на тоа колку трае визата.
 
Па мислев на тоа колку трае визата.

Мене ми даде мулти годишна, тоа е во зависност од какви ќе ти бидат потребите за одење таму, доставените документи и вработениот во амбасада.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom