Зошто менталитетот на овие простори почна да се менува во позитивна насока. Додека нашите баби и дедовци, татковци и мајки седеле во неуспешни бракови од страв што ќе речат комшиите и фамилијата, денес тоа веќе заминува во минатото. Битна разлика е и еманципацијата на жената, порано си играла домаќинка и кога би го раскинала несреќниот брак немало каде да оди, денес има свои пари и слободно си заминува низ врата. И трета работа е изменетото гледиште кон бракот. Порано се сметало за нешто свето, денес повеќе и повеќе си ја добива вистинската дефиниција - институција.
Па не сум баш сигурен дека менталитетот почна да се менува во позитивна насока...