Турција ги прекина сите контакти со Франција

Член од
24 март 2010
Мислења
15.346
Поени од реакции
26.346
Турција денес го повлече амбасадорот од Франција и ги прекинува сите официјални контакти поради законот, кој предвидува криминализација на негирањето на геноцид, што беше одобрен од Долниот дом на францускиот Парламент, изјави денес турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган.

Тој истакна дека Турција нема да присуствува на економските, политичките и воените средби со Франција и оти Анкара ќе ја прекина воената соработка со Франција, како и дека ќе забрани пристап на француските авиони и бродов и до турските аеродроми и пристаништа.

Ердоган наведе дека се откажува и планираната средба за економска соработка меѓу Турција и Франција, додавајќи дека ќе следат и други мерки.

Турскиот премиер го оцени законот како расистички, дискриминирачки и ксенофобски.

- Ние немаме геноцид во нашата истроија. Ние ќе раскажеме за француските суровости кои беа заборавени, посочи Ердоган.

Француското Национално собрание околу пладне го одобри законот со кој се казнува одрекувањето на тоа дека врз Ерменците е извршен геноцид од страна на Турците за време на Првата светска војна.

Законот предвидува казна од една година затвор и парична казна од 45.000 евра за одрекување на геноцид, вклучително и ерменскиот геноцид од 1915 година. Законот за да стапи во сила треба да биде изгласан и од Сенатот.

Ерменскиот геноцид е веќе признат во Франција со закон од 2001 година.
Според Ерменија за време на Отоманската империја во периодот 1915-1917 година биле убиени 1,5 милиони Ерменци. Турција тврди дека таа бројка е меѓу 250.000 и 500.000 и категорично отфрла теза за геноцид.
Извор: http://www.kurir.mk/svet/vesti/54532-Turcija-gi-prekina-site-kontakti-so-Francija


Интересно, Турција со овој потег се одлучува да се откаже од сопствената иднина во ЕУ. Подготвуваат некои мерки на реципроцитет кон Франција со кои ќе ги осудат француското владеење во афричките колонии и економско ембарго.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
ау, после Израел, отиде и вториот по важност воен партнер на Турција.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Какви цврсти ставови има Ердоган тоа е чудо.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.346
Поени од реакции
26.346
ау, после Израел, отиде и вториот по важност воен партнер на Турција.
Битно во ситуацијава е дали САД стои зад одлуката на Турција? Мислам дека ова го прават координирано, Турција треба да се откаже од ЕУ и да се концентрира на Балканот. Ќе видиме како овие турбуленции ќе влијаат на НАТО.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.181
Поени од реакции
18.258
Битно во ситуацијава е дали САД стои зад одлуката на Турција. Мислам дека ова го прават координирано, Турција треба да се откаже од ЕУ и да се концентрира на Балканот. Ќе видиме како овие турбуленции ќе влијаат на НАТО.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Битно во ситуацијава е дали САД стои зад одлуката на Турција. Мислам дека ова го прават координирано, Турција треба да се откаже од ЕУ и да се концентрира на Балканот. Ќе видиме како овие турбуленции ќе влијаат на НАТО.
Види одма после оваа вест со Франција нешто што се очекуваше од лани кога Турција директно се вмеша во конфликтот меѓу Израел и Палестинците.
http://www.kurir.mk/svet/vesti/54535-Izrael-ja-prekina-sorabotkata-so-Turcija-vo-oblasta-na-odbranata
Значи последните 200 години главен западен сојузник на Турција била Франција. А пријателски народ Еврејскиот.

Со оглед на традиционалното непријателство што го има Турција, со Арапите, Персиците, Ерменците, и Бугарија и Грција и да не го спомнувам ривалитетот со Русија.... многу лоши чекори....
--- надополнето: 23 декември 2011 во 02:55 ---
А некако САД и Израел сеуште ми се поврзани доста цврсто, така да не верувам дека стои зад Турција, уште кога Турција се дрзна да им помогне на тие што го палат Америчкото знаме,...
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.346
Поени од реакции
26.346
Со оглед на традиционалното непријателство што го има Турција, со Арапите, Персиците, Ерменците, и Бугарија и Грција и да не го спомнувам ривалитетот со Русија.... многу лоши чекори....
Доколку не се во координирани се согласувам дека се лоши. Затоа не верувам дека Турција ова го прави на своја рака. Доколку е така, Ердоган и неговата политика нема да траат уште долго.
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Битно во ситуацијава е дали САД стои зад одлуката на Турција? Мислам дека ова го прават координирано, Турција треба да се откаже од ЕУ и да се концентрира на Балканот. Ќе видиме како овие турбуленции ќе влијаат на НАТО.
Ќе ми простиш за концизноста на коментарот, меѓутоа ќе го споделам мислењето за оваа, можеби најинтересна тема подоцна, краток сум со време моментално.

Јас мислам дека треба да се оди според општите сфаќања за политиката на САд, односно она, „кој со САД тикви сади“. Без разлика дали САД стојат зад турските одлуки или не, или пак, дали отворено или латентно ги подржаваат турците, САД гледа малку поголема политика во сиот тој случај. Во кој јас мислам дек Турција, онака долгорочно, ќе го изеде поголемиот крај.
Ова наликува на никулци на нова геополитичка партија шах, односно одмер на муслиманскиот основ против сите останати (останатите од силниот геополитички смер, не сите во целост). Во смисла, Турција ги распаѓа своите надворешни врски со силни земји, кои без разлика дали се вклопуваат со политиката на САД или не, тие секогаш ќе бидат на страната на победникот (знаеме кој). Лоши односи со Израел, сега со Франција и сега нула шанси за некакви ЕУ интеграции ја отфрлаат Турција од останатиот свет.
Јас стојам на мислењето дека Турција е налик на цртаните филмови (од напред имаш убава и голема фасада, која е потпрена на колибка), па затоа... новата поплава која се спрема кон нивните краишта, а ке ги здрма Сирија и Иран, и како главен играч товарот ке го понесат Курдите, ке ја остават Турција со празни раце. И повеќе од тоа.

Можеби изгледа конфузно овој коментар, меѓутоа сакав во кратки црти да направам некоја поента.
Во следна прилика, повеќе и подобро.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Доколку не се во координирани се согласувам дека се лоши. Затоа не верувам дека Турција ова го прави на своја рака. Доколку е така, Ердоган и неговата политика нема да траат уште долго.
Па не е тоа од сега, не се случува ова само овој месец...

Апсењата на генералите кои ја чуваа секуларноста на државата (фактички поделба на армијата на две крила), постепено воведување на исламските закони и неофицијално напуштање на секуларните принципи.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.346
Поени од реакции
26.346
Ти ја разбрав поентата. Турција избра да ги прекине врските со досегашните моќни сојузници и остана на иста фрекфенција само со една држава. И се согласувам дека ако се земе во предвид потенцијалната внатрешна опасност, Турција може да излезе како поразена од целата игра.
Апсењата на генералите кои ја чуваа секуларноста на државата (фактички поделба на армијата на две крила), постепено воведување на исламските закони и неофицијално напуштање на секуларните принципи.
Султанизирање и исламизирање на Турција, едноставно кажано. Сепак доколку нема надворешна поддршка Ердоган нема да успее во тој план до крај и ќе доживее воен удар. Доколку има ќе гледаме добра партија „шах“ на Балканов.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Ќе ми простиш за концизноста на коментарот, меѓутоа ќе го споделам мислењето за оваа, можеби најинтересна тема подоцна, краток сум со време моментално.

Јас мислам дека треба да се оди според општите сфаќања за политиката на САд, односно она, „кој со САД тикви сади“. Без разлика дали САД стојат зад турските одлуки или не, или пак, дали отворено или латентно ги подржаваат турците, САД гледа малку поголема политика во сиот тој случај. Во кој јас мислам дек Турција, онака долгорочно, ќе го изеде поголемиот крај.
Ова наликува на никулци на нова геополитичка партија шах, односно одмер на муслиманскиот основ против сите останати (останатите од силниот геополитички смер, не сите во целост). Во смисла, Турција ги распаѓа своите надворешни врски со силни земји, кои без разлика дали се вклопуваат со политиката на САД или не, тие секогаш ќе бидат на страната на победникот (знаеме кој). Лоши односи со Израел, сега со Франција и сега нула шанси за некакви ЕУ интеграции ја отфрлаат Турција од останатиот свет.
Јас стојам на мислењето дека Турција е налик на цртаните филмови (од напред имаш убава и голема фасада, која е потпрена на колибка), па затоа... новата поплава која се спрема кон нивните краишта, а ке ги здрма Сирија и Иран, и како главен играч товарот ке го понесат Курдите, ке ја остават Турција со празни раце. И повеќе од тоа.

Можеби изгледа конфузно овој коментар, меѓутоа сакав во кратки црти да направам некоја поента.
Во следна прилика, повеќе и подобро.
Не навлегувам во онаа иницијалната за САД, пошто јас САД ги гледам повеќе како инструмент одколку како фактор.
Ајде малце подоле да почнеме, за да имаш одмер кој од една страна би преставувал муслимански свет треба да имаш барем некаква солидарност во муслиманскиот свет. Тоа засега не постои, ако видиш малце подобро ќе видиш длабоки раздори, почнувајќи од религиозна поделеност (Шиити, Сунити, Вахаби) па се до Етничка нетрпеливост (Туркмени, Арапи, Персици).

Иначе Иран и Сирија, може да ги задрма Турција, но како непријатели на Турција, Сирија и Иран во падот на Турција би гледале со насмеани лица. Поготово Иран, зошто со падот на Турција би му го решил нестабилниот запад.
 
Член од
8 ноември 2007
Мислења
574
Поени од реакции
296
Браво за Турција. Добар чекор. Квазимодото Саркози не може да прави што сака, исто како ционистите. Доста им е веќе.
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.089
Поени од реакции
1.257
Какви цврсти ставови има Ердоган тоа е чудо.
Турција не е Македонија, а и Ердоган не е нашиот Грујо..

Јас сум против Франција,тие се про грчки ориентирани, секогаш се на страната на Грција против Македонија, а Богами и против Турција..
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.089
Поени од реакции
1.257
Само ова може да создава политичка криза во НАТО, затоа што и Турција и Франција се членки на НАТО, јас мислам дека можно е и да се смират,под покровителство на САД и Велика Британија..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom