Луцидни соништа

Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Јееееееееееес,конечно успеав :X3:
Сањав како сум ветеринар,и ми носат некое куче,ама онала изгледаше ептен мирно,и таман да му се приближам,да го боцнам,оно почна да гаса да рипа да лае,и избегав,се скрив зад еден ѕид.и се криајм така едно 10 минути,па туку ми текна,абе,што се плашам ја,па нели сонувам,излегов,му плеснав една и фино лепо си се разбудив ЧD :D
 
T

theTinule

Гостин

Луциден сон се запишува во сегашно време, како да си таму. Простудирај од првите страни на темава, има многу tricks со кои моеш да се подобриш.
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Луциден сон се запишува во сегашно време, како да си таму. Простудирај од првите страни на темава, има многу tricks со кои моеш да се подобриш.
епа јебига,ако не веруваш нема веза,инаку,фала на предлог,ќе пробам друг пат :)
 
Nymphadora

Емоцинално незрело џубре
Член од
2 февруари 2009
Мислења
986
Поени од реакции
1.672
не знам дали е баш тоа.. али еве ја шо сонував..
значи сонувам дека правам куќа.. дека ја средувам цела.. и сеа свесна сум дека сонувам... си викам wtf како сум го нацртала воа јас и како уствари го правам.. и после некое време свесна дека е сон.. си викам па ок чим више нешто правам нека биде ко шо треба.. и се ама баш се сум средила до најситен детаљ.. и се будам возбудена.. радосна и шо се дешаа... во истиот момент заборавам што сум направила .. и не можам и не можам да се сетам шо куќа направив.. :confused:
 
Sora_Dono

The 14th
Член од
22 октомври 2011
Мислења
129
Поени од реакции
35
Neam pojma kaj bi trebalo da ide threadov, pa mod/admin neka go premesti ako ne e za tuka, thx in advance.

Ok, self-explanatory pak, postirajte prici od cudni stvari so ste sanjale, ja sum prepun dakara ocekuvajte wtf i lolz na moite.

>Idam na fax i stignuvam u sredno mesto fax, i tamu treba da idam na kontrapunkt, ali ne me pusta da vlezam zoso mi vika ne sum bil na sistematski da se slikam, normalno posle toj wtf moment, sednav pred ucilna i cekav da pocna angliski. odednas se portnav na fax e sedev so koleska, sestra i i use eden kolega. Kolegata otide negde, a ja vidov deka koleskava ima ogromni bubuljici na raka, i pocnav da i gi stiskam, a ona pistese poso sum bil gnasen. Sestra i se ubaci u sred rabota i mi vika, konecno si fativ decko, i togas vidov deka i ona ima bubuljici pa i na nejze zemav da i gi stiskam, ali ona pistese zoso ja boli lol. stanav da go pobaram kaj mi e kolegata, ali dojde nekoja profesorka, i pocna da prai muabet so sestrata na koleska mi kolku dobro si prosle minatiot vikend, /ignor i idam da go baram kolegava da mi prai drustvo za u vece. go najdov i mi vika, kazi brat, ti trebam za tomi dzeri? i toj tekst mi iskoci nad nego u glaa, ova bese kapakot koa svativ deka sanjam i sum kao fak dis shit, i se razbudiv... pred okolu 20 minuti...
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Сакаш да поврзеш сонови со потсвест со темава ?
Ако е тоа тогаш може да стои во потфорумов, во друг случај
не знам што е тука филозофијата :)
 
Sora_Dono

The 14th
Член од
22 октомври 2011
Мислења
129
Поени од реакции
35
Сакаш да поврзеш сонови со потсвест со темава ?
Ако е тоа тогаш може да стои во потфорумов, во друг случај
не знам што е тука филозофијата :)
Epa kazi da ja premestat, ne mi e bitno so so se povrzuva, sonovite se psiholoska pojava, dakara bi trebalo tuka da bide, a poso nema random board neznam kaj bolja da bi go stael ova...

a dobro utro, dane neznaev lol. mene site sonovi mi se lucidni. obicnite ne gi pamtam :(
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617

Има random board. Се вика “Драга кајгана“. :D
 
Член од
26 октомври 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
1.167

Луцидните соништа се нормални соништа. Во текот на луцидното сонување, мозокот и телото се во иста физиолошка состојба како и за време на најобичното сонување, т.е. во РЕМ фазата. Сонот е резултат на активноста на мозокот, додека сетилата се исклучени за надворешниот свет. Во таквата состојба умот создава доживувања од моментално активните мисли, грижи, сеќавања и фантазии.
Соништата не се однапред создадени приказни, туку се креираат додека се движите низ нив. Сознанието дека сонувате, едноставно, ви дозволува да го насочите сонот во конструктивна и позитивна насока, како што ги насочувате мислите додека сте будни. Луцидните соништа можат да ви дадат дури и повеќе информации за вас самите, отколку обичните соништа, бидејќи можете да го набљудувате развојот на сонот преку сопствените чувства и склоности, додека сте свесни дека сонувате и дека сонот се раѓа во вас. Обидете се да го заборавите тврдењето дека соништата се несвесни процеси кои такви треба и да останат.
Вашата будна свесност секогаш е присутна во вашите соништа. Кога не би била, не би можеле да ги запаметите соништата, туку само настаните кои свесно сте ги искусиле.;)
 
Член од
15 ноември 2011
Мислења
100
Поени од реакции
42

Ова ти го си го напишал?
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Знам дека ветив преводи али мрзата преовладува.
Гледајте го Waking LIfe место тоа. Се исплати.
Извадок.
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617

Идејата на холивудскиот блокбастер Inception, каде што луѓето патуваат низ нечии сонови за да „засадат“ идеја, можеби и не е толку научно-фантастична. Истражувачи од Јејл откриле дека луѓето кои искусуваат луцидни сонови - сонови во кои тие контролираат сè - би можеле да учат нови работи додека спијат.Тим научници сега ја истражува идејата за „тренирање“ на луѓе преку упатства за сонови. Луѓето кои можат да ги контролираат своите сонови можат да ја употребат оваа необична способност за да искусат еуфорија, како да постигнале нешто.

Но ново истражување налага дека луѓето можат да го употребат сонувањето како алатка за учење. Контролирањето на соновите отвара можности за нивно манипулирање за учење и тренирање.Луѓето кои можат да сонуваат луцидни сонови можат да контролираат делови од нивниот мозок за да „учат“ додека спијат. Исто така изгледа дека само способноста за луцидно сонување на некои луѓе им дава голема предност. Истражувачите од Јејл Универзитетот откриле дека луцидните сонувачи подобро дејствуваат во задача која е дизајнирана за тестирање на дел од мозокот кој е важен за емоционалните одлуки и социјалните интеракции. Питер Морган и неговите колеги од Јејл Универзитетот мислат дека овој дел од мозокот може да биде истрениран.Морган и неговиот тим работат на развивање метод за тренирање со помош на сонови. Тој се надева дека тие би можеле да ја подобрат социјалната контрола и способностите за носење одлуки кај одредени луѓе. „Знаеме дека со вклучување на некои кола во мозокот можеме да ја менуваме неговата архитектура“ вели тој. Веќе е докажано дека луѓето кои вежбаат специфични задачи во соновите стануваат подобри во нивното извршување кога се будни.

Една швајцарска студија, предводена од Даниел Ерлахер од Универзитетот од Берн, покажала дека луцидните сонувачи кои вежбале фрлање паричка во чаша станале подобри во истата активност кога биле будни. [Inception becomes reality: People can teach themselves new skills in dreams]

превземено од 365.com.mk
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Одлична тема, научив некои нови работи.

Лажни будења ми се случуваат од мал, ги имам извежбано до перфекција, несакајќи. Првата работа е што имам навика откако ќе звони алармот да продолжам уште 10-15 минути па да станам. Кога одев во основно, зимно време, имав голем проблем, затоа што требаше да излезам од топло на ладно и да пешачам 20 минути по обиколни патишта, затоа што улицата се преплавуваше со вода од дожд или растопен снег. Ова ми го правеше станувањето не баш пожелно па сакав да ја искористам секоја минута. Во следните 15 минути по алармот „се будев“ неколку пати, се облекував, па забележував некоја нелогичност во собата и сваќав дека сеуште не сум буден. По што алармот „ќе засвонеше“ и ја почнував постапката на станување и облекување одново, за пак да сватам дека не сум буден... Ова ми се случува и ден денес, посебно кога треба да станам порано од предвиденото за да правам нешто што не ми е по волја.

Како мал имав проблем со кошмари од типот на невидлива сенка која ме парализира и не ми дава да се помрднам. Во сонот се обидувам да викнам помош но не можам да изговорам ништо. Ова ми се случуваше премногу пати и на крај можев да го идентификувам како сон и да се борам со тоа. Понатаму сенката се помалку можеше да ме парализира, можев да викам во сонот и да се разбудам кога ќе затреба, и овие соништа завршија.

Ми се случило неколку пати да контролирам сон во блага форма. Значи да се разбудам од сон, обично убав, да прилегнам и да го продолжам „по мое“. За кое време сум свесен дека сонувам, но контролата трае премногу кратко и на крајот се случува нешто што не можам да го исконтролирам. Сеуште сум во потрага по мојот перфектен сон, затоа што ме фрустрира тоа што работите одат до некаде и потоа трчам ама не можам да стигнам, посегнувам а не можам да дофатам и во основа целта е пред мене, ама не можам да ја остварам. Не сум знаел дека постојат методи со кои (се надевам) дека може да се постигне напредок, па ќе разгледам и ќе пробам нешто. Ми треба ова како милион долари :)
--- надополнето: 23 декември 2011 во 00:33 ---
Едит: идејата на Инсепшн не е оригинална, овие што пишуваат по порталите не знаат дека има постари филмови од каде идејата е земена.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom