Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Се можи ако се сака изгледа.

Друга работа, браво Тери, фак оф Адебајор! Да имаше уште 2-3 со ваков карактер денеска, друго ќе беше.
 
392266_264565660271046_146500425410904_786142_483403662_n.jpg


Тоа е тоа ЛЕГЕНДА :)
 
Абе добро, нов сум, али не сум неписмен, ве читам одамна знам дека за вас Дрогба и Лампард се историја.
Се сложувам и јас, но се надевам онака потајно да ме изненадат и да се радувам цел вечер, ама пак се разочарав.

За натпреварот можам да употребам еден збор и да ја долови играта на Челзи: Очајно.
Што да кажам, задоволен сум со ремиво иако е и фер резултат, ни Тотенхем не беше нешто посебно, израмнети бевме.
Но можевме да одиграме многу подобро, многу поцврсто, ни фали жарот кој го имавме со Мурињо, ни фали цврстата и машка игра, играме како некои балетани, не вршиме доволно пресинг, ги оставаме премногу да играат.
Многу очајна игра на средината на теренот, единствено немавме никакво решение и идеја за напад, се чекаше се на Рамирес и Стариџ, Мата изгубен беше денес.

Здравје боже со добри засилувања, и целосен ремонт на лето ќе се среди Челзи.
И Боаш мора малце да стекне искуство, нека му биде поучна сезонава и нека се искали малку, од следната да си газиме.
 
Кога видов дека Фереира влегува почна да ми се лоши:D за чудо не беше толку лош.
Мислам нема потреба да го коментирам Џон Тери.
 
Шутот на Мата и отпадокот што не го искористи Стариџ, стативата на Дрогба, зицерот на Рамиреш... - бевме подобри, но сега може само да жалиме за двата бода.
 
Стварно бре не разбирам, ако можи мене вакви ропаци ко Тотенхем (не се единствени во „величестванава“ ПЛ) да ме накурчат до немајкаде, како тоа нема ист ефект врз играчите на Челзи?

Па се тоа треба да се убие бре, имаше еден скеч од К-15.
 
Да бе, заборавив да ги пофалам и Босингва и Фереира.
Секоја чест и за двајцата одиграа солидно, посебно Босингва, откако ја видов рокада што ја направи Боаш, си реков готово лапнавме 3 комада, али не бе, имаше солидни реакции Босингва.
За Тери нема потреба да се коментира, се знае зошто е легенда, се знае зошто е капитен и лидер на тимот, таков играч ни на 50 години не треба да се седне на клупа, гине на теренот.
Само да не го суспендираат ради расизмот, прочитав на нет дека ќе треба да иде на суд.
 
Изненаден сум позитивно од Челзи во второто полувреме.Не очекував дека вака ќе стиснат и ќе играат добро во вториот дел.
Ме нервира тоа што Челзи мора да прими гол,и да биде пикнат в шише,за да почне после да игра како што треба.

И се виде.Од кога влезе Ромеу како играше Челзи.Детево е фантазија.Смирен,едноставен,без да ја дупи многу како Микел и останатите.

Фереира исто ме изненади,не очекував дека нема да направи ниедна грешка,исто добар и Босингва беше како централен.

Рамирес не треба веќе во напад да оди.Една од шансите да погодеше и ќе тепавме.И веројатно тој е најголемиот зицераш што постои,што се тиче играчи од среден ред.
Па како ја опердаши безвезе таа со глава (n)

Во глобала игравме можда и подобро и требаше да земеме три бода.Очекував ваков исход,затоа и не сум разочаран многу,ама кога ќе ми текне дека кикснавме со Виган,ми иде да ја акнам главата од ѕид.

Торес влезе повторно 13 минути пред крај.Тој е човек обичен Боас,не е маѓионичар.За толку време очекуваш да направи некое чудо?
Наредна со Вила,Торес,Лампард и Ромеу прв тим,другово е све океј.И се надевам дека Бане ќе биде исто така добар.И сигурен сум дека ќе победиме во понеделник против Астон Вила.

Е сега имам еден друг муабет.Не знам колку ќе се сложите со мене.
Стариџ ми е еден од поомилените играчи.Арно ама еден близок мој човек вика дека Стариџ некогаш повеќе штета ни прави,отколку што допринесува.
Себичен е,знае да заебе акција.Промашува многу шанси.Е сега подоцна се ваѓа со постигнат гол,ама некако...
Еве и денеска.Дриблаше непотребно на средина,му ја одзедоа топката и после таа акција примивме гол.После тоа промаши чиста шанса пред гол.И пак се извади со голот покасно.
И јас не сакам да верувам во ова и да го мислам истово,ама кога ќе разгледаме објективно тогаш можеби ова е точно.
Ама пазите,велам некогаш,значи не константно.

Ватевер,после долго време Челзи изигра многу добро второ полувреме на Вајт Харт Лејн и мило ми е поради тоа.
 
Со самото влегување на Фереира,Челзи игра со играч помалку иако не доби никој црвен картон.

Наместо Ромеу да го стави централен,тој го става Фереира,а Босингва игра на позицијата од Бане.
Ќе се утепам.

Иначе со Фантом ретко се слагам,ама тоа што го збори за физичката издржливост на играчиве е тотално во право.Две повреди во прво полувреме,овој Микел некој дух изгледа го удри и го повреди.

п.с Шансите на Дрогба и Стариџ мислам дека ќе не чинат многу натпреваров.

Така ли? Ај па за Божиќ сеа за 3 дена може ќе го пушти да му излезе од џеб, да си оди дома. 5 години дреми на клупа, збор не рекол...Еднаш влегува и го уништува играчот кој ствара највеќе проблеми. Aма ако, исто како со 10 играчи да играме. Човекот е ѕвер, за вакви ситуации е измислен. Ако имаше малку повеќе брзина ќе беше првотимец.
 
Поентата на Премиер Лига очигледно веќе не изградена, планирана игра. Јасно е дека шо поинцидентно ги прајш работите, толку поарно за тебе. Веќе ни судиите не ги кривам толку за нивните грешки.
Шо можи еден судија ако опарак ко Бејл и Адебајор се сопни на раскопаната од нивното орање ливада и се тркала ко топка на терен и во исто време судијата е секундарно опкружен од нивните уште поголеми абдали од соиграчи? Публиката не ја сппомнувам, домашна публика по дефиниција треба да е никаква, тоа шо на ВХЛ се при врвот на глупоста (iq кокошки) е друга работа.
 
Во право си и ти, и твојот пријател дека Стариџ солира многу пати и себичи.
Но да не заборавиме дека оваа сезона да не се неговите погодоци, многу пати ќе изгубевме и ќе немаше кој да асистира/погоди, едноставно детето е злато, а тоа што солира ќе се среди.

Мене ми е мило што Челзи почнува да форсира млади играчи, е тоа ми е многу мило.
Еднаш со другарче на сателитска кај него гледавме на ЧелзиТВ меч на резервите на Челзи, само не знам со кој играа, оној Пиазон и Чалобах ми оставија добар впечаток, гледам добри играчи во нив, само да се форсираат.
 
Така ли? Ај па за Божиќ сеа за 3 дена може ќе го пушти да му излезе од џеб, да си оди дома. 5 години дреми на клупа, збор не рекол...Еднаш влегува и го уништува играчот кој ствара највеќе проблеми. Aма ако, исто како со 10 играчи да играме. Човекот е ѕвер, за вакви ситуации е измислен. Ако имаше малку повеќе брзина ќе беше првотимец.

Заеби работа,од кога заврши утакмицава ми идеш со ваков коментар.Фереира е фејл,милион пати не има упропастено.Тоа што сега изиграл една партија добра,не значи дека треба споменик да му се изгради.
Брзо си заборавил дека Бејл пред две сезони му го ваѓаше паметот на истиов стадион,кога Челзи изгуби од евреиве.
 
Глеам никој не напоменал, али очигледно Боаш треба да го здрма малку и Меирелеш... Па немоеш бре човек од секоја позиција да шутираш, па бар да имаш некој шут. Место да проигра во празно он гаѓаше публика, а еднаш на среќа и Мата го погоди :facepalm:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom