Изненаден сум позитивно од Челзи во второто полувреме.Не очекував дека вака ќе стиснат и ќе играат добро во вториот дел.
Ме нервира тоа што Челзи мора да прими гол,и да биде пикнат в шише,за да почне после да игра како што треба.
И се виде.Од кога влезе Ромеу како играше Челзи.Детево е фантазија.Смирен,едноставен,без да ја дупи многу како Микел и останатите.
Фереира исто ме изненади,не очекував дека нема да направи ниедна грешка,исто добар и Босингва беше како централен.
Рамирес не треба веќе во напад да оди.Една од шансите да погодеше и ќе тепавме.И веројатно тој е најголемиот зицераш што постои,што се тиче играчи од среден ред.
Па како ја опердаши безвезе таа со глава
Во глобала игравме можда и подобро и требаше да земеме три бода.Очекував ваков исход,затоа и не сум разочаран многу,ама кога ќе ми текне дека кикснавме со Виган,ми иде да ја акнам главата од ѕид.
Торес влезе повторно 13 минути пред крај.Тој е човек обичен Боас,не е маѓионичар.За толку време очекуваш да направи некое чудо?
Наредна со Вила,Торес,Лампард и Ромеу прв тим,другово е све океј.И се надевам дека Бане ќе биде исто така добар.И сигурен сум дека ќе победиме во понеделник против Астон Вила.
Е сега имам еден друг муабет.Не знам колку ќе се сложите со мене.
Стариџ ми е еден од поомилените играчи.Арно ама еден близок мој човек вика дека Стариџ некогаш повеќе штета ни прави,отколку што допринесува.
Себичен е,знае да заебе акција.Промашува многу шанси.Е сега подоцна се ваѓа со постигнат гол,ама некако...
Еве и денеска.Дриблаше непотребно на средина,му ја одзедоа топката и после таа акција примивме гол.После тоа промаши чиста шанса пред гол.И пак се извади со голот покасно.
И јас не сакам да верувам во ова и да го мислам истово,ама кога ќе разгледаме објективно тогаш можеби ова е точно.
Ама пазите,велам некогаш,значи не константно.
Ватевер,после долго време Челзи изигра многу добро второ полувреме на Вајт Харт Лејн и мило ми е поради тоа.