Се повеќе гледам огласи, муабети за купување на девојка за жена од Пустец. Па се прашувам дали е ова вистина цените им биле од 500 до 1000 евра во зависност од убавината на девојката. Дали некој имал вакво искуство? До каде е дојдена сиромаштијава да своето чедо од 18 години па нагоре го продаваат а ниту знаат каде, ниту како ќе и биде на невестата. И каков би бил заедничкиот живот на младоженците кои и воопшто не се познаваат и фактот дека жената знае дека е купена а и мажот знае дека ја купил (како животно на пазар).
Во последниот број (Ноември) на National Geographic Srbija има артикл токму за овие бракови по договор од Албанија и српските рурални села, не е баш така дека се работи за некаква трговија на луѓе или пак некакво присилување, во никој случај не се работи ниту за љубов туку во делови од Албанија има дефицит од мажи од причина што голем дел од машката популација таму заминува на печалба во Италија, Црна Гора или некаде на запад, при што голем дел од нив воопшто ни помислуваат да се вратат таму, па така има голем број на жени кои се традиционално воспитани и бракот по договор таму не е ништо чудно или табу како кај нас. Ако му се верува на новинарот мислам дека прво таткото или дел од фамилијата доаѓа во посета на потенцијалниот зет за да го видат имањето и колку ниви, стока итн, итн, па потоа ако ги исполнува нивните критериуми тогаш паѓа договорот и се дарува невестата во злато. Е сега има голем дел на сводници кои земаат провизија на тие што сакаат да најдат жена од таму, инаку семејството на невестата не бара пари освен тој традиционален златен поклон.
Е сега како функционираат тоа е веќе друго, мислам дека не читаат многу фемина и не читаат на форуми па така го тераат некако животарецот како пред 50-60 години кај нас.
Инаку јас познавам еден тип неколку години кој има жена од Албанија, што знам типот продава вар, имаат две деца заедно и некако функционираат ама не сум толку близок да кажам како.
Инаку мене лично ми е екстремно глупо не дека невестата е од Албанија, туку што не знам како можат да живеат заедно со некој кој воопшто не го ни познаваат или се виделе само еднаш, ама најверојатно очајот за нечие физичко присуство го прави своето.