- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.169
- Поени од реакции
- 1.332
ПО 36-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО, ДЕБАТА ЗА ИДНИТЕ БРИТАНСКО-ЕВРОПСКИ ОДНОСИ
Велика Британија излегува од ЕУ?!
Евроскептиците меѓу владејачките ториевци и опозиционите лабуристи би поддржале референдум околу натамошното членство на Велика Британија во ЕУ. Либералдемократите, коалициски партнер во Владата, остануваат определени за европскиот проект
Група пратеници од опозициската Лабуристичка партија побара од лидерот Ед Милибанд да се согласи со организирањето референдум околу натамошното членство на Велика Британија во Европската унија. Според нив, тоа може да го покаже новото гледање на лабуристите на ЕУ и на идните британски односи со Унијата, но и да предизвика сериозна криза и расцеп во коалициската Влада, јави дописникот на МИА од Лондон.
Во пратеничката група на владејачките ториевци постои силна поддршка за референдум за тоа дали земјата треба и натаму да остане член на ЕУ, или да се повлече, додека либералдемократите кои се коалициски партнер во Владата, и понатаму остануваат определени за европскиот проект. Над сто потписи веќе се собрани околу ова прашање, што ќе наложи отворање парламентарна дебата околу идните британско-европски односи. Од исходот на оваа расправа, потоа ќе се определи и решението, дали да се организира референдум.
Евроскептиците меѓу конзервативците го обвинуваат својот лидер и премиер Дејвид Камерон дека е премногу попустлив кон својот партнер во Владата, додека лабуристичките евроскептици веруваат дека сега, кога ЕУ се соочува со својата најголема криза, за која долго време не може да најде решение, е време за да се слушне мислењето на гласачите околу Унијата и опстанокот на Велика Британија во ЕУ.
Групата лабуристи за референдумот лобира на годишната конференција што партијата ја одржува во Ливерпул (25-29 септември). Претставник на Ед Милибанд, ја отфрли оваа иницијатива, објаснувајќи дека организирањето на ваков референдум, нема "реална основа".
Истражувањето што ги направи агенцијата ЈуГав, покажува дека 53 отсто од лабурустичките гласачи, 76 отсто од конзервативците и 51 отсто од симпатизерите на либералдемократите, сакаат референдум. Ова е првпат, по 36 години членство, да се бара изјаснување на гласачите за иднината на земјата во ЕУ.
http://vecer.com.mk/default.asp?ItemID=4E8F1A6DB7533B419F55861DE4961E61