Goran Bt
локал патриот
- Член од
- 28 јуни 2009
- Мислења
- 9.298
- Поени од реакции
- 8.251
14 DECEMBER 2011
Фудбалерите на Пелистер од утре се на заслужен одмор по одиграниот комплетен есенски дел. Тренерот на Пелистер, Марјан Секуловски, за изминатиот период откако е на чело на Пелистер вели:
-Јас бев на чело на Пелистер само на три средби и можам да ка-жам дека сум задоволен од тоа како се одвиваше завршницата од есенскиот дел. По малото заостанување зад водечките екипи имавме одлични резултати во последните три кола и се доближивме на само еден бод до водечката екипа на Дрита. Покрај задоволството од постигнатите резултати и освоените бодови задоволен сум и од односот на фудбалерите кон играта и од нивното однесување на теренот кога се играше за бодови, како и од нивното залагање на тренинзите.
Одморот на фудбалерите на Пелистер почнува утре, а нивното повторно собирање ќе биде на 11 јануари.
-Од утре сите сме на одмор, а фудбалерите ќе добијат и посебни задачи како самостојно да се подготвуваат. До новогодишните празници секој сам ќе може да работи колку сака и на кој начин сака, но некаде од 3 јануари по новогодишните празници сите ќе добијат конкретни задачи. Фудбалерите ќе мораат да работат според индивидуалниот распоред осум дена, за да не мораме кога ќе се собереме на 11 јануари да почнуваме од нула. Мислам дека кај сите фудбалери има високо ниво на професионализам и дека во добра форма ќе ги почнеме подготовките за пролетниот дел, вели Секуловски, а за тоа каков е неговиот план за подготовките додава:
-Прво ќе имаме подготовки во Битола, а покрај тренинзите ќе имаме и неколку натпревари за да ја провериме формата. Потоа заминуваме на подготовки, најверојатно во Негорски Бањи.