Аристократски новогодишен амбиент на плоштадот

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ви се допадна предходната година како беше украсено?

  • Воопшто не ми се допадна.

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    24
L

.Lost Angel.

Гостин
9E4901BCA191A6499EC5B97DF96AE737.jpg
И годинава Градот ја ангажираше „Линк медија плус“ за китење, од каде тврдат дека спомениците нема да ги украсуваат ниту да ги осветлуваат

Во бела боја, со досега некористени украси за китење на центарот на градот, ланската дваесетметарска елка, поставена во зеленилото пред МЕПСО, ќе биде најголемо изненадување за скопјани и со шестминутен огномет. Генерално, во ваков амбиент плоштадот ќе ја испрати старата и ќе ја пречека новата 2012 година.

Петти пат по ред задолжени да го осмислат новогодишното руво на градот се од фирмата „Линк медија плус“. Оттаму не сакаат да откриваат детали како ќе го украсат строгиот центар и само накратко објаснуваат дека во декорот ќе преовладува белата боја. За прв пат досега ќе користат вештачко зеленило за изработка на дел од висечките украси.

„Сметаме дека плоштадот ќе го украсиме најубаво досега, со оглед на тоа дека ќе преовладуваат украси во бела боја, а и користењето на вештачкото зеленило за дел од нив ќе даде посебен тон. Надополнет со објектите и со спомениците од ‘Скопје 2014‘ ,планираме да создадеме досега невиден амбиент, замислен некако аристократски“, коментираат од „Линк медија плус“.

Фирмата има обврска да го накити плоштадот и околината до 15 декември. Тврдат дека ниту еден од спомениците, ниту, пак, околните нови стилски градби нема да добие новогодишен декор, иако во јавноста се шпекулира дека годинава акцент во украсувањето ќе бил ставен на грандиозниот споменик на Александар Македонски, а елката ќе била во втор план. Но, од ангажираната фирма најавуваат дека китењето на елката ќе им биде предизвик како никогаш досега, но во тајност ги чуваат деталите за нејзиниот изглед. Откриваат и дека годинава нема да ги користат при украсувањето фигурите од лани и ниту дека репризно ќе има ѕвездено небо на плоштад.

Освен градските власти и општинарите од Аеродром веќе се подготвени за новогодишното украсување. Најавуваат дека начелно осмислиле што и како ќе украсат. За разлика од лани, годинава нема да трошат пари за фирма која ќе им ги накити булеварите, парковите и другите фреквентни локации.

„Ќе украсиме речиси исто како и лани, со светлечките црева и со другите украси што ги купивме во пресрет на 2011 година. Ќе ни ги монтира фирма што е задолжена за одржување на уличното осветлување. Планираме да ги украсиме и парковите и неколку други локации и, најверојатно, тоа ќе го направиме со спонзори со кои веќе преговараме“, вели градоначалникот Ивица Коневски.

Неговите колеги од другите општини, пак, се' уште чекаат да им завршат тендерите за избор на фирма која ќе ја ангажираат за новогодишното украсување.

Од кога го прочитавте ова прокоментирај те за предходната година како беше накитен нашиов Град Дали ви се допадна или пак не.
Дали треба поинаку да се украси и многу повеќе украси дали треба да има и тн.
 
Не ми текнува како беше украсено лани така што немa да ми направи некоја разлика за оваа година :)

Јас ќе те потсетам. ;)
И се извинувам за слабиот квалитет шо да правиш RED BULL ZTE...
 

Attachments

  • 102804596411387.jpg
    102804596411387.jpg
    29 KB · Прегледи: 14
  • 102804613078052.jpg
    102804613078052.jpg
    50,2 KB · Прегледи: 14
  • 102804623078051.jpg
    102804623078051.jpg
    52,3 KB · Прегледи: 12
  • 102804649744715.jpg
    102804649744715.jpg
    46,6 KB · Прегледи: 12
  • 102804653078048.jpg
    102804653078048.jpg
    48,3 KB · Прегледи: 12
  • 102804659744714.jpg
    102804659744714.jpg
    52,2 KB · Прегледи: 13
  • 102804663078047.jpg
    102804663078047.jpg
    51,8 KB · Прегледи: 12
  • 102804666411380.jpg
    102804666411380.jpg
    33,4 KB · Прегледи: 12
  • 104116732946840.jpg
    104116732946840.jpg
    60,8 KB · Прегледи: 12
  • 104116739613506.jpg
    104116739613506.jpg
    93,1 KB · Прегледи: 11
Тоа што се става премногу не значи и дека е ок, напротив го гуши градот. И ако може годинава да не ставаат такви црева по дрвјата, или ако веќе ставаат бар убаво да ги стават, а не да висат како чајна во месара.
 
Тоа што се става премногу не значи и дека е ок, напротив го гуши градот. И ако може годинава да не ставаат такви црева по дрвјата, или ако веќе ставаат бар убаво да ги стават, а не да висат како чајна во месара.

:pos:
 
Подобро да не ја ставаат воопшто елката бидејќи така ставена настрана изгледа смешно.Или можат да ја стават пред мостот, т.е на средина помеѓу Ацко и мостот.
 
А фонтаната да ја направат елка и Воинот да биде ѕвездата на врвот !? М !? :)
=
Воин на Елка :D
Шала на страна, ќе испадне она: Aко сакаш да дознаеш како е да си ѕвезда седни на новогдишна елка, а тоа ќе го направи Ацето пед....
 
Да се надеваме дека оваа година поубаво ќе биде накитено.
--- надополнето: Nov 21, 2011 8:59 PM ---
Елката може и во Вардар да ја стават.
 
:pos::pos:
Тоа што се става премногу не значи и дека е ок, напротив го гуши градот. И ако може годинава да не ставаат такви црева по дрвјата, или ако веќе ставаат бар убаво да ги стават, а не да висат како чајна во месара.

:pos:
 
хаххаа
наместо врбата?!
--- надополнето: 16 декември 2011 во 23:04 ---
30819.jpg

Да да. Но прееска како што видов ја ставиле пред Мепсо. Не ми фати мерак елката. Не ја направиле убава според мене. Можат они и боље но ги мрзи.
 
Да да. Но прееска како што видов ја ставиле пред Мепсо. Не ми фати мерак елката. Не ја направиле убава според мене. Можат они и боље но ги мрзи.
неам видено, неможам да коментирам:unsure:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom