Занимливости и необични случувања/авантури на вашите патувања

  • Креатор на темата Креатор на темата Mar-Teen
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.848
Локација
Скопје
Дали ви се случило да патувате некаде и да ви се случиле некои чудни и невообичаени работи?
 
пукна гума на автомобилот и еден другар излезе да ја смени ама за несрека излезе и другиот другар надвор кој беше дрвце пијан отиде да моча и се лизна во мала провалија :facepalm:
 
пукна гума на автомобилот и еден другар излезе да ја смени ама за несрека излезе и другиот другар надвор кој беше дрвце пијан отиде да моча и се лизна во мала провалија :facepalm:

И после го извлековте?
 
Пред неколку лета бев на одмор во Грција. И имав фото апарат. Слики невероватни имав направено. И застанав да сликам накај морето и имаше ограда и доле беше карпи. И како што сликав и одеднаш ми падна апаратот и толку беше од невероватните слики. :(
 
Пред неколку години патував накај КРФ. Поминував од кај Метеори (место создадено пред Исус, мислам дека така беше). Преубаво место. Му препорачувам на секој да го посети тоа место ако не го посетил до сега.
 
Слабо, слабо.Ај вака една случка од првата година на факс.Си тераш за на факултет со првиот автобус 6 сабајле, a времето ладно кочан (ноември - декември).Некој си идиот диспечер во Галеб пишал некој од најслабите автобуси на една од најдолгите линии (за Кочани) и 20-25 мин. дури загреа климата не се осети топлина.Ама во меѓувреме си проработи природата и во Ресен заглавив едно 10 мин. во wc.Ко за белја цел автобус скоро полн и доста познати фаци од средно :facepalm:
 
Се враќаме летото 2011 од одмор со канта - автобус, и автобусот едвај се движеше. И одеднаш пред Куманово запре. Се расипа нешто. Чекавме 20 минути да го направат (добро што беше сабајле па не беше жешко). И ај го направија автобусот и си викаме ај супер ќе си стигнеме дома. И ете ти го после 1 километар пак застана. Па чекавме уште пола саат да го направат и едвај го направија и стигнавме дома фала богу. :pos:
 
Незнам дали е необично за вас ама јас 1 пат на граница чекав цели 6-7 часа и тоа ден пред нова година....се мислев дека ќе си ја пречекам новата година во автобусот за среќа стигнавме некако на време. :D
 
Со воз,накај Битола.Машината се палеше на секој пола саат,се дур не ја средиа конечно.
Ми се скина сајла на автобусот,па чекав 2 саати нов.....
 
Бев во Полска во посета на Краков. Не многу далеку од Краков бев во еден рудник за сол, кој се наоѓа 300м под земја. Во самиот рудник има изградено концертна сала од кристали од сол, па дури и цела црква исто од кристали од сол. Инаку, додека ни траеше турата со водичот, еден тип од групата (Полјак) застана на коленици и ја побара девојка му за жена. Она нормално беше изненадена, пушти некоја солза и рече ДААА (на полски „так„). Сите чукавме раце, јас направив една слика со апаратот додека типот беше на коленици, и после тоа му реков да ми даде е-маил и му ја пратив за да се сеќава на тој убав момент. :)
Линк од рудникот за сол, ако некого го интересира:
http://en.wikipedia.org/wiki/Wieliczka_Salt_Mine
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom