Дали атеизмот е заснован на вера или на наука?

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
Ги читав и другите теми. Сепак друго е прашањето овде. На што го заснивате вашиот атеизам. Ако е неверување (во бог) како што рече, тоа значи верување во науката. Зарем тоа не е верување??

Лицемерно малку. Колку можев да прочитам сите атеисти се повикуваат на недокажани или сомнителни теории кои науката не ги докажала.

Како тоа во едно недокажано не верувате а во друго, исто така недокажано верувате?
Без навреда, ама и темата и постовите ти се екстремно глупави. Прво, атеизам ( по милионити пат) е неверување во богови, наука и верување во наука не се споменува во ниту една дефиниција за атеизам.

Второ, ако атеизмот значи верување во науката, значи религијата значи неверување во истата. Зошто тогаш ти ги користиш сите придобивки на науката ? Зошто користиш компјутер, измислен од научници, интернет измислен од научници, зошто одиш на лекар кога имаш здравствен проблем ?
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Атеист,

колку и да се обидуваш да избегаш од општествената и конечно, од Твојата лична ставрност, напросто-нема бегање! Негаторските лични ставови дека „ова„ нема врска со „она„, не е никаков одговор, туку просто барање на (само)оправдување, кое, можеби Тебе лично Ти одговара, а кое може лесно да се побие. Пак ќе речам: атеизмот е заснован на верата во „неограничените„ способности од науките (читај: човекот..), кои ја заменија традиционалната вера во Бога и пак ќе речам, атеизмот, како масовна општествена појава, е социолошка појава не постара од 150-160 г., од времето на наглиот пад на верата и наглиот напон на науката, поточно, од времето од славните Дарвин и Маркс, чиј светоглед денес е преовладувачки, иако самиот тврдиш дека имаш и други теории за „ова„ и за „она„, ама тие (теории) се слабо познати,а уште помалку признати.
Твоето негаторство дека си Адвентист, не докажува дека си православен. Се надевам ја сфаќаш паралелата.

Атеизмот е постар од религиите, имај го тоа на ум. Не е стар 150 години туку илјадници години
Светогледите на маркс и Дарвин не ме интересираат. Атеизмот не се заснива на никакви идеологии. Зошто не можеш да се помириш со тој факт
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Остави ги верниците настрана, зборувам за атеизмот.
Кој доказ го имаш ти за еволуцијата? Значи вашиот доказ е следниот. Штом нема доказ за бог, еволуцијата мора да е точна?
Кој рече дека нема доказ? Затоа ти реков да ги погледнеш темите! Имаше таму лично од мене постирана цела листа на организми, кој непотоеле до одреден период а сега постојат! Бактерии, инсекти, растенија....! Организми кој се појавиле во точно одреден период, и еволуирале да опстанат исклучиво од услови вештачки создадени од човекот. Таков беше примерот со бактеријата која се адаптирала да конзумира најлон, мушичката во северна америка која еволуирала да конзумира одреден вид модифицирани јаболка итн, итн! Докази имаш колку сакаш! Ама вие тоа што не ви одговара не го гледате, си ги затворате очите. И после другите биле лицемерни?:tapp:
--- надополнето: 15 декември 2011 во 12:42 ---
ХАХАХАХА
Како тоа? Кои верници бранат биг-бенг?
Оние кој се обидуваат да го претстават како момент на креација на универзумот, алудирајќи дека ако има креација мора да има и креатор.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Ги читав и другите теми. Сепак друго е прашањето овде. На што го заснивате вашиот атеизам. Ако е неверување (во бог) како што рече, тоа значи верување во науката. Зарем тоа не е верување??

Лицемерно малку. Колку можев да прочитам сите атеисти се повикуваат на недокажани или сомнителни теории кои науката не ги докажала.

Како тоа во едно недокажано не верувате а во друго, исто така недокажано верувате?
Ајде сега за промена да го уклучиш мозокот. Не постои нужна врска помеѓу атеизмот и сциентизмот, постои само логичка врска помеѓу нив. Некој што е атеист логично е да верува во објаснувачките моќи на науката, но не мора нужно да верува во нив. Некој може да не верува во постоењето на омнипотентен Бог, а да мисли дека науката е срање. Нема ништо противречно во тоа. Ако туке нема ништо противречно, логично се наметнува дека атеизмот и сциентизмот не се НУЖНО поврзани.

Атеизмот едноставно е став дека не постои семоќен Бог. Толку. Не му требаат научни докази да потврдат непостоење. И доста веќе со ова "длабокоумно" прашање, досадно стана...
 
Член од
15 декември 2011
Мислења
61
Поени од реакции
10

И на основа на што го темелиш тој твој став? Како ти го потврди непостоењето на бог?
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
Со години слушам прикаски дека атеизмот е заснован на необориви докази а религијата на слепа вера.
Би сакала да чујам мислење од атеистите. Ако атеизмот е на основа на научни докази, би сакала да ги чујам. Научни, не филозофии вака така....
На основа на кои докази, на кои научни експерименти го заснивате вашиот атеизам
Слободно постави конкретно прашање и ќе пробаме да најдеме доказ а не теорија
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
И да, атезимот е заснован на верата во науката, дека науката, т.е. науките, или во крајна инстанца-човекот, ѓоамити е бесконечно способен и самодоволен во објаснувањето на Светов и откривањето на неговите тајни. Науката/науките, во нашево време, се само обичен супститут за верата од минатите времиња, како што верата во Бога е замената со верата во самиот себе.
Болдираната реченица е сосем неточна. Ниедна дефиниција (освен некоја твоја лична, ако и воопшто имаш таква) не го поврзува атеизмот со науката. По милионити пат Атеист е човек кој не верува во бог. Ништо повеќе
 
shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
37.609
Поени од реакции
31.423
ateizmot kako shto tuka se prezentira ., proizleguva deka e izdanok i prodolzhetok na mnogubozhtvoto., koga se veruvalo vo mnogu bogovi ., a sega se samo zameneti so materijalni dobra ., proizvidi na nauchnite dostignuvanja ., .znachi sledovatelno., ateistite i koga odat vo wc prvo pravat obred na wc sholjata ., kako veruvachi vo materijalnoto.,....ateistite ne veruvaat vo eden bog ., no veruvaat vo sekoja sekunda vo nekoj predmet kreiran i sozdaden od naukata ., od shto proizleguva ., deka veke od veruvanje vo nebroeni raboti ., ......i za da se izvlechat od taa nivna nauchna papazjanija ., ., si go izmisluvaat terminot ., ateizam., za sokrivanje vo materijalnoto veruvanje........
 
Член од
15 декември 2011
Мислења
61
Поени од реакции
10
Слободно постави конкретно прашање и ќе пробаме да најдеме доказ а не теорија
Конкретно прашање? како настанал (според еволуцијата) првиот жив организам? Ајде да видам кој доказ ќе ми кажеш
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
ateizmot kako shto tuka se prezentira ., proizleguva deka e izdanok i prodolzhetok na mnogubozhtvoto., koga se veruvalo vo mnogu bogovi ., a sega se samo zameneti so materijalni dobra ., proizvidi na nauchnite dostignuvanja ., .znachi sledovatelno., ateistite i koga odat vo wc prvo pravat obred na wc sholjata ., kako veruvachi vo materijalnoto.,....ateistite ne veruvaat vo eden bog ., no veruvaat vo sekoja sekunda vo nekoj predmet kreiran i sozdaden od naukata ., od shto proizleguva ., deka veke od veruvanje vo nebroeni raboti ., ......i za da se izvlechat od taa nivna nauchna papazjanija ., ., si go izmisluvaat terminot ., ateizam., za sokrivanje vo materijalnoto veruvanje........
:tapp: оф мори мајко. Од шутрак и многу е.....
 
S

Sagan

Гостин
Атеизмот подразбира САМО отсуство на вера дека постојат богови (како Зевс, Один, Исус, Аллах).
Понатака, секој атеист слободно одлучува во што ќе верува и која философија ќе ја практицира. Се отфрлааат само боговите, ништо повеќе. Сите други опции се во игра и тие може да се менуваат со текот на времето, зависно од индивидуалната перцепција за реалноста.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Конкретно прашање? како настанал (според еволуцијата) првиот жив организам? Ајде да видам кој доказ ќе ми кажеш
Епа затоа јас викам да се прочитаат темите првин пред да се отвори нова и да се постира било што! Да го направеше тоа, сега ќе знаеше дека еволуцијата воопшто не се занимава со таа проблематика! Со тоа како настанал животот, се бави абиогенезата, а не еволуцијата! Ама полесно е вака нели?
 
G

galaxy

Гостин
Конкретно прашање? како настанал (според еволуцијата) првиот жив организам? Ајде да видам кој доказ ќе ми кажеш
Еволуцијата не го објаснува тоа. Со тоа што го праша ова, значи дека немаш појма што е еволуцијата и секоја дискусија понатаму е излишна.
 
MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Со години слушам прикаски дека атеизмот е заснован на необориви докази а религијата на слепа вера.
Би сакала да чујам мислење од атеистите. Ако атеизмот е на основа на научни докази, би сакала да ги чујам. Научни, не филозофии вака така....
На основа на кои докази, на кои научни експерименти го заснивате вашиот атеизам
Знаеш што ми смета во целава оваа фрка? Со кој памет им се импутира на одредена група на луѓе дека се ладнокрвни атеисти, ко да атеизмот е некоја секта!?!
Оттука не ме ни чуди што се она што си го слушнала, си го слушнала преку прикаски.
Не познавам некој атеист, а богами ниту пак некоја група на атеисти, што ќе се прчат со тоа. Што знам, знаеш како ми изглеа сето тоа? Тоа ми изглеа како да барам од тебе потврда дека си хетеросексуалец, иако знам дека тоа е нормално и вообичаено, па оттука и излишно да те ставам во некој калап..

Во калап се ставаат оние што веруваат во концептот на Бог, и нормално е што се ставаат во калап, па постојат различни религиозни определби на планетава, зависно од тоа каква претстава тие имаат за постанокот на светов и човекот, како и моралните правила и принципи околу нив.

Така да излишни и глупави ми се тие муабети околу атеистите... Јас сум атеист, но не гледам некоја потреба зошто тоа да го сфаќам како некоја определба, ограничување, секта или не знам што, бидејќи во суштина тоа и значи да си атеист. Не знам човече како да ти објаснам по пластично - еве уште поедноставно, не е тоа некоја политичка партија, па оттука зошто ќе ми е и партиска книшка за идентификација?! Get it?
It's just common sence...

А ова што го велиш со наукава и верава и атеистиве.. верувај ми зборувано е на форумов 1000000000000000 пати, така да се врти муабетов, и излишно е да се зборува, а тоа е дека нема логика она што си го поставила како прашање...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom