T
Tetro
Гостин
Темава ја отворам поради причина што од неодамна се воведени нови давачки за кои не можат да се усогласат Царинската управа на Република Македонија ( http://www.customs.gov.mk ) и Македонски Пошти ( http://www.posta.com.mk ).
И порано сум примал пратки од повеќе различни земји, но ова што го гледам изминативе две недели е неупатеноста на лицата кои ги доставуваат пратките до домашна адреса да не знаат веќе за која услуга ти наплаќаат.
Сигурно и други ќе се пронајдат затекнати со истите проблеми кои ги имаат при прием на пратки, па да видиме како да се решат овие проблеми.
Предлагам, да сите кои ги имаме овие проблеми побараме поединечно да ни се објасни која услуга ја плаќаме и каде одат парите. Ќе најдете контакти на нивните страни.
Доколку некој наиде на објаснување од надлежните, нека се јави на темава.
Царина претставува јавна давачка која се наплатува при премин на стоката од едно во друго царинско подрачје. Царината е една од најстарите форми на ограничување на меѓународната трговија. Царината е инструмент за заштита на домашното стопанство и непосредно влијае на цената на производот кој се увезува. Колкаво ќе биде нејзиното влијание врз цената зависи од ценовната еластичност на понудата и побарувачката.
И порано сум примал пратки од повеќе различни земји, но ова што го гледам изминативе две недели е неупатеноста на лицата кои ги доставуваат пратките до домашна адреса да не знаат веќе за која услуга ти наплаќаат.
- За пратка од $2.99 вредност, платив 102 денари при прием, со усмено објаснување дека парите се за Царинска такса, за која услуга не добив сметка.
- За наредна пратка со вредност од $10.00, платив 100 денари при прием, пак немаше сметка.
- За третата пратка, со вредност од $11.99, ми побараа дури 400 денари, сметка не добив пак и реков дека ќе го пријавам случајот и ќе барам одговорност.