Белези по телото од детството

Член од
11 ноември 2011
Мислења
202
Поени од реакции
235
Луди мали и палави !
- Имате по тело белег од детство ... ?
Како дошло до тоа ?
Што највеќе ''одевало''?
Ајде споделете ги вашите лудории од детството :)
 
Имам лузна на лицето, од плех. Изгребан сум како мал, зад куќа се бркавме и така. Имаше коруз и јас го искорнав и до ден денес се познава лузната. Не многу, ама ако загледаш убаво да :)
 
Ја имам една лузна на главата , пошто сум ја удрила од маса. :/
 
На коленото една поголема, зошто одев со кломпи по неасфалтирана улица и кога се дрецнав...(среќа што не си ги скршив забите)
 
Како мали игравме фудбал и стативите беа камења... изгубивме и нервозен го кренав каменот да го фрлам преку мене и копиљ глуп си го дадов во чело и до ден денес ми се познава малце лузната :)

Сам себи убио
 
Како мали игравме фудбал и стативите беа камења... изгубивме и нервозен го кренав каменот да го фрлам преку мене и копиљ глуп си го дадов во чело и до ден денес ми се познава малце лузната :)

Сам себи убио
Можам ова да замислам како им изгледало на другарите.. "не беше задоволен од својата игра, па си ја скрши главата со камен" :)
 
Имам лузна на палецот 3 цм негде и тоа од внатрешната страна кај што е отисокот :icon_lol: Си се заиграв со едно стакленце и како рекле, од играчка - плачка :)
И над левата веѓа имам мала лузна ко точка ама од сипаници ми е таа.
 
Летно време се прскавме со вода од маалово машки против женски и додека ние ја завршивме работата и одмаравме седнати на едно ѕидче до мене имаше железо и ненадејно испаѓаат да не прскаат и ја да избегам и се лупнав во железото со глава.. ми пукна аркадата и додека отидов дома со наведната глава раката ми беше полна со крв. Денеска имам белег уште, на ептен мал дел од веѓата влакната се мн ретки да не речам скоро и како да ги нема.. ама не се приметува скоро ич тој белег сепак ќе ми стои за успомен до крај на животот :D

А да ќе заборавев и ја на јазикот имам едно 1 сантиметар лузна како мал на 3-4 години сум паднал од креветот и сум си го гризнал јазикот.. требало да ми го шијат демек ама не дале моиве дома демек мал и си зарасна местото сепак се познава малце.
 
Ја имам една лузна на главата , пошто сум ја удрила од маса. :/
Исто и ја, си ја имав дупнато главата кога сум бил мал, али не се познава многу, сам ако загледаш и ако ти каже некој...
 
Уф имам баеги лузни среќа ни една не е до толку видлива за некој да ме запримети од одма :)

Двете аркади ги иам пукнато, шиен сум уште на две места на главата и кај вилицата.
На зглобот на ногата сум шиен уште ко мал се исеков од скршена флаша, и на рацете до пред некој период ми се познаваа 2-3 белега од едно лошо пијанство ама сеа треба ептен да се заглеаш за да ги видиш.
Се на се сите белези ми се до мојата 18та година од тогаш навака сум чист :D
 
Две лузни од царски рез и една поголемка кај шо ми е ампутирана десната нога.



Lol jk,
Имам над левата веѓа белег од сипаница, имам лузна под долната усна лево, сум се мавнала од ќош на маса како мала и на челото една од пола сантиметар, едвај забележлива пошо сум паднала од лулашка.. (инвалид)
И 5 лузни од греалка, као линиички. Шоебитно кај.
 
На левата рака лузна од шиење..си ја скршив раката како мал паднав од трансформатор..


Nikola Tesla likes this.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom