Реална слика за издавање станови во Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување Време на започнување
T

Tetro

Гостин
Темава ја отворам од економска гледна точка на една мала, но растечка група на граѓани во Скопјево. Верувам дека истава нема да заврши на буниште наскоро. :)

Веќе неколку денови, за потребите на пријателка бараме поефтина соба/стан во Скопје, во околината Карпош 1/2/3, Тафталиџе 1/2, Центар во близина околу Универзална сала... и што да ви кажам...

Се јавуваме на неколку огласи дадени во огласникот 24 (излегува со Вест, Утрински, и Дневник, ако не се лажам), преку неколку веб огласници reklama5, pazar3, и некои други.

Ме иритира тоа дека има многу "газди" на станови кои живеат веќе таму фамилијарно и издаваат соба/две со пренапумпани цени, притоа забрануваат да се користи една скапана перална која ја имаат, забрануваат да си готвиш храна, забрануваат било кој да ти дојде во посета (за едно кафе пиење бре, за едно пола саат видување).

Кај отиде светот?

Целта на дискутирање ми е: дали сте до толку отепани финансиски, па сте решиле да издавате една соба со мизерни услови на живеење, по толку напумпани цени, па и куќен ред кој го немало ниту во Аушвиц?
 
Батали соба, нека најде уште малку пари и свој стан - гарсоњера. Газдите на становите се и онака досадни а камоли па да живееш со нив. Еднаш имав прилика да ја слушам една "газдарица" како го испрашува кандидатот за кираџија дали имал девојка, колку време идат, колку точно на број другари има и дали тие другари пијат пиво и дали често идат на гости...
 
Хахахаха, а број на гаќи заборавила да праша а? :D
 
Темава ја отворам од економска гледна точка на една мала, но растечка група на граѓани во Скопјево. Верувам дека истава нема да заврши на буниште наскоро. :)

Веќе неколку денови, за потребите на пријателка бараме поефтина соба/стан во Скопје, во околината Карпош 1/2/3, Тафталиџе 1/2, Центар во близина околу Универзална сала... и што да ви кажам...

Се јавуваме на неколку огласи дадени во огласникот 24 (излегува со Вест, Утрински, и Дневник, ако не се лажам), преку неколку веб огласници reklama5, pazar3, и некои други.

Ме иритира тоа дека има многу "газди" на станови кои живеат веќе таму фамилијарно и издаваат соба/две со пренапумпани цени, притоа забрануваат да се користи една скапана перална која ја имаат, забрануваат да си готвиш храна, забрануваат било кој да ти дојде во посета (за едно кафе пиење бре, за едно пола саат видување).

Кај отиде светот?

Целта на дискутирање ми е: дали сте до толку отепани финансиски, па сте решиле да издавате една соба со мизерни услови на живеење, по толку напумпани цени, па и куќен ред кој го немало ниту во Аушвиц?
не го оправдувам ова што читам ама па од друга гледна точка чив е станот тој има право да поставува свои правила .Охриѓани како што викаат ако не ви чини не идајте :гомце:
 
ак не им чини на скопјани нек си ги забијат огласите во ........... гласните жици...На крај на светот газдите издаваат огласи а не студентите.....
 
Добро треба да се издава цел апартман макар било и скапо со тоа што кираџијата ќе си користи се и ќе си плаќа све и то..................

Секој мора да има своја слобода не сме во Нацизмот.
 
Веќе неколку денови, за потребите на пријателка бараме поефтина соба/стан во Скопје, во околината Карпош 1/2/3, Тафталиџе 1/2, Центар во близина околу Универзална сала... и што да ви кажам...
Локациите на кои барате стан/соба секогаш држеле висока цена за изнајмување/продавање недвижност.
Пробајте на друга локација (пр. Кисела вода, гледам во последно време имаат пристапни цени за станови) или советувај ја пријателката да си изнајми стан па да си најде цимери и да си дели трошоци.
 
Тешко сега дека ќе најде цимери. Сите веќе се сместени..

Оваа година после 3 години во студентски, седам на стан. Јас, другар и на другарот колега(негов е станот, не не е богаташ, ниту е ептен голем станот). Всушност сите сме колеги само тие се на друг смер. Не е од Скопје, му плаќаме по 40 евра + сметки. Не го познавав од претходно.
Но пред да дојдам, барав на други места затоа што станот кој сум сместен е малку подалеко од факултетот.
Мојата потрага почна вака:
- Аеродром, една соба, два кревета , двајца да седиме по 3000 денари од кревет. Имавме само право на користење вцто. Во собата немавме ни фридижер, ни решо, ни шпрет. Епа ебаго 3 години во студентски минимум секој втор ден си готвев зашто си имам кеф на готвење, а ваму ни кафе едно неможев да сварам.
И рековме на бабата ќе и се јавиме.
-Автокоманда, локација до факс топ, гарсоњера по 60 евра ни бараше, газдата седеше во соседниот стан.Ми побара број му дадов. Кога го побарав неговиот, пазете го бројот 073-ХХХ-ХХХ. Го загледав колегата што тражевме стан и само одмавна со раката да не го запишувам.
Ни рече вселување после први октомври и 3 месеци унапред да платиме. И 100 евра плус за сметки да оставиме.
Се јави старчето накај 5-6ти октомври и ми вели дојдете да се вселите утре, ни прашува да не сме веќе сместени во друг стан :eek:
Културно му реков само веќе најдов стан.
-Керамидница, соба по 40 евра,двајца , 3 месеца унапред, Мојот град е метропола за тоа каде се наоѓаше станот.
-Другото се беше минимум 250 евра за двособен стан, услови некој забегани, кирија унапред, само сакаа што повеќе пари да извадат. Ме иритира тоа, но јбг , нивен стан , нивни правила.
Цените на кирија за станови , се зголемуваат секоја година. Плата иста или помала.
Се гледа да се исцеди што е можно повеќе пари од студентаријата, да се купи уште еден стан и тој да се отплаќа со рентање на претходниот стан.
Неам ништо против Скопје, ама цените се ептен големи.

Моменталниот стан, е далеко, али барем немам услови кога да доводим гости, дали смее да се пие, неми бара одма кирија, ниту некој друг услов. Подобро не ни можев да најдам.
 
не го оправдувам ова што читам ама па од друга гледна точка чив е станот тој има право да поставува свои правила .Охриѓани како што викаат ако не ви чини не идајте :гомце:
Сум изнајмувал стан(ови) многу. Не само во Скопје, туку и на многу други места.
Верувај, ова што го гледам овие две недели во Скопје, е крајот на алчноста.
Локациите на кои барате стан/соба секогаш држеле висока цена за изнајмување/продавање недвижност.
Пробајте на друга локација (пр. Кисела вода, гледам во последно време имаат пристапни цени за станови) или советувај ја пријателката да си изнајми стан па да си најде цимери и да си дели трошоци.
За Кисела вода не сакав да спомнам воопшто. Најголем дел од становите кои ги гледам се со повисока цена од очекуваната, па и во поголем дел забележавме влага (дури во еден имало пукната цевка, ама тоа е веќе друга приказна).

Туку, муабетот ми беше дека "газдите" не ги реинвестираат парите кои ги добиваат од ќирија воопшто. Можев да видам телевизори и ел. шпорети (полуфункционални) постари од 30 години, фрижидери со корозија (рѓа) фатено одоздола, маси и столици од пред Тито да се роди, фотелји со мрсен тапацир. Станот замирисува на мувла, на скапано.

Ами, цената нормално, 250 евра, а внатре услови за да живеат 3-ца, преку сила 4-ца.
А кој зема денес плата од 250 евра? А, што ќе јадеш цел месец, ако платиш за ќирија 250 евра?
 
Да влезам во некоја соба во кој има газдарица или газда и фамилија нема шанси.Да не користам туш секој ден да ми забранува нема шанси.Да не користам кујната зашто прскало зејтинот и после тешко било да се мие,а тоа го ветила пак нема шанси.На крај да вика на татко ми дека сум ѓубре и не сум почитувал ред,мало морген.
 
За Кисела вода не сакав да спомнам воопшто. Најголем дел од становите кои ги гледам се со повисока цена од очекуваната, па и во поголем дел забележавме влага (дури во еден имало пукната цевка, ама тоа е веќе друга приказна).

Туку, муабетот ми беше дека "газдите" не ги реинвестираат парите кои ги добиваат од ќирија воопшто. Можев да видам телевизори и ел. шпорети (полуфункционални) постари од 30 години, фрижидери со корозија (рѓа) фатено одоздола, маси и столици од пред Тито да се роди, фотелји со мрсен тапацир. Станот замирисува на мувла, на скапано.

Ами, цената нормално, 250 евра, а внатре услови за да живеат 3-ца, преку сила 4-ца.
А кој зема денес плата од 250 евра? А, што ќе јадеш цел месец, ако платиш за ќирија 250 евра?
Сакаш да кажеш дека не може да се најде солиден стан за двајца околу 100 - 150 евра ?
 
Гарсоњера под 150 евра, со понов инвентар од 20 години старост, е реткост.
Полупразна гарсоњера, може да се најде за 120-130 евра. Но, ништо подобро од тоа.
 
Целта на дискутирање ми е: дали сте до толку отепани финансиски, па сте решиле да издавате една соба со мизерни услови на живеење, по толку напумпани цени, па и куќен ред кој го немало ниту во Аушвиц?

Ја мислам дека не се, зашто кога би биле до толку финансиски отепани нема да ги фаќа аздис па да поставуваат забегани правила туку ќе се трудат да го издаваат што подолго станот како би зеле повеќе пари.

Имав газдарица една богда чува. Ги чуваше палтата кај нас во стан за секоја недела да може да доаѓа и да не проверува. Ајде да речеме дека тоа е нормално на почетокот, не не познава, но после три месеци ненадејно доаѓање може да не фати во било какво светло и кога гледа дека се е во ред, чисто и средено и нема чуда не ми е јасно зашто продолжи уште да доаѓа. Ај шо доаѓаше доаѓаше, ама што беше забегана и се караше за све нешто,... ама ај, тоа е, кога ти треба ќе ќутиш и ќе трпиш.
 
Веќе неколку денови, за потребите на пријателка бараме поефтина соба/стан во Скопје, во околината Карпош 1/2/3, Тафталиџе 1/2, Центар во близина околу Универзална сала... и што да ви кажам...
Центар и извиканите населби нормално е да се скапи.
Еве Ѓорче (ориентационо, со оглед на датумот најверојатно е издаден) вели наместен 52м2, 150 Е, стан исто во Ѓорче полунаместен сутерен 70е, 150е за наместен стан во автокоманда, наместена 2-креветна гарсоњера во Бутел за 100 евра....
Да не барам другите населби (автокоманда, бутел, железара, влае, маџари...), мислам дека има поефтино, прашање е дали твојата пријателка сака да е близу до школото или малку подалеку што и не е така страшно, ние цел живот сме со автобуси или коли.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom