5.400 тони државна пченица и јачмен продал Зоран Даневски и избегал од државата.

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
СКАНДАЛ
5.400 тони државна пченица и јачмен продал Зоран Даневски и избегал од државата

Александра Спасевска

getImageThumbnail.axd

Сопственикот на агрокомбинатот Џумајлија, Зоран Даневски, ги продал државните резерви на пченица и јачмен, со што ја оштетил државата со 1,5 милиони евра и избегал. Се бара со потерница.
Зоран Даневски, сопственикот на агрокомбинатот Џумајлија од Лозово, продал 5.400 тони пченица и јачмен од државните стокови резерви, кои биле складирани во комбинатот, и избегал во странство. Агенцијата за стокови резерви утврдила дека силосите на агрокомбинатот се празни и покренала кривична пријава против Даневски и против фирмата. Од Основниот суд во Свети Николе побарале да му биде одземен пасошот за да не може да излезе од државата. Но, барањето е задоцнето. Според информации од Свети Николе, Даневски веќе неколку недели е надвор од државата, а за извршување на неговите работи е одговорен неговиот брат Слободан Даневски, поранешен градоначалник на Свети Николе. МВР по Зоран Даневски распишала потерница.
Од Агенцијата за стокови резерви на Македонија велат дека пред неколку недели, откако дознале дека државните силоси се испразнети, направиле истрага во комбинатот, по што утврдиле дека ги нема државните резерви на пченица и јачмен.„Недостасуваат 4.460 тони пченица и 1.000 тони јачмен од државните резерви, кои се складирани во силосите на комбинатот Џумајлија, во вкупна вредност поголема од 1,5 милиони евра
http://www.kapital.mk/mk/makedonija/77555

Ееееееее бе пченицата им ја украдоа за ништо не ги бива :tapp:.
--- надополнето: 13 декември 2011 во 14:11 ---
А бе 5400 тони море количина е не е заебанција, во торби овај ја има изнесено :pos::pos::pos::pos::pos::pos:.
--- надополнето: 13 декември 2011 во 14:12 ---
Не бе глувците ја изедоа :pos::pos::pos::pos::pos::pos:.
 
епа пак да му ја тупнете да ви ја чува :)))))
 
епа пак да му ја тупнете да ви ја чува :)))))

Јас не му ја дадов да ја чува нашата пченица, пак некој неспособен корумпиран....

Инаку ова е наше жито за црни денови суши кризи.
 
не бе друже, не реков јас ти дека си му ја дал.
Владата тоа, дали оваа... дали уште од претходната којзнае, ама си наплатил дебело за чувањето.
Сега да се случи нешто болест или инсект да ги нападне насадите, отидовме јабана нема со што да се покриеме :))))
 
А овде им сметаат тие што просат, ами ќе просат кога тоа жито наместо да се искористи се остава вака некој да го прокуроса. Читам коментар 5400 тони жито 1000 камиони било добро не гледаат не знаат, а за 1000 денари тебе мене некој од улица има да го тресат како најголем криминалец, а овај изнесол 1000 камиони од силоси. Ајде ги чекам мислењата пофални овде за него да ги видам :tapp:.
 
Па добро не ми е јасно што друго очекуваа од тој човек, па видете само кој му е брат.
Истиот тој брат моментално пак ги води работите во комбинатот откако другиов ја дувнал со парите.
Ова со сила се праиме глупи као.
 
Леле човече ко некоја афричка вукојебина сме ејј.5000 тони жито да ти украде некој.Ама идејава сам не ја смислил.Сигурно некој и од повисоки структури има ќар од ова.:tapp:
 
хе..ова личи на циганското..: а шта зна дете што је 400 кила..:) Пред некој ден имав заебанции со царина за стока која редовно тече со години, но по некоја будала таму добива од време на време желба да го растовари камионот на терминал за да провери што се има внатре :)
...5000 тона пченица , освен ако не се продавале кило по кило, за што би им требел милениум...Е УКРАДЕНА во дослух со ВИСОКО седечки функционери. Мислам дека никогаш нема да дознаеме колку високо, или може ќе дознаеме...:) ,
а овој
getImageThumbnail.axd
, ако е ова негова фотографија????, многу бргу ќе биде најден во некоја канализациона цевка..., или нема да биде најден...кој ти го знае :)
 
Додека се занимаваа со спектакуларни акции ловејќи го ситниот криминалец Љубе за некои си 100000€, овој здиплил милиони и им здувал. :pos:
 
Јас барем како што знам ова е од државните резерви и според закон некои фирми што владата ги избира мора да ги чуваат тие државни резерви, е сега типов направил криминал и сите резерви ги продал и избегал. Пред недела дена исто така имаше и протести од страна на неговите вработени кои се пратени на принуден одмор околу 200 одприлика луѓе, плус истиов идиот должи околу 15 милиони денари минимум на лозарите (веќе 2 години не се исплатени парите) на тие што го предавале грозјето кај него односно целиот Овчеполски регион таму како најблиску.

Во склоп на фабриката има житни полиња, винарска визба како и свињарска фарма ако не се лажам..
И да како информација плус лоповов е главен спознор на целата кампања на територијата на општина Лозово за ВМРО ДПМНЕ па сега вие рачунајте дали ќе го најдат човеков уствари или дали воопшто ќе го осудат иако должи на цела општина пари па сега и нивни демек украл (n)

+ цела фамилија му живее во Америка со години, ништо чудно и он да избегал таму.
 
Човеков и брат му ми се идоли.Едниот му префрлил пари на другиот, па другиот(веќе вмешан во криминал) го ставаат да чува 6000тони пченица, која ја краде и бега, па го носат првиот(кој веќе осудуван порано за криминал) на местото на другиот.
MIND BLOWN!!!
 
Јас барем како што знам ова е од државните резерви и според закон некои фирми што владата ги избира мора да ги чуваат тие државни резерви, е сега типов направил криминал и сите резерви ги продал и избегал. Пред недела дена исто така имаше и протести од страна на неговите вработени кои се пратени на принуден одмор околу 200 одприлика луѓе, плус истиов идиот должи околу 15 милиони денари минимум на лозарите (веќе 2 години не се исплатени парите) на тие што го предавале грозјето кај него односно целиот Овчеполски регион таму како најблиску.

Во склоп на фабриката има житни полиња, винарска визба како и свињарска фарма ако не се лажам..
И да како информација плус лоповов е главен спознор на целата кампања на територијата на општина Лозово за ВМРО ДПМНЕ па сега вие рачунајте дали ќе го најдат човеков уствари или дали воопшто ќе го осудат иако должи на цела општина пари па сега и нивни демек украл (n)

+ цела фамилија му живее во Америка со години, ништо чудно и он да избегал таму.

Ќе го уапсат... на куково лето. Море цело вемере нека си се уапси. Лопови. Ако не му помогнале да го продаде...еве на.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom