Cuvstvara i srastite te teraat potoa da siluvas be dete. Srastite i egoto te teraat da se drogiras be bato,te teraat da krades,da ubivas.....
Направив принтскрин, со цел доколку се појави некогаш натпревар со најлудиот коментар на светот, да учествувам, и да победам се разбира.
Егото те тера да се дрогираш? Некој, само затоа што е егоист и се цени повеќе, и е поавторитетен по карактер, го тера одвнатре да се дрогира?!?
Страста те тера да се дрогираш? Си слушнал некогаш , да речеме “страсна врска“? Што подразбираш ти под тоа? Срцка фрли го шприцот да се издрогирам, многу си страсна?
Чуствата те тераат да силуваш дете? Пази, човек што има чуства, СИЛУВА ДЕТЕ?
Значи бесчуствителните, се ладнокрвни луѓе, и не ни помислуваат на силување дете... а камо ли жена или недај боже баба?
Разлистај ги поимите бре дете, разлистај малце по интернет, кога веќе користиш интернет, инсталирај македонска поддршка на компјутерот, за македонец, малце глупаво е. Кога веќе користиш интернет, ИНФОРМИРАЈ СЕ, за поими како ЕГО, СТРАСТ, ЧУВСТВА...
Информирај се за поимот ПЕДОФИЛИЈА и НАРКОМАНИЈА исто така.
Баш доколку ги потиснуваш телесните функции , или ако им придаваш големо значење излегуваат работите од контрола. Од нормално и умерено никој не умрел, што значи се треба во животот да е сведено на 0, а тоа значи баланс меѓу работите, колку ДА, толку и НЕ.
Да ги потисниш телесните функции како сексот, е најголема казна за телото а после тоа и на психата, па после да видиш и стара баба, ќе ти изгледа како најболја порно глумица. И после, од каде настанува педофилијата, силовањето и ред други работи?
Гладна кокошка просо сонува..
Овој пост е Epic Fail на сите времиња.