Најгрдиот објект во Скопје?

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување

Кој е најгрдиот објект во Скопје ?


  • Вкупно гласачи
    138
  • Гласањето е завршено на .
Комуњарски викаш? Не знаев дека комунизмот т.е. социјализмот преовладувал и во Бостон, Лондон, Вашингтон поточно во западниот свет.
Малку од малку разграничете некои поими, што е уредување а што е архитектура.

јухуу ја има и Народна Банка наша.. горд сум у пм.. а брутализмот не преовладува на запад,може има тук-таму по некој објект залутан,за разлика од Скопје кој 50% е со такви градби
 
јухуу ја има и Народна Банка наша.. горд сум у пм.. а брутализмот не преовладува на запад,може има тук-таму по некој објект залутан,за разлика од Скопје кој 50% е со такви градби

Ако толку ти сметаат не ги глеј, мижи кога ќе минеш покрај нив, шетај се низ Дизниленд овај Центар де или во најекстремен случај не оди во Скопје воопшто.
 
Ако толку ти сметаат не ги глеј, мижи кога ќе минеш покрај нив, шетај се низ Дизниленд овај Центар де или во најекстремен случај не оди во Скопје воопшто.
Мислиш во Куманово поарно да не е :D
 
Кликнав на народна банка , затоа што е еден од највисоките објекти од понудените, така да самата големина уште повеќе ја изразува грдотијата. Но сепак мислам дека овој објект како и објектот на Македонска Пошта, УКИМ, студенскиот дом Гоце Делчев, МРТВ и железничката со темелно и паметно реконструирање можат да заличат на нешто и пред се да го заменат сивилото со кое зрачат со нешто помодерно и поатрактивно.
 
Ми текна на уште неколку за мене искључиво грди објекти

Универзална

953DA6039F5E924F804A4F079A9203A5.jpg


МАНУ

manu_zgrada__Small__817874498.jpg


Мавровка

TCMAVROVKA.jpg
 
Добро би било да си го поставиме прашањето, дали објектите се навистина грди или тоа е резултат на 40 годишна негрижа и неодржување. Јас сум убеден дека објектот на владата, универзална сала, ману и други со квалитетно освежување ќе заличат на нешто. Сепак да не заборавиме дека повеќето објекти се градени пред 40 години, а тогаш архитектурата била таква. Единствено што говори против обновување на овие градби е нивната енергетска ефикасност.
 
Ми текнаа некој грди објекти.​
Средно Градежно - Гимназиско Училиште на Град Скопје "Здравко Цветковски" ака ГУЦ ( Градежен Училишен Центар)​
extract_from_2830_2920_todorov_vo_poseta__makedonija24_2348.jpg
getImageThumbnail.axd
и интернатот "Здравко Цветковски"​
21436152.jpg
 
Никој не го спомнал Лумикс. Убедливо најгрдиот, најнепотребниот и најдеградирачкиот објект во центарот на Скопје и пошироко.
 
Лутеле се или не, но 90% од коментариве што се шлапнати овде се погрди и од самата архитектура што ја плукаат и ословуваат за грда.

Имено, не е проблемот до тоа дали постојните архитектонски решенија се грди, туку дали тие урбанистички се вклопиле во целосната слика на градот, а меѓу другото кои очигледно тој ефект не го постигнале, а како што гледам новиве градби уште помалку..

Ниту еден од Вас не се нафати барем малку да размисли или прочепка, за дадените објекти што ги цитиравте, од според неколкумина од Вас, т.н. „комуњарски“ период, кои и какви други градби биле предвидени да стојат околу нив (да се погледа целосниот план), зошто не се довршени, од кој датум потекнуваат и сл исл.

Конкретно за поголемиот дел од архитектурата што ја цитиравте - масивните бетонски градби, никој од вас не се нафати да погледне во каков стил е изграден главниот град на Бразил - Бразилија, кој што меѓу другото е еден од помодерните градови, и изграден во втората половина на 20 век. Сличноста на методите за градба е евидентна, но она што кај нас евидентно недостасува е континуитетот. А токму тој стил на изградба да се нарекува „комуњарски“ е еднаков на идиотизам!

Што се однесува пак до некои градби што се цитираа, жалосно е што не се има познавање временскиот период кога се изградени. На пример Собранието на РМ е початно и завршено со изградба пред втората светска војна. Така да во тоа време тој стил на градба се сметал за модерен (и тоа далеку помодерен отколку Скопје 2014- барок! ). Зоолошката градина исто. Интересно е што има многу индивидуални куќи кои биле изградени 30-тите години од 20 век, низ скопскиве населби, а и ден денес изгледаат неверојатно модерно и прикладно. Факт е дека добар дел од проектите не се завршени, од разноразни причини, па за сметка на тоа доживеавме архитектонски дебакл и декаденција. Па оттука и нам токму тие градби ни изгледаат грдо, едноставно не се вклопуваат во сеопштата слика на градот, со оглед на тоа дека замислата на архитектите, до крај не била реализирана на урбанистички план. Убавината на градбата не е само изгледот, туку и нејзината функција, а како што гчедам никој од вас не зборува за функцијата на градбата, внатре во самата градба, како и во просторот околу неа. А да не зборам пак што добар дел од градбите што на времето се граделе, денес никој не ги ни одржува... Така да не ви се основани критиките.

Никој од вас не се ни нафатил да прочепка како бил редвиден да изгледа кејот покрај Вардар околу МОБ, кои дополнителни градби требало да стојат. А да не говорам околу фамозниот проект на Кензо Танге, кои толку многу се милува да се цитира. Забораваме дека Скопје 1963 претрпел катастрофален земјотрес, па целта на тогашните архитектонски умови била да се даде модерен смер на градот, во склад со тогашните модерни архитектонски текови. Со Други зборови, не се размислувало да се градат идивидуални проекти, за индивидуални згради, туку за цел град. Друго е прашањето од кои причини тие не се реализирани. Па оттука и проблемот со нивното вклопување. Архитектурата не е само испрокетирај и шлапни зграда, архитектурата е и урбанизам, но и уметност. А урбанизирањето е веќе нешто сосема друго.

Проблемот е што денес, нашите лични чувства и желби ги мешаме со оние кретени политичарски пљампарковци, а кои патем не дразнат ко надркани зајаци.

Па тука е и во суштина проблемот и со градбиве од Ск.-2014. Му прднало на некој да се осеќа барокно среде модерни градби, па решил веќе постојното сивило да го вклопи во евтин дилетантизам и декаденција. А патем речено, за да ја промовира сопствената наконтеност и декадентност, плука по нешто што претставувало модерна архитектура, без да има осет дека она што тој го прави е нема ни М од модерно, ниту А од архитектура, а најмалку па У од урбанизам.
Замислете каква дебилштина. За да ја вклупи таа ебана Триумфална капија, на околните згради решава да им бапне метална конструкција во вид на кошулица, па да врз веќе постојната модерна фасада од 50-тите и 60-тите, шлапне ни барок ни неокласична фасада.. поголема декаденција и грдотија од тоа нема.. Овде не се работи за тоа што ти е убаво на око, туку што ти е здраво при разум! Окото трпи се, но разумот... не знам..

Како и да е, коа сме веќе кај грди градби, мора да се признае дека дефинитивно најгрди градби се - Куќана на Мајка тереза (имам чувство дека Бритни Спирс со Мајкл Џексон ќе ми излезат од таму). И онаа куќана во автокоманда, на газдата на Роџер - кичерај невиден!
 
Убедливо најгрдо и безкорисно нешто во Скопје е мостот Влајко.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom