eBay (официјална тема)

Член од
9 декември 2011
Мислења
5
Поени од реакции
0
Си стаса плико од царина со известување дека имам пратка, и дека треба да поднесам доказ за вредност, за спроведување на царинска постапка. Тие се наоѓаат под железничка у Скопје, има царински шалтер во поштата во делот каде што се издаваат пакети. За другите градови не знам дали има вакви канцеларии на царина, но постапката би требало да е иста. Фактурата ја испринтав јас.
И мене ме буни ова малку со фактурава. Што печатиш кога купуваш преку интернет. Мислам дека сигурно стига меил за производот што си го купил и вредноста, тоа го печатите?
Или давате извештај колку ви земале од картичка?
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
346
Поени од реакции
42
хаха респект
--- надополнето: Dec 10, 2011 7:42 PM ---
И мене ме буни ова малку со фактурава. Што печатиш кога купуваш преку интернет. Мислам дека сигурно стига меил за производот што си го купил и вредноста, тоа го печатите?
Или давате извештај колку ви земале од картичка?
што сакаш ваљда само да не е сомнитена цената :D
 
Член од
23 јуни 2007
Мислења
368
Поени од реакции
333
Па си постои фактура за тоа што го плаќаш, invoice на англиски, и тоа треба да се испечати, секаде каде што има порачки има таква работа, и на ибеј и на амазон, и по други сајтови, ти стасува башка на мејл. Најчесто е вклучена и во самиот пакет, само неколку пати ми се има случено пакет да дојде без сметка во него. Нормално дека може и да се изманипулира, ама со мерка, не пијат мастило у царина, ако не е логична цената што им ја доставуваш, ќе си царинат по нивно видување, секако, ако сакаат да се замараат.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.076
Поени од реакции
23.526
invoice праќаат само некои страни, на ибеј ти стигнува потврда на меил колку имаш платено и што имаш купено.
искрено досега не ми побарале ништо за никој, така да и сум немал потреба да носам таква работа во царина или каде се носи веќе.
на тие што порачуваат преку мене им праќам копија од тоа што имам платено како доказ дека е платено, што е платено и на која адреса е пратено за да си проверат да не имам некоја грешка направено, па да поправам дури не го испратат.
сега најново што порачав за мене и за неколку други капути. е арно ама за мојот ги замолив да ја намалат цената и да го обележат како поклон. и види кинези будали ми напишале 6 долари капутот, а кошта некаде 36. ама се стори и тоа е тоа, ке видам како ке поминам. ајде јас разбирам да напишеа 20 долари ,15 или така нешто ама 6 долари хехех. ке биди весело на царина.
ако имате некој совет како да се вадам ако има потреба да се вадам слободно кажвајте.
 
Член од
9 декември 2011
Мислења
5
Поени од реакции
0
сега најново што порачав за мене и за неколку други капути. е арно ама за мојот ги замолив да ја намалат цената и да го обележат како поклон. и види кинези будали ми напишале 6 долари капутот, а кошта некаде 36. ама се стори и тоа е тоа, ке видам како ке поминам. ајде јас разбирам да напишеа 20 долари ,15 или така нешто ама 6 долари хехех. ке биди весело на царина.
ако имате некој совет како да се вадам ако има потреба да се вадам слободно кажвајте.
Хахахааха кажи им дека после 5 купени (или колку си порачал) шестиот ти го даваат со попуст, скоро џабе :icon_lol:
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
346
Поени од реакции
42
што да ти кажеме се е кажано
најдобро е да ти кажам СО СРЕКА :)
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.076
Поени од реакции
23.526
ке се прам на матув. ке кревам рамена и ке имам благо збунет тап поглед. па после ке се вадам на грешка на кинезите изгледа. па ке играм на карта мито и корупција ( ке се понудам да им купам нешто за пиење кока кола таква работа), па на крај ке си платам.мислам се зависи колку сакат да ме штават.
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
346
Поени од реакции
42
е добро повеке капути наеднаш ги порача ?
неизбежно е а да не ги задржат ако се повеке
инаку едно дете расправа дека 3 дреса порачал (2 плакаш 1 гратис) и на граница не ги интересирало дали е гратис
му ги задржале и царинеле
али ајде може и ке поминеш некако
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.076
Поени од реакции
23.526
не не , посебно се адресирани, еден е за кај мене другите си се за кај скроз трети лица. не се топтан нарачани. како за секој посебно си иди, само за тој што е за кај мене цената е сменета, за кај другите се си е по пропис.
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
346
Поени од реакции
42
епа ке пројдеш ваљда
кога ке ти стигнат да ми кажеш како си поминал кај сите лица
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.076
Поени од реакции
23.526
нема проблем нека стигнат еднаш па ке ве известам што како.
 
Член од
9 декември 2011
Мислења
5
Поени од реакции
0
Сакав да споделам искуство од тоа што го открив досега во случај некој да не го знаел досега (барем јас не го знаев). Како што напишав претходно сакав да порачам рачен часовник од ебај. На ебај пишува дека може да се плати со paypal дури и да се нема сметка, демек се логирате како гостин и потоа само си го впишувате бројот на картичката. Јас тоа и го направив, само што кога се логираш како гостин потоа првото нешто пто го бара е да се внесе држава. Стискам на листата од држава, прва по азбучен ред е Албанија си велам штом неа ја има и нас не има,ова навистина функционира и барам Македонија никаде ја нема, а веќе стиснав Commit to Buy. Во овој момент нормално пареа ми излегува од ушиве, изнервиран.
Со продавачов претходно веќе му поставував прашања па повторно му пишав за работава каква е што е, и му побарав дали има друг начин да му платам. Ми прати податоци за преку Western Union да му платам. Повторно среќен ќе си го купам часовникот, се додека не дознав колкава е провизијата (ВИСОКА)!!!
Првобитниот план ми беше продавачов да го декларира часовников како користен и да пише некоја цена од 40 долари. Но финтата е ако ја пише таа цена тогаш плаќа осигурување на таа цена, што во случај да се загуби негде часовникот толку од тоа дека ќе си ги видам парите назад или пак нов часовник (ова го видов кај повеќе продавачи што се расправаат со купувачите зошто не им ги враќаат парите или не им праќаат нов часовник).
Така да сакав да се декларира вистинската цена од 110 долари поради таа причина. Рачунав дека ќе ми го царинат со 15% и 18% ддв и плус отварање на пакет 1000 денари(како што имаа овде напишано некои членови) плус провизијата за вестерн часовников достигна бројка од 9000 денари. А нов кај нас од продавница е 12000 со две-годишна гаранција. Тука баталив се, му пишав на продавачот дека повеќе не ми одговара зделката по што тој ја поништи без проблем (без негативен фидбек врз мене).
Тоа сакав да ви кажам во овој мој краток есеј :P
 
T

Tetro

Гостин
Ми прати податоци за преку Western Union да му платам.
eBay Buyer Protection Program не работи ако наплатата не е извршена преку PayPal. Да си знаеш за другпат.
http://pages.ebay.com/help/buy/protection-programs.html
--- надополнето: 18 декември 2011 во 16:22 ---
Ми прати податоци за преку Western Union да му платам.
eBay Buyer Protection Program не работи ако наплатата не е извршена преку PayPal. Да си знаеш за другпат.
http://pages.ebay.com/help/buy/protection-programs.html
 
Член од
22 октомври 2011
Мислења
25
Поени од реакции
18
vlade daj link od kaputite da vidam sto kako se.Pa posle da se macime da poracuvame :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom