Трчала лисицата по мадињата од магарето надевајќи се оти ќе паднат, е така е работава со рулетот.
И јас сум го играл, и тоа долго време сум губел па сум добивал, а со тоа сум губел уште неколку пати, па сум добивал и нормално губел...
Ќар од казиното си секогаш кога ќе појдиш со пари, ќе се измочаш еднаш во ве-цето и излезиш. Секако си ќар тогаш. Од толку играње, доволно е човек да сфати дека никој , ама апсолутно никој не вложува 150-160 000 евра во една машина електронска, која автоматски ќе си врти на 6 души и ќе им дава пари, затоа што погодиле едно топче на која бројка ќе застанело. Секој тоа што го вложиш го гледа како милионска инвестиција помножена со влогот за отворањето на казиното.
Еве тактики за рулетот. Електронскиот рулет, има одреден број на вртења, кои се повторуваат од време на време. Во период на исплата, а тоа се вика happy hour, кога прилично затуцан коцкар изгубил пари, вие имате можност да земете 20 % од неговото губење, или колективното губење, што се случило на рулетот. Е тогаш, значи пак ви треба некоја среќа, а понекогаш и НЕ, топчето е добро наштимано да застани точно на онаа бројка на која имате ставено пари, како што знае по обичај да застани точно на онаа бројка на која немате ставено пари.
Тоа ве прави среќни, малку богати, а повеќе глупави, мислејќи дека имате некои супер психички моќи со кои можете да ја видите, блиската иднина.
Се разбира дека се е тоа во вашата фантазија, освен ако не стоите позади играчите...
Е сега, кога рулетот е во таква “состојба“, кога дава орфан, повторува орфан, после 18-ка редовно дава 36ка, или соседна бројка (испробано, и проверено) по обичај во мала серија кога ќе влезе 4-5 бројки соседни дава уште еднаш...итн.
Ова е неколку тактики кога рулетот има 20 % исплата. А кога нема, многу нормално дека ќе ги изгубите парите. Рулетот е електронски наштелован, кога вие прво редите влог, ги наоѓа кои се најслабите позиции наредени со пари.
Да речиме, играат на маса 8 души колку што е максимумот на рулетот..
1 човек има влог на рандом бројки, од 500 денари.
2. Човек има влог на рандом бројки од 2500 денари.
3.Човек има влог на рандом бројки од 2000 денари
4 има влог од 200 денари на 2-3 бројки
5. Има влог од 5000 денари
6 има од 1300 денари
7 ми има влог само на црно со 1000 денари
8 ми игра мала серија со 500 денари.
ВО случајов, можи да се забележи дека вкупниот влог на рулетот е 12500 денари.
Можно е да добијат СИТЕ а може и не, зависно од бројката. Е сега, која бројка ќе се падни баш во оваа игра?
Рулетот пресметува 20 % од добивката за играчите и 80 % од добивката за куќата. 20 % се 2500 денари од вкупниот влог, што значи дека максимумот што ќе го додели во случајов, за играчите, без разлика дали за сите, или за поединец ќе биде 2500 денари.
Како оди сето ова:
Играчите имаат минута време до две, да внесат влогови, за тоа време автоматски се пронаоѓа највисоката бројка, и најниската, и колку пари носи таа бројки (на пример 9-ка ја имаат сите ставено ама со по 10 денари што носи 360 денари добивка, помножено со 8 луѓе што сите ја имаат ставено е 2880 денари)
Времето за влог е за вршено, топчето излетува со поголем залет. За тоа време сензорите на рулетот се вклучуваат кои следат во кој момент кај се наоѓа топчето. Кога забавува топчето, тркалото некогаш забавува или забрзува со цел да се поддеси да падна на бараната бројка од рулетот. Во случајов имаме рандом влог што значи дека наоколу има и други добитни бројки со поголем влог. Се вклучуваат магнети кои го привлекуваат топчето и паѓа на 9-ка.
Исплатени се 2880 денари, а куќата добива 9620 денари.
Следува карање, плукање, по малку трескање на екранот, нервозно заминување или уште понервозно ставање пари во автоматот.
Друга ситуација, во казината исто се случува, да не се вклучат магнети, туку кога тркалот стопира. Ако сте забележале, постојано врти, но некогаш знае и да запри, топчето влегува под него, а после тоа почнува да врти со константна брзина. Тоа значи дека е предвреме пресметано исфрлањето на топчето, и во некои казина се случува нецели 2 круга да заврти и да падни точно на бараната бројка или пак серија, која е со најмал влог.
Повторно куќата добива, народот губи.
Што значи од сето ова, нема тактика како да го победите рулетот. Секако дека куќата пак добива и се води на принцип 20 % исплата. Се случува на прослави, како годишнина на казиното, родендено на газдата, прво отворање , или пак општо по некој повод, да се намести и 40 % исплата што е во ретки случаеви. Казиното е извор на пари, кој некогаш течи а повеќето пати не. Никоаш не знаете дали ќе протечи изворот, а сепак одите да проверите дали течи. Одењето чини пари.
Поука: Не одете во казино. Секој сака брзи и лесни пари, но ако забележи, за да играш нормално во казино ти требаат 500 најмалце денари. За во кладилница ти требаат многу помалце пари. Тука треба само среќа да знаеш отприлика кој ќе победи. Во кладилница губат само фудбалските фанови кои ги ставаат сите нивни пари на омилениот тим а после со извадоци “местена била утакмицата“ што е потполно погрешно, никогаш Арсенал нема да се јави во Зиро-Бет и да праша, како ја изиграш Трајко од прибилци па да изиграат тие обратно.
Кладилницата е чиста среќа за оној кој игра на среќа. Следење на коефициенти, победи, табели се само додатно тупење на мозокот без добивка. Ако ви работи среќата само кладилницата ја препорачувам. Тешко за добивање е исто како на ниво за лото само кладилницата е најреална без никакви местенки.И не требаат големи влогови, можете да играте ливче со 4 утакмици за 60 денари и пак да носи 30-40 000 денари. Во казино незамисливо е да излезите со 40 000 денари без да понесете со вас 39.999 денари
Така да, баталете рулети, автомати и други глупости. Забележете ги лицата на постарите коцкари во казината. Постојано се бунат оти не им дало 4 црвени седумки, оти вака оти така, кај паднал џекпотот и незнам шо. По цели ноќи пијат губат пари а утрото си одат дома разочарани,па заеми, или следниот пат на тутунот. Тоа го прави нормално, сиромашната маса на луѓе. Нема пари, па кога ќе добие, сака уште, и останува и без нив. Затоа е сиромашен.
И секогаш, богат човек е паметен. А не сиромавиот
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)