Само за коцкари (+18 - 60)

  • Креатор на темата Креатор на темата TheMayor
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Локација
Ohrid
Рулет е темата на која сакам да зборвувам. После долго губење, добивање открив начин како се игра рулетот. Лесно се игра ама целта е како да излезиш во добивка не во загуба.
images (2).jpg



Начинот кој го предлагам за љубителите на рулетот е игра на прогресија:
images.jpg

Проста прогресија е кога вложувате само на боја.
-Бојата мора да биде само црна или црвена
-На секој еден влго кревате дупло додека не фатите
пр. на црна редите 1е., пага црвено на второто редите 2е. , пак пага црвено на трето 4 се додека не падне црно. Кога ке падне а ке падне кеширате излегувате во добивка и ја започнувате прогресијата поново

Сложена прогресија е кога играте на редови ли колони
-мора да вложувате 3 влогови да се запази прогресијата
пр. на бројки од 1-12 влогот е 1е. , на влогот од 13-24 влогот е 2е., а на влогот од 25-36 е 4е.
доколку не падни на највисокиот влог прогресијата ја зголемувате за дупло (на 1е. редите 2е. на 2е. редите 4е. на 4е, редите 8е.), a кога ке падни ги кеширате парите и прогресијата ја започнувате од почеток.

Се препорачува да имате барем почетен влог за 15 прогресии, исто така бидите претпазливи ако вложите 100е. кога ке добиете 150е. излегувате одмарате одреден период и повторно, затоа што ке ве јаде волкот:) Немојте да се лакомите, лаком фќз крв сери.
 
Рулет е темата на која сакам да зборвувам. После долго губење, добивање открив начин како се игра рулетот. Лесно се игра ама целта е како да излезиш во добивка не во загуба.
Прегледај го приврзокот 37674



Начинот кој го предлагам за љубителите на рулетот е игра на прогресија:
Прегледај го приврзокот 37673

Проста прогресија е кога вложувате само на боја.
-

Тоа што го предлагаш се вика Мартингејл систем и е наједноставен облик на прогресија. Инаку е магичен систем, затоа што прави сите твои пари да ги снема...

:)
 
А сложена прогресија е кога ќе завршиш факултет и ќе си најдеш работа.

...како и остатокот од продуктивното општество...
Или наместо да кисни на столица и да мисли вакви системи, комбинации и триста палци , нека фати мотика нека крши грутки нека го испоти малце г'зот :icon_mrgr:
 
Прогресијата може да сти донесе сигурен успех само доколку имаш бесконечно многу пари и секој пат добивката ќе ти биде почетниот/првиот влог(ова важи замо доколку не играат нулите/нулата) па среќно бато(или синко, поарно да е синко до душа) и да се офајдиш.
 
Во оној момент кога ќе се открие начинот на игра рулетот нема веќе да постои :)

Постои начин да се победи рулетот, но потребен е рулет со длабоки џебови, и знаење. За жал, рулетите со длабоки џебови скоро секаде се исфрлаат од употреба...
--- надополнето: Dec 10, 2011 3:08 PM ---
Прогресијата може да сти донесе сигурен успех само доколку имаш бесконечно многу пари и секој пат добивката ќе ти биде почетниот/првиот влог(ова важи замо доколку не играат нулите/нулата) па среќно бато(или синко, поарно да е синко до душа) и да се офајдиш.

Во некое казино во Вегас, изброени се 34 пати по ред да падне една иста боја. Ако започнеш со еден долар, лесно се пресметува колку пари ти се потребни да ја испратиш таа серија.
1+2+4+8...

Се доаѓа до сума од која боли главата. А да не зборувам за проблемот на лимитот на влог на одреден стол...
 
Човекот што го измислил рулетот немал начин како да излезе во добивка , а TheMayor нашол начин цело време да биде во добивка свака ти част :pos: Смешка едно кило тешка .... :D
Иначе да и јас имам мозгано за тоа со бојата да на секој промашај зголемуваш дупло но требаат многу пари и којзнае пак нема да испадне нешто како што треба ..
Почнуваш со 50 па 100 па 200 па 400 и така се додека не испадне бојата што ја бркаш , цело време си во добивка 50 , а кога ќе погодиш се враќаш на почетната сума со која си почнал т.с 50
 
Заборавив да напоменам мора да играте онлине каде играат многу играчи, во живо не дозволуваат доколку ти земат 100-200е ке ја затворат масата и не ти дозволуваат да продолжиш
 
Мољим???

Абе какви прогресии какви бакрачи....јас со едно другарче отидовме у казино у Аеродром за да си ја пробаме среќата со 100че:icon_lol:....но што се случи...играјќи така 2-3 раци....на наредната топчето не се вртеше слободно околу тркалото...туку како со магнет да беше закачено(залепено на панелот со него се вртеше:pos:) .......абе се прснавме од смеење...ептен обезбедувањето беше околу нас инаку ќе снимав.....и од тогаш ни рулет,ни р од рулет нејќам да чујам.
 
Заборавив да напоменам мора да играте онлине каде играат многу играчи, во живо не дозволуваат доколку ти земат 100-200е ке ја затворат масата и не ти дозволуваат да продолжиш

Он лајн рулетите исто имаат лимити. Не си ја пикај главата во торба со Мартингејл, оти ќе плачеш...
 
Заборави да напоменеш дека треба да имаме бесконечно многу пари што е многу силна хипотеза :) дури и да имаме перфектна веројатност 1/2 за црно и црвено е многу тешко да најдиш пари што тежнеат кон бесконечност... меѓудругото ако во светов има само 100 казина и во нив работи барем 1 математичар која е веројатноста дека твојот мозок ке ги излажи тие 100 мозоци?
 
Човекот што го измислил рулетот немал начин како да излезе во добивка , а TheMayor нашол начин цело време да биде во добивка свака ти част
Читај го постот целосно точен е и проверен и не е начин за богатење туку начин да тргаш по некој денар за чаламење незаработени пари лесно се трошат. Напоменав за лакомоста што се дешава единствено што можи е да заработиш 40-50% од влогот натаму тониш
 
Мољим???

Абе какви прогресии какви бакрачи....јас со едно другарче отидовме у казино у Аеродром за да си ја пробаме среќата со 100че:icon_lol:....но што се случи...играјќи така 2-3 раци....на наредната топчето не се вртеше слободно околу тркалото...туку како со магнет да беше закачено(залепено на панелот со него се вртеше:pos:) .......абе се прснавме од смеење...ептен обезбедувањето беше околу нас инаку ќе снимав.....и од тогаш ни рулет,ни р од рулет нејќам да чујам.

Казината немаат никаква причина да ги местат рулет тркалата. Маргината на рулетот е огромна, така да казиното нема никаква потреба од местена игра. 99% од приказните за местени рулети се урбани митови, а тој 1% кој е точен се случува во некои диви казина...
 
Заборави да напоменеш дека треба да имаме бесконечно многу пари што е многу силна хипотеза :) дури и да имаме перфектна веројатност 1/2 за црно и црвено е многу тешко да најдиш пари што тежнеат кон бесконечност... меѓудругото ако во светов има само 100 казина и во нив работи барем 1 математичар која е веројатноста дека твојот мозок ке ги излажи тие 100 мозоци?
Прогресијата мора според влогот на масата да биде најмалку што треба да имаш е за 15 прогресии играш на 1/2 или на 1/3 доколку играш на сложената 1/3 на секоја рака добиваш по нешто на средниот влог си во минимална загуба молиш господ да не те затера 14 пати на најмалиот влог. Затоа играш на маса онлине каде играат преку 20 ликови во тој момент, а казиното секогаш ке биде во добивка доколку сите 20 не ја играат прогресијата подеднакво исто.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom